Денот на Божјиот Благослов Јоил 2.28
Ќе излеам од мојот Дух врз секое тело
Синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат
Старите ваши ќе сонуваат соништа
И младите ваши ќе гледаат виденија

Господ Бог е мојата Сила  Авакум 3.17

Дури и да не процути смокавата
А и да нема плод на лозите
Дури и маслинката да откаже
И нивата да не даде плод
Дури и овците да не останат во трлото
Па и рогат добиток да нема
Јас и тогаш ќе се радувам во Господа
И ќе се веселам во Бог, моето спасение
Господ Бог е мојата Сила

Молитвата на Мојсеј
Стани Господи, за да се растурат Твоите непријатели, и да избегаат од Твоето лице оние, што те мразат.
 
Благослов за народот на Арон и Свештениците
Да те благослови Бог и да те чува, да погледа милозливо кон тебе Господ со светлото свое лице на тебе и да те помилува. Да го Сврти Господ лицето свое и да ти даде мир.

     
Псалм 22
Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува
Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тивки води
Ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името свое
Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото
Зошто ти си со мене. Твојот жезал и твојата палка ме успокојуваат
Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мој
Си ја помазал главата моја со елеј
И чашата твоја ме напојува со блаженство
И милоста твоја така да ме придржува преку сите денови на мојот живот
И јас ќе престојувам во Домот Господов многу дни

     

Најголема е Љубовта   ** 1 Кор 13**
Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски
Штом Љубов немам ќе бидам бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи
А и така силна вера што и планини да преместувам
Ако Љубов немам ништо не сум
И да го раздадам целиот свој имот, да дозволам телото да ми изгори
Штом Љубов немам ништо не ми користи
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина. Љубовта не завидува.
Љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое
Не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува а на вистина се радува
Се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува
Љубовта никогаш не престанува, а другото
Ако се пророштва ќе престанат, ако се јазици ќе замолкнат, ако се знаења ќе исчезнат
Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме
А кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното
Кога бев дете зборував како дете, као дете мислев, како дете размислував
А кога станав маж, го оставив детинството
Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш лице во лице
Сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат
А сега остануваат овие три работи
Верата, Надешта, Љубовта
Најголема меѓу нив е Љубовта
 

Блаженства
Блажени се бедните по дух зашто нивно е царството небесно
Блажени се оние што плачат зошто тие ќе се утешат
Блажени се кротките зошто тие ќе ја наследат земјата
Блажени се гладните и жедните за правда зашто тие ќе се наситат
Блажени се милостивите зошто тие ќе бидат помилувани
Блажени се чистите по срце зошто тие ќе го видат Бог
Блажени се миротворците зошто тие ќе се наречат Синови Божји
Блажени се гонетите заради Правда зошто нивно е Царстовот Небесно
Блажени сте вие кога ќе ве страмат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно заради мене
Радувајте се и веселете се зошто голема е вашата награда на небесата
 

              

Псалм 1
Блажен е оној човек што не оди на совет безбожнички
Не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратни
Па му омилел законот на Господа и во законот негов дење и ноќе се поучува
Тој е како дрво посадено крај воден извор
Кое својот род го дава навреме и чиј лист не вене
И во се што први напредува
Но не се такви безбожните, тие се како прав што го растува ветер по земјата
Затиа безбожните нема да се одржат на судот
Ниту грешните во соборот на праведните
Зошто Господ го знае патот на праведните
Патот пак безбожен води во погибел




 
Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB