Како треба да изгледаат Свештениците и Учителите
Во Светата Заедница Христова

Светата Заедница или Црквата Христова, најдобрите и најсилните од своите членови ги определува да бидат Ѓакони, Презвитери и Епископи. Овие луѓе треба да му служат на народот.
Презвитерите и Епископите имаат посебен дар од Светиот Дух да ги извршуваат светите тајни и затоа се нерекуваат Свештеници.
Во првата Црква Ѓакони биле оние кои се грижеле за сиромашните, а Презвитери и Епископи биле Учители на Црквата и оние кои ги извршувале Светите Тајни (Црквата има седум Свети Тајни). Помеѓу Презвитери и Епископи не постоела јасна разлика во однос на нивното служење. Слично е и денес кога Црквата Христова е голема. Таа има правила со цел се да биде уредно и чисто.
Црквата има и своја Хиерархија или поредок. Оној кој сака да има повисок чин и да биде поголем треба да им служи на сите. Така на пример Архиепископот е прв меѓу Епископите единствено поради неговата Љубов. Црквата го почитува, но Архиепископот нема никаква правна власт (јурисдикција) да биде деспот, односно сам да одлучува и да ја наметнува својата волја во Црквата. Затоа за него се вика дека е прв меѓу еднаквите, бидејќи тој е прв во Љубовта и Служењето на Заедницата, но во Светата Заедница Епископот е еднаков со сите членови.
 
** Христовите Свештеници мора да бидат искусни во Духовниот Живот за да може верата да се пренесува непогрешно на следните генерации. Тие мора да се исполнети со Свет Дух и Вистина. Свештеникот и Учителот на Светата Заедница во себе мора да ја носи личноста на Господ Исус Христос. Свештеникот е Вистинска Светлина за Народот. Народот во личноста и животот на Свештеникот треба да ја види Божјата Љубов, Силата на Светиот Дух и Силата на Воскресението. Во лицето на Свештеникот ние треба да го видиме Господ Исус Христос. Секоја средба со овие Свети луѓе, кои во себе ги носат најсилните дарови на Светиот Дух треба во нас да предизвика промена, силна Љубов за Вистинскиот Бог и силна желба за Воскресение и Живот во Царството Небесно заедно со Ангелите.
 
** Тие мора да бидат пример со својот живот за Заедницата да може го следи нивниот пример, слично како што Апостолите го следеле примерот на Господ Христос. Ако Свештеницие кажат да се дава и да се помага, да се биде мирен, послушен, понизен, вреден, ... тие први треба да го направат тоа и да ни го покажат во нивниот живот, а потоа и да ни помогнат ние да ги направиме тие чекори, да не охрабрат, да не држат и да бидат цело време со нас, односно да не придружуваат во Духовниот Подвиг. Тие треба заедно со нас да се молат, заедно со нас да читаат од светите книги и заедно со нас да помагаат на слабите, сиромашните и болните. Сите тие чекори треба заедно да ги правиме со нашите свештеници и учители, посебно во првите години од нашиот духовен живот. Тие едноставно мора да не научат да одиме, слично како што родителите ги учат своите деца да ги направат првите чекори во овој свет се додека не пораснат доволно самите да се грижат за себе. Така Свештениците се наши Духовни Родители и они мора да не учат и да не научат да ги направиме првите чекори во светот на Царството Небесно. И мора да не придружуваат се додека видат како ние цврсто чекориме по патот на Вистината, а тоа е патот на Светиот Господ Исус Христос.
 
** Тие мора редовно и дисциплинирано да ја извршуваат службата во Храмот. Тоа значи дека во Храмот треба да има секојдневна утринска и вечерна служба. Тоа се утрински и вечерни молитви за Црквата (христијаните) и народот во целиот свет. Вратите (Дверите) во храмот треба да се отворени од утро до вечер и во него треба да бидат присутни свештениците за да може во секое време да го советуваат народот и луѓето на кои им е неопходна помош и совет. Народот во работните денови не може да биде присутен на утринските и вечерните молитви во Храмот (молитвениот дом). Но службата мора да се извршува бидејќи ние не можеме да живееме без редовните и секојдневни молитви и благослови на Презвитерите и Епископите во Храмот. Тие треба и мора постојано да се молат за нас и да не благословуваат според правилата на Богослужбата во Храмот. Кога еден обичен човек, кој што има навистина малку слободно време поради обврските кон работата и фамилијата ќе дојде во Храмот, таму мора да бидат присутни Свештениците за да можат да му ја пренесат божјата волја, да го советуваат, да го исповедаат, да го поучат, да го помилуваат и да го утешат, бидејќи животот е навистина суров за обичните луѓе.
Свештениците треба да му служат на својот народ (лаос) а не народот на свештениците. Тие треба и мора љубовно да ни се поклонуваат и да ни служат, да не земат во нивните прегратки, да не помилуваат и да ни помогнат во секој поглед. Свештеникот мора неуморно да им помага на сиромашните, болните и слабите со облека, храна, книги и пред се со постојани молитви и благослови. Ако еден член од Црквата не е добар во било кој поглед, свештеникот од неговата Парохија (Црковна Општина) треба постојано и неуморно да се моли за тој човек и со сите сили да бара начин да му помогне. Тие мора редовно да не прашуваат за нашите потреби и со сите сили да се потрудат да ни помогнат.
 
** Свештениците треба да ги посетуваат домовите на верните а не верните со страв да ги бараат свештениците во Храмот, бидејќи времето на обичниот народ е скапоцено. Народот се бори мачно за секој динар за да може да го прехрани своето семејство.
Секој Свештеник мора да биде благ и упорен учител на своите верни. Тој треба да има повеќе семејства во своја Духовна заштита. Овие треба најредовно а понекогаш и секојдневно да ги посетува, да ги поучува, да ги благословува, треба да им подари Библија и други книги, но мора и редовно да им ја прераскажува Библијата како и Преданијата на Црквата заедно со објаснување и разјаснување на Боженствените тајни, бидејќи обичниот човек нема ни време ни начин да ги бара да ги најде и да ги чита сложените толкувања на Библијата и Светиот Православен Обред.
Кога некој од членовите на Црквата не е во можост да се најде во Храмот и да учествува во најголемата тајна, служењето на Телото и Крвта на Христос, тогаш свештеникот после Литургијата треба да го посети тој човек дома и да го причести со Телото и Крвта, на пример ако тој човек е слаб, болен или има некоја посебна обврска.
Посебна и најсилна треба да биде грижата на Свештениците за Децата. Децата се нешто најчисто и најнежно. Се што ќе им се каже на децата тие веднаш го примаат. Се што ке видат децата тие веднаш го емитираат. Се што ќе слушнат тие веднаш го повторуваат. Кога децата ќе видат Свештеник нивната радост е Фантастична и Боженствена. Свештеникот мора да се погрижи со сите сили, да се бори и војна да направи ако е потребно, за децата да не дојдат во допир со цигари, алкохол, дрога, и посебно да не им се даде да гледаат секакви перверзии на Телевизија, бидејќи ТВ за најкратко време децата ги претвора во вистински Демони.
Нормално дека и самите Свештеници за да можат да ја добијат војната против ѓаволот, односно цигарите, алкохолот, дрогите и најразличните перверзии мора и самите да бидат отпорни на овие пороци и во нивниот живот ништо од тоа не смее да се најде. Тие самите мора да бидат пример за Дисциплина и Здрав живот. Тоа значи рано легнување и рано станување. Од преданијата се знае дека рано наутро првата Црква правела кратки фискултурни вежби за телото да се одржи во здрава состојба. Телото е Храм на нашиот дух, и тоа мора да го негуваме. Мора најпрво да се сакаме самите себеси, своето тело да го облагородиме со редовни вежби, чист воздух во природа, здрава храна, здрав пристап кон одморот, а тоа значи редовно спиење навечер, и сето тоа со цел да бидеме во можност да даваме и да имаме во себе секогаш повеќе ЉУБОВ ВИСТИНА И РАДОСТ
 
** Свештениците требе да се погрижат
- Службата во Храмот да биде тивка и молитвена. За време на Службата не треба да се палат свеќи, да се оставаат пари, да се прави галама, да се збори, бидејќи Службата треба да не пренесе на небото да ја почуствуваме Небесната Богослужба која е Вечна.
- Во просториите на Храмот да се одржуваат редовни предавања повеќе пати во неделата, а пред поголемите презници тие предавања треба да се одржуваат секојдневно. Така учењето Христово ќе се пренесе на сите луѓе од сите возрасти.
- Во просториите на Храмот и околу него не смее да има Телевизор бидејќи времето е кратко и Свештениците треба да го поминат во Молитви за нас, а не во гледање секакви филмови и политички програми на ТВ со што нивното внимание ќе биде далеку од нас и сите оние кои имаат потреба од молитва, совет и било каква помош
- Во просториите на Храмот и околу него да не се пуши и да не се пие алкохол и да не се носат непристојни облеки бидејќи сето тоа е смртоносно за нас и со тоа наместо ангелите да го чуваат храмот и оние кои се молат во него се повикуваат демони во наша помош и заштита.
- Службата во Храмот да биде тивка и молитвена. За време на Службата не треба да се палат свеќи, да се оставаат пари, да се прави галама, да се збори, бидејќи Службата треба да не пренесе на небото да ја почуствуваме Небесната Богослужба која е Вечна.
- Во просториите на Храмот да се одржуваат редовни предавања повеќе пати во неделата, а пред поголемите презници тие предавања треба да се одржуваат секојдневно. Така учењето Христово ќе се пренесе на сите луѓе од сите возрасти.
- Во просториите на Храмот и околу него не смее да има Телевизор бидејќи времето е кратко и Свештениците треба да го поминат во Молитви за нас, а не во гледање секакви филмови и политички програми на ТВ со што нивното внимание ќе биде далеку од нас и сите оние кои имаат потреба од молитва, совет и било каква помош
- Во просториите на Храмот и околу него да не се пуши и да не се пие алкохол и да не се носат непристојни облеки бидејќи сето тоа е смртоносно за нас и со тоа наместо ангелите да го чуваат храмот и оние кои се молат во него се повикуваат демони во наша помош и заштита
- Верните во храмот редовно секоја недела да учествуваат во Светата Тајна Евхаристија, бидејќи тоа е смислата и целта на целата Литургија, како и на нашиот Христијански Живот. Најстрашно е кога верните ќе дојдат во Храмот, ќе присуствуваат на Службата и нема да се причестат, бидејќи со тоа отворено му викаат не на Господ Христос и се одрекуваат од него. Ако никој не се причестува тогаш Свештеникот не треба да служи во Храмот но треба да плаче и да ги бара верните, да ги најде, да ги праша зашто не се причестуваат, да ги припреми и на крај да ги причести. Подобро е вратите на Храмот да бидат затворени отколку лебот и виното да бидат служени на ветер бидејќи со ваквата служба ние го исмејуваме Христос и си играме мајтап со него. Утрински и Вечерни молитви треба да има секој ден, но Служење на Телото и Крвта на празно и на НИКОЈ е крајно недозволено и Богохулно. Ваквата пракса претставува целосно сквернавење и изобличување на Обредот и тоа е слично на Сатанизам. Само од Сатаната прелажани Духовници можат да си играат со Телото и Крвта на Светиот Господ Исус Христос и да ги служат на НИКОЈ.
 
** Зашто Свештениците имаат посебни одежди, и носат на себе повеќе украси и крстови ?
Во Светата Книга Бог вика свештениците да носат Свети Одежди што ќе им дадат достоинство и чест. (2Мој28.2) Бог оваа заповед им ја дава на Свештениците за народот да ги почитува и да ги слуша бидејќи тие се вистински пример за нас. Денеска Свештениците и Епископите се прекрасно облечени и украсени. И кога еден таков човек ќе те советува, просто не е можно да не го послушаш, бидејќи самата појава на овие луѓе кои се одлучиле својот живот и работа на Бог да го посветат, во нас буди силна желба и Љубов за Господ, желба за промена и желба за послушност. Кога ги гледаме како одат по улица овие луѓе за нас се како ангели. Тие се предслика за ангелскиот живот во Царството Небесно. И затоа Свештеникот не треба никогаш да ја соблекува оваа света облека, освен кога оди на спиење.
 
** Зашто во Библијата пишува дека Ѓаконите, Презвитерите и Епископите треба да имаат Жена и Деца ?
Во посланијата Светиот Апостол Павле еве што пишува:
Епископот треба да е непорочен, маж на една жена, трезвен, целомудрен, чесен, почитуван, гостољубив, поучлив. Не пијаница, не силеџија, не лаком, туку кроток, мирољубив и не среброљубив. Својата куќа добро да ја управува и да има деца послушни со полно достоинство. Зошто кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја ? .... (1Тим3.2) Секој од Ѓаконите треба да биде маж на една жена, добро да управува со децата свој и куќата своја...(1Тим3.12) ... Презвитерот да биде непорочен маж на една жена и да има деца верни што не се укорувани за блудство или за непокорност ... (Тит1.5)
Апостолот нагласил дека Ѓаконите, Презвитерите и Епископите треба да имаат Жена и Деца за да ја почуствуваат топлината и љубовта на жената и децата. Откако ќе влезат во оваа Љубовна Заедница ќе им биде многу потешко кога ѓаволот со своите лукави идеи ќе се обиде да им ги одземе најблиските во домот и ќе се потруди да им нанесе страшни и вечни болки. Затоа Свештениците ќе се борат со Лукавиот, и ќе победат со силата на Светиот Господ, а на крај и нас на целата Црква Христова ќе ни помогнат да победиме во таа страшна невидлива војна со невидливите сили на Сатаната. Не е можно еден учител во верата, свештеник или епископ да советува што да правиме со децата и жената ако тој самиот нема жена и деца. Кога ќе ги види неговите деца како се претвораат во Демони гледајќи сатански филмови на ТВ, или кога ќе ги види неговите деца во допир со Дрога, Цигари, Алкохол, тогаш многу реално и силно ќе може да сочуствува со целата црква, со целиот народ божји. Тогаш тој самиот со молитва и со секакви активности силно ќе се бори против пороците и најновите идеи на Сатаната, кој секојдневно ги одзема животите највеќе на младите. Најновата сатанска идеа во светот се Крвавите Игри на Компјутер кои буквално те претвораат во крволочен убиец. Овие игри ја разгоруваат желбата за крв и убивање. Таквите желби се Сатанистички.
После секоја богослужба секој православен презвитер и епископ едноставно мора на својот народ да му ги покаже овие страшни делови од животот во новиот век и потоа да ги осуди и да ги искорени. Он мора да заплаче за децата кој умираат на улица од секакви дроги и потоа се сатанизираат на разни техно забави, и потоа се учат да убиваат пред компјутерот, се учат и се навикнуваат да пролеваат крв, и на крај најладнокрвно со насмевка на лицето се соеднинуваат неразделно со Ѓавлот. Ете, ова страшно зло мора свештениците прво дома да го почуствуваат кај своите деца, да го победат и потоа нас да не поучат и да ни помогнат во невидливата војна со силите на злото.

**Во раната Црква Христова Апостолите одеа од град во град за да го проповедаат словото Божјо, да го проповедаат Христос. И во секој град поставуваа Ѓакони, Епископи и Презвитери кои ќе ја водат Црквата во непорочен живот, ќе ја советуваат, ќе ја караат и со сите сили ќе се борат против злото кое навлегува во Црквата, но пред се со својот пример.
Светата Православна Црква и денес треба да го следи примерот на раните ученици Христови, кои директно од самиот Господ Исус Христос го примија учењето, и тоа учење е вечно.

      
Фарисеи, Садукеи
Неколку векови пред Христос евреите се поделиле на две големи религиозни групи, иако имало и други помали. Едните ги следеле Фарисеите а другите ги следеле Садукеите.
- Фарисеи биле Свештеници кој главно ги пазеле преданијата и традициите, но зборовите на Господ и срцето на Законот го запоставиле. Тие сакале да бидат почитувани меѓу народот, а за таа цел имале посебни облеки и посебни украси закачени на облеката со кои искажувале надворешна побожност, но во срцето го имале единствено Мамон. Мамон е Бог на парите. До Храмот имало метална кутија за доброволен прилог. Фарисеите со себе носеле поголем број ситни пари и јавно пред сите ги фрлале во таа кутија, така што тропањето на парите во кутијата се слушало надалеку, и народот имал погрешна претстава дека тие се дарители на Храмот и дека се грижат за сиромасите.
- Садукеите ги отфрлиле сите преданиа и строго се држеле единствено до Законот на Мојсеј, но погрешно го разбирале. Така тие не верувале во Воскресение и во Ангели.
Господ Исус Христос строго ги осудил и фарисеите и садукеите. А на народот му заповеда да го пази законот но и преданијата да ги запази. Бидејќи тоа што се преданијата за законот од Бог тоа е како облеката за нашето тело. Ние не можеме да одиме голи, така и Зборовите на Бог без преданијата и искуството на Црквата ќе бидат голи и неразбирливи за нас.
За жал постои сличност на Фарисеите со денешните православни свештеници. Православната Архиепископија денес повеќе личи на Институција која има свој успешен бизнис отколку на Света Црква. За секој обред и за секоја света тајна и за секоја свеќа треба да се плати и така се се врти околу парите. Традициите и Преданијата се секогаш на прво место, а зборовите на Господ Исус Христос се на последно. Наместо секое утро и секоја вечер да се извршува утринска и вечерна молитва во храмовите, свештениците ги бројат свеќите кои што се продадени и ги делат ситните пари според својата вредност, за да бидат полесни за броење, а потоа сето тоа го пресметуваат и го делат меѓу себе. Денес Свештениците се најбогати луѓе во народот и тоа доволно јасно кажува дека нивна главна цел се парите, а не проповедање на Радосната Вест и Учењето на Христос. Господ Исус Христос многу јасно кажал за Свештениците дека тие го имаат клучот од Вратата на Царството Небесно и дека ниту самите влегуваат низ вратата ниту на народот му дозволуваат да влезе. Последица на оваа неодговорност кај нашите Свештеници - Презвитери, Ѓакони и Епископи е тоа што младите буквално ништо не знаат за Светите Книги во Библијата кои Бог ни ги подари за да учиме и да имаме живот вечен. Покрај тоа тие чувствуваат одбивност и често си дозволуваат да го хулат и да пцујат името на Светиот, како и неговите ученици. Ваквата состојба Бог нема долго да ја толерира и нема долго да гледа низ прсти на оние кои се однесуваат крајно неодговорно.

      
Архитекти
Си бил еден Архитект. Живеел во Скопје и кога проектирал згради во нив ставал секогаш повеќе бетон и повеќе челик за да бидат поцврсти. Неговите згради чинеле повеќе пари и поради ова завршил во затвор. Другите архитекти продолжиле да бидат неодговорни кон своите згради, а на затворениот му се смееле и го прогласиле за неразумен човек. Но тоа не траеше долго бидејќи настана силен земјотрес и тогаш јавно се покажа кој е неразумен. Бидејќи зградите на неразумниот останаа цврсто да стојат и нивните станари радосни го продолжија својот живот, спротивно на илјадници мртви луѓе останати под урнатините на оние згради кој беа проектирани од неодговрните луѓе.
Јасно е дека неразумниот беше прогласен за најразумен и беше ослободен и беше награден.
Нашите Презвитери и Епископи се архитекти, крајно и безмилосно неодговорни. Поради нивната неодговорност мнозина ќе завршат во пеколот бидејќи не го познале вистинскиот Бог и не му се поклониле. Овие архитекти не вложиле ништо во своите згради, не го запечатиле Словото на Светиот Господ Исус Христос во Срцето на Луѓето. Тоа Слово е Челик и Бетон на кој цврсто ќе се потпира душата на човекот и во времето на искушението ќе издржи и ќе биде спасена за Живот Вечен. Овие неодговорни луѓе се безчусвтвителни дури и за најмладите кои ќе завршат под урнатините на пеколот. Од нив се бара веднаш, без никакво чекање да ги употребат своите Дипломи стекнати во Богословските Училишта, да го употребат своето знаење кое дава живот, да ги употребат своите Светодуховни Дарови добиени со ракоположување, и да ги употребат своите Ангелски Облеки и Свети Украси за да го привлечат целиот народ при себе и да го спасат.

 
Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB