Молитви од Утринска Богослужба
Спаси ги Господи твоите луѓе и благослови го твоето наследство. Победи на сите Православни Христијани над противниците дарувај им, пазејќи го со крстот твој твоето жителство. Севоспевана Богородице како страшна и сигурна застапница не презирај ги благодатна нашите молитви, утврди го православното жителство, спаси го нашиот православен народ кому си заповедала да владее и подај му победа бидејќи си го родила Бог, единствена Благословена. Бог Господ ни се јави, Благословен е Оној кој доаѓа во Името Господово. Фалете го Господ зошто е добар, зашто е вечна неговата милост. Ме заокружија од сите страни, но со Името на Господ ги одвраќав. Нема да умрам но ќе живеам за да ги кажувам делата на Господ. Каменот кој ѕидарите го отфрлија стана аголен Камен. Од Господ е ова и чудесно е во нашите очи. Уште од ноќ рано се јавува мојот дух кон тебе Боже, зашто твоите повелби се светлина на земјата. Научете се на правда вие кои живеете на земјата. Ревноста ќе го обземе ненаучениот народ. Со застапување на твоите безтелесни сили помилувај ме. По молитвите на твојот предходник помилувај не. Со силата на твојот крст сочувај не. По молитвите на твоите апостоли и на Св Никола помилувај не. Мојата душа го велича Господ и мојот дух се зарадува во Бог спасителот мој. Оти ја погледна смиреноста на слугинката своја и ете од сега ќе ме ублажуваат сите родови зашто силниот ми направи големи дела и свето е неговото Име и милоста негова е од колено на колено за оние кои се плашат од него. Он покажа сила со раката своја, ги распрсна оние кои се гордеат со мислите во срцата свои. Ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените. Гладните ги исполни со добра а богатите ги отпушти празни. Го прифати Израилот својот слуга сеќавајќи се на милоста како што им зборуваше на татковцките наши, на Авраам и на семејството негово довека. Зошто тебе те фалат сите небесни сили и тебе Слава ти вознесуваме на .. Слава на Бог во висините и мир на земјата, меѓу луѓето добра воља. Те фалиме те благословуваме ти се поклонуваме те славиме ти благодариме поради твојата голема Милост. Господе Цар Небесен, Боже Татко Седржител, Господе Сине единороден Исусе Христе и Дух Свет, Господи Боже Јагне Божјо Сине на Таткото кој ги земаш гревовите на светот, помилувај не. Ти кој ги земаш гревовите на светот прими ја нашата молитва. Ти кој седиш од десно на Таткото помилувај не зошто ти си единствен свет, ти си единствен Господ Исус Христос во Слава на Бог Таткото Амин. Секој ден ќе те благословувам и ќе го фалам твоето Име вечно и во вечни векови. Господи ти си ни бил прибежиште од род во род. Јас реков, Господи помилувај ме и исцелија мојата душа зашто згрешив пред тебе. Господи кон тебе прибегнав, научи ме да ја исполнувам твојта воља зашто ти си мој Бог. Зашто во тебе е изворот на животот, во твојата светлина ќе видиме светлина. Продолжи ја твојата милост кон тие кои те познаваат. Удостој не Господи во овој ден да се сочуваме од грев. Благословен си Господи Боже на нашите татковци. Фалено и прославувано е твоето Име во векови Амин. Нека биде Господи твојата милост кон нас како што се надеваме во тебе. Благословен си Господи научи не на повелбите твои. Благословен си Владико, вразумиме со повелбите твои. Благословен си Свети, просвети не со повелбите твои. Господи твојата милост е вечна, делата на твоите раце не презирај ги. Тебе ти прилега пофалба, тебе ти прилега пеење, тебе ти прилега Слава на Таткото .. Амин. Се исполнуваме изутрина со твојата милост, Господи се зарадувавме и се развеселивме во сите наши денови. Се развеселивме за оние денови кога си не понижил за годините во кои видовме зло. Погледни на слугите твои и делата твои, и научи ги синовите нивни. И Славата на нашиот Господ Бог нека биде врз нас и во делата на нашите раце помагај ни и во делата на рацете наши поправи не. Добро е да се слави Господ и да му се пее на името твое севишно, наутро да се објавува милоста твоја и секоја ноќ вистината твоја. Стоејќи во Храмот на твојата Слава мислиме дека стоиме на небото, Богородице врато небесна, отвори ги вратите на твојата милост. Небесен Цару засили ја верата и зацврсти ја, смири ги народите, светот смири го, добро сочувај ја Св Црква, татковците и браќата наши кои порано преминаа насели ги во населбите на праведниците а нас прими не во покајание и исповед зашто ти си добар и Човекољубив. Господи Владико на мојот живот не давај ми дух на мрзливост безволност властољубие и празнословие. Дарувај ми како на твој слуга дух на мудрост смиреност трпение и љубов. Еј Господи Цару дај ми да ги согледам  моите грешки за да не го осудувам мојот брат зашто си Благословен во вечни векови Амин. Благословен си Господе научиме на повелбите твои. Ангелскиот собор се восхити гледајќи те меѓу мртвите, Спасителу, смртната сила ја разори и со себе Адам го подигна и од адот сите ги ослободи. Зашто мирото со милостивните солзи, о ученички, го растворивте ? Блескајќи во гробот Ангел на мироносиците им зборуваше: погледнете го гробот и сватете дека Спасителот воскресна од гробот. Многу рано мироносиците трчаа кон твојот гроб плачејќи, но застана пред нив аннгелот и рече: времето за плачење помина, не плачете но воскресениото објавете го на апостолите. Мироносиците жени пристигнаа со миро кај гробот твој Спасителу, и плачеа. Ангелот им рече: зашто мислите дека живиот е со мртвите ? Како Бог он воскресна од гробот. Да се поклониме на Таткото и неговиот Син и на Св Дух. На Св Троица едносуштна, со серафимите пеејќи: Свет Свет Свет си Господи. Откако Животодавецот го роди Дева, Адам од гревот го избави. На Ева радост наместо мака и подари. Паднатите преку неа кон живот ги обрати откако од тебе се воплоти Богочовекот. Алилуја 3 Слава ти Боже. Зашто се благослови твоето Име и се прослави твоето Царство на Т.. Од мојата младост со страсти се борам, но Ти заштити ме и спасиме Спасител мој. Вие што го мразите Сион засрамете се од Господ зашто ќе бидете исушени како трева со оган. Секоја душа живее со Св Дух и кон чистина се возвишува, се осветлува со Свештената Тајна на Троичното Единство. Зашто си свет Бог наш и во Светиите почиваш и тебе слава ти вознесуваме на Т.. Се што диши да го фали Господ. Фалете го Бог во неговата светиња, фалете го во цврстината на силата негова. Преблагословена си Богородице Дева бидејќи оној кој се воплоти од тебе го плени адот, го повика Адама, клетвата се раскина, Ева се ослободи, смртта се умртви и ние оживеавме. Затоа пеејќи да извикаме: Благословен да е Христос Бог кој така благоволи, Слава ти. Денеска е спасението на светот, да му пееме на воскреснатиот од гробот и почетокот на нашиот живот. Зашто одкако ја урна смртта со смрт победа ни даде и голема милост. Воскреснат од гробот оковите адски си ги раскинал, си ја разрушил смртната пресуда, Господи откако ги избави сите од непријателските замки. Откако им се покажа на апостолите си ги испратил на проповед и преку нив си и го дал твојот мир на Вселената, единствен милостив. Твое е да милуваш и да не спасуваш Боже наш и тебе Слава ти вознесуваме на Т..

 
Молитви од Часовите
Како да те наречеме о Благодатна, небо ли, зашто засветли со сонцето на правдата. Рај ли, зашто процвета со цветот на невиноста. Девојка ли, зашто остана невина. Чиста Мајка ли, зашто си го имала во твоите свети прегратки Синот и Бог на сите. Него моли го да се спасат нашите души. Наутро слушни го гласот мој, Цару мој и Боже мој. Чуј ги Господи зборовите мои и разбери ги поплаките мои. Зашто тебе ќе ти се молам Господи. Стапките мои упати ги по твоите зборови и да не завладее со мене никакво беззаконие. Избави ме од човечка клетва па ќе ги чувам твоите заповеди. Лицето твое да го освети слугата твој и научи ме на твоите заповеди. Да се исполни устата моја со пофалба за тебе Господи за да ја воспевам твојата Слава и по цел ден твојата убавина. Преславната Божја мајка, посвета и од светите ангели непремолчно да ја воспеваме со срце и уста исповедајќи ја како Богородица која навистина го роди Бог воплотениот и која постојано се моли за нашите души. Побрзај Христе Боже наш пред да не заробат непријателите кои хулат на тебе и ни се закануваат. Уништи ги со твојот крст оние кои се борат против нас за да разберат колку е силна верата на Православните, по молитвите на Богородица, Единствен Човекољубив. Како првини на природата Господи вселената ти ги принесува богоносните маченици тебе насадител на сите созданија. Заради нивните молитви и заради Богородица, запази ги во длабок мир твојата Црква и твојот народ, Многумилостив. Боже сожали се благослови не просвети не со твоето Лице и помилувај не. Христе вистинска светлина, која го просветуваш и осветуваш секој човек кој доаѓа на свет, да засветлиш врз нас со светлината на твоето Лице за да ја видиме во него непристапната светлина. Упати ги нашите стапки кон исполнување на твоите заповеди по молитвите на твојата пречиста мајка и на сите твои светии Амин. Тебе Богородице, победоносна Војвотко, ние твоите слуги откако се избавивме од зло, ти пееме победна и благодарна песна. Бидејќи имаш непобедлива сила, ослободи не од секакви опасности за да ти пееме: радувај се Невесто Неневесна. Богородице ти си вистинска лоза од која израсна плодот на животот. Тебе те молиме Владичице, моли се со апостолите и со сите светии да бидат помилувани нашите Души. Господи ти кој Пресветиот твој Дух во третиот час го испрати на твоите апостоли, не одземај го од нас, но обнови не нас кои ти се молиме. Создај чисто срце во мене Боже и Дух вистински обнови во мене. Не отфрлај ме од Лицето свое и Св Дух твој не одземај го од мене. Господ Бог е Благословен, Благословен е Господ од ден во ден. Бог ќе ни помогне во нашето спасение. Нашиот Бог е Бог кој спасува. Благослвоен си Христе Боже наш, апостолите ги направи премудри ловци откако им го испрати Св Дух и со нив ја улови вселената Човекољубив, Слава Ти.  Поскоро и сигурно утешување дај ни на твоите слуги Исусе. Кога слабеат нашите духови не се оделувај од нашите души во маки, не одалечувај се од нашите мисли кога сме во тешкотии но секогаш биди со нас, приближи се до нас, приближи ни се ти кој си насекаде, како што си секогаш со твоите апостоли, така присоедини ги кон себе оние кои те сакаат, милосрден, та соединети да ти пееме и да го славиме сесветиот твој Дух. Надеж заштита и прибежиште на христијаните, несоборлива карпа и мирно пристаниште на немоќните си ти Богородице пречиста. Но како што со твојата постојана молитва го спасуваш светот, така и за нас спомни си Дева севоспеана. Бидејќи ние немаме смелост поради премногуте наши гревови, ти Богородице Дева моли го родениот од тебе зашто многу може да направи мајчината молитва пред добросрдечноста на Господ. Не отфрлај ги сечиста, молитвите на грешните, зашто е многумилостив и може да спаси Он кој благоволи да страда за нас. Ти кој во шестиот ден и час на крстот го прикова Адамовиот грев што се осмели да го направи во рајот, скини го ракописот на нашите грешки, Христе Боже, и спаси не. Прими ја Боже молитвата моја и не презирај го моето молење. Јас Бог ќе го повикам и Господ ќе ме послуша. Брзо нека дојдат твоите добрини Господи зашто многу осиромашивме, помогни ни Боже спасител наш заради Славата на твоето Име. Господи избавине и очисти ни ги гревовите заради твоето Име. Спасение изврши среде земјата Христе Боже, на крстот ги рашири пречистите твои раце собирајќи ги сите народи кои велеа: Господи Слава ти. На твојот пречист Образ му се поклонуваме Благи молејќи простување за нашите гревови Христе Боже, зашто ти доброволно си примил со телото да се издигнеш на крстот за да не избавиш нас кои не создаде од робството на ѓаволот, затоа благодарствено ти пееме, спасител наш, кој си дошол да го спасиш светот. Ти со радост се си исполнил. Бидејќи си извор на милосрдието, удостој не со твојата милост Богородице. Погледни ги луѓето кои грешат и како секогаш покажи ја својата сила зашто надевајќи се на тебе извикуваме: радувај се, како некогаш Гаврил војсководецот на безтелесните. Преславна си Богородице Дева. Тебе те воспеваме зашто преку крстот на твојот Син адот се разруши и смртта се умртви. Ние умртвените воскреснавме, со живот се удостоивме и го придобивме рајот, древната наслада. Затоа благодарејќи го славиме моќниот Христос, нашиот Бог, единствениот милостив. Боже Господар на силите, создател на сите нешта, кој поради милосрдието на твојата неизмерна милост си го испратил твојот единороден Син, Господ нашиот Исус Христос за спасение на нашиоит род и преку неговиот чесен крст си го скинал списокот на нашите гревови и со него си ги победил властите на темнината. Владико Човекољубив, прими ги овие благодарствени и умилни молитви од нас грешните и избави не од секакво погубна и мрачна грешка и од сите видливи и невидливи непријатели кои сакаат да ни направат зло. Прибери ги нашите тела со страв пред тебе и не дозволувај нашите срца да се одалечат кон лукави зборови и мисли, но со својата Љубов исполни ги нашите души, и гледајќи секогаш кон тебе упатувани од твојата светлина да те гледаме тебе, непристапната сеприсутна светлина, да ти вознесеме постојано исповедување и благодарност на тебе, безпочетниот Татко со твојот единороден Син и сесветиот благиот и животворен твој Дух сега... Ти кој заради нас се роди од Дева и распнување претрпе Благи, соборувајќи ја смртта со смрт и воскресение јави како Бог, не презирај ги тие што си ги создал со раката твоја. Покажи го твоето човекољубие Милостив, прими ја таа што те роди, Богородица, која се моли за нас и спаси ги спасител наш луѓето од очајание. Ти кој во деветиот час со телото ја вкуси смртта заради нас, умртви го нашето телесно мудрување Христе Боже и спаси не. Да се доближи мојата молитва пред тебе Господи, по зборовите свои вразуми ме. Да дојде пред тебе Господи мојата молитва, по твоите зборови избави ме. Не предавај не засекогаш заради твоето Име и не раскинувај го својот завет. Не одземај ја од нас твојата милост заради Авраама, твојот возљубен, заради Исаак твојот слуга и твојот свет Израил. Гледајќи го Почетокот на животот како виси на крстот разбојникот велеше: ако Он кој се распнува со нас не бил овоплотениот Бог, сонцето не би ги сокрило своите зраци ниту земјата би се тресела треперејќи, но Господи кој трпиш се, спомни не во твоето Царство. Среде двајца разбојници твојот крст се покажа како праведно мерило. Едниот го упатува во адот поради тежината на хулењето а другиот се олеснува од гревовите заради познавањето на Богословието. Христе Боже Слава ти. Гледајќи те на крстот тебе Јагне, Пастир и Спасител на светот, таа што те роди насолзена велеше: светот се радува затоа што добива избавување а мојата утроба гори кога го гледам твоето распнување кое го поднесуваш заради сите, Сине мој и Боже мој. Боже сожали се благослови не и просвети не со твоето Лице и помилувај не. Владико Господ, Исусе Христе Боже наш кој си долготрпелив за нашите грешки и си не довел до овој час во кој висејќи на животворното дрво ја отвори вратата на рајот за разумниот разбојник и со смрт ја разруши смртта. Очисти не твоите грешни и недостојни слуги зашто згрешивме и беззаконуваме и не сме достојни да ги подигнеме своите очи и да погледнеме кон небесните висини зашто го напуштивме патот на твојата правда и одевме по желбите на нашите срца. Но ја молиме твојата неизмерна благост да не поштедиш заради големата твоја милост и спаси не заради твоето свето Име зашто во суета исчезнаа нашите дни. Извлечи не од раката на противникот, прости ни ги гревовите и умртви го нашето телесно мудрување па одкако ќе го отфлиме стариот човек во новиот да се облечеме и да живееме за тебе нашиот владика и добротвор. И така следејќи ги твоите заповеди да стасаме до вечен мир каде што е домот на сите кои се веселат. Зашто ти си всушност вистинската радост и веселие на тие кои те сакаат. Христе Боже наш и на тебе Слава ти даваме со безпочетниот Т..

  
Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB