Молитви од Вечерна Богослужба
Пресвета пречиста преблагословена Славна Владичица наша и секогаш Дева Марија спомнувајќи ја со сите Светии сами себе и еден на друг сиот наш живот на Христос Бог да му го предадеме, зашто твоја е власта Царството Силата и Славата на Т.. Навечер наутро и напладне те славиме благословуваме благодариме и ти се молиме, Владико исправија нашата молитва како кадило пред тебе и не ги наклонувај нашите срца во зборови или мисли лукави но избавине од сите што ги ловат нашите души зашто кон тебе Господе се нашите очи и во тебе се надеваме да не не посрамиш Боже наш. Тивка Светлина на светата слава од бесмртниот Татко, небесниот светиот и блажениот Исус Христос, одкако зајде сонцето ја видовме вечерната светлина, му пееме на Таткото Синот и Св Дух, Бог. Достоен си во сите времиња да бидеш пеен од гласовите на преподобните, Сине божји кој живот даваш, затоа светот те слави. Удостој не Господи оваа вечер да се сочуваме од грев. Благословен си Господи Боже на нашите татковци и фалено и прославено е твоето Име во векови Амин. Ги кревам очите мои кон тебе кој живееш на небото. Ете како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господ нашиот Бог, се додека не се смилува. Смилувај се на нас Господи смилувај се зашто многу сме понизени со презир, зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од понижување на горделивите. Богородице Дева радувај се благодатна Марија, Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените и Благословен е плодот на твојата утроба зашто си го родила спасителот на нашите души. Крстител христов, спомни не сите за да се избавиме од нашите беззаконија зашто тебе ти се даде Благодат да се молиш за нас. Молетете се за нас свети апостоли и сите светии да се избавиме од беда и невоља зашто во вас стекнавме застапници пред Спасителот. Прибегнуваме пред твојата добросрдечност Богородице. Не презирај ги нашите молитви во невоља туку избави не од опасност единствена чиста единствена Благословена. Небесен Цару зајакни го благочестивиот православен народ наш, верата утврди ја, народите скроти ги, светот смири го, овој Св Храм, оваа Св Обител чувај ги добро, порано преминатите наши татковци и браќа всели ги во населбите на праведниците и прими не нас во покајание и исповед зашто си добар и човекољубив. Боже на нашите татковци кој секогаш со нас постапуваш според твојата кротост, не лишувај не од твојата милост но по нивните моливи упатувај го нашиот живот во мир. Христе Боже твојата Црква украсена со крвта на твоите маченици од целиот свет како со пурпур и свила преку нив ти вели: испрати ги своите добрини на твоите луѓе, дарувај мир на твојот народ и голема милост за нашите души. апостоли маченици и пророци, светители преподобни и праведни кои борбата добро сте ја завршиле и верата сте ја сочувале имајќи слобода кон спасителот, молете го за нас како благ да ги спаси нашите души. Неосквернета несоблазнета невина пречиста чиста Дева Богоневеста Владичица која преку твоето преславно раѓање го соедини Бог Словото со луѓето, ја воведе отфрлената природа на нашиот род со жителите на небото, ти која си единствена надеж на безнадежните и помош на борците, спремна застапница на оние кои доаѓаат кај тебе, засолниште на сите христијани, не гнаси се од мене грешниот кој со лоши мисли зборови и постапки се направив сосем непотребен и поради лесномисленоста свесно станав роб на животните наслади. Но бидејќи си Мајка на човекољубивиот Бог, човекољубиво смилувај се на мене грешниот и блудниот и прими ја мојата молитва која ти ја принесувам со моите усни. Послужи се со твојата мајчинска слобода и помоли го твојот Син и наш Владика Господ да го отвори за мене човекољубивото срце на својата благост откако ќе ги презре безбројните мои грешки да ме обрати кон покајание и да ме направи искусен исполнител на своите заповеди. Како милостива и милосрдна, доброљубива биди секогаш со мене, а во овој живот биди топла застапница и помошничка прогонувајќи ги непријателските напади и водејќи ме кон спасение. Во часот на смртта сочувај ја мојата бедна душа и одстрани ги далеку од неа мрачните лица на лошите духови. А во страшниот ден на судот избави ме од вечната мака и направи ме наследник на неискажливата Слава на твојот Син и Бог наш за да ја примам Владичице моја, преку твоето посредништво и застапништво по Благодатта и човекољубието на твојот единороден Син, Господ Бог и Спасител наш Исус Христос. Нему му прилега секаква Слава чест и поклонување со неговиот безпочетен Татко со Пресветиот благ и Животворен негов Дух, сега.. Кога одиме на спиење Владико дај ни одмор на телото и душата и зачувај не од мрачен и гревовен сон и од секакво темно и ноќно сладострастие. Скроти ги поривите на страстите, изгасни ги распалените стрели на лукавиот примамливо насочени кон нас. Смири ги нашите телесни возбуди и смири секакво земно и материјално мудрување. Дарувај ни Боже силен ум, целомудрена мисла, трезвено срце, лесен сон и ослободи не од секакво ѓаволско мечтаење. Крени не во времето на молитва утврдени со твоите заповеди и сеноќно славословие дарувај ни, да го пееме благословуваме и славиме твоето пречисто и прекрасно Име на Т.. Со нас е Бог разберете народи и покорете се зашто со нас е Бог. Ти благодарам Господи за изминатиот ден те молам дај ми безгрешна вечер и ноќ Спасителу, и спаси ме. Те Славам Владико за изминатиот ден, молам дај ми несоблазнива вечер и ноќ, Спасител спаси ме. Ти пеам песни за изминатиот ден Свети, молам дај ми безбедна вечер и ноќ Спасителу, и спаси ме. Бестелесната природа херувимска те слави со громогласни песни. Шестокрилните суштества Серафимите со непрестајни гласови те превознесуваат. Ангелските војски со трисвети песни те фалат. Зашто си Татко кој постои пред се, и го имаш собезпочетниот твој Син. И носејќи го еднакво почитуваниот Дух на животот ја покажуваш неразделната Троица. Пресвета Дева Мајка Божја, вие кои сте очевидци на Словото и слуги, сите хорови на пророците и мачениците кои имате бесмртен живот за сите молете истрајно, зашто сите сме во невоља. Да се избавиме од лагите на лукавиот и да запееме Ангелска песна: Свет Свет Свет Трисвет Господ, помилувај не и спаси не Амин. Пресвета Владичице Богородице моли се за нас грешните. Сите небесни сили на светите ангели и архангели молете се за нас грешните. Св Јоване пророк претходник и крстител на нашиот Гостпод Исус Христос моли се за нас грешните. Свети славни апостоли пророци и маченици и сите светии молете се за нас грешните. Преподобни богоносни татковци наши, пастири и вселенски учители...Свети словенски просветители и учители Кирил и Методиј Климент и Наум Сава Горазд и Ангелариј...Непобедлива и недостижна и Божествена сила на чесниот и животворен крст не оставај не нас грешните. Боже очистине грешните и помилувј не. Просвети ги моите очи Христе Боже да не заспијам до смрт, да не рече мојот непријател: го совладав. Боже биди ми заштитник на мојата душа зашто поминувам низ многу замки. Избави ме од нив и спаси ме Благи, како Човекољубив. Господи ти знаеш дека моите невидливи непријатели не спијат и слабоста на моето јадно тело ја знаеш ти кој си ме создал. Затоа мојот дух го предавам во твои раце, покри ме со крилјата на твојата добрина да не заспијам во смрт. Просвети ги моите духовни очи да се насладувам од твоите Божествени зборови и во погодно време подигни ме за да те Славам зашто си единствен благ и Човекољубив. Погледај и услиши ме Господе Боже мој. Колку е страшен твојот суд Господи. Ангелите се пристутни, ги доведуваат луѓето, се отвараат книгите, делата се испитуваат, помислите се истражуваат. Каква ќе биде пресудата за мене зачнатиот во грев. Кој ќе ми го изгасне пламенот. Кој ќе ми засветли во темнината. Ако ти Господи не ми се смилуваш како Човекољубив. Солзи дај ми Боже како некогаш на жената грешница и удостој ме да ги навлажнам твоите нозе кои ме ослободиа од лажниот пат и да ти принесам миризливо миро, чист живот спечален со покајание и јас да го слушнам твојот сакан глас: твојата вера те спаси, оди си со Мир. Богородице ако ја имам твојата непосрамна надеж ќе се спасам. Ако стекнам твоја заштита Пречиста, нема да се плашам. Ќе ги покосам моите непријатели и ќе ги победам имајќи ја како оклоп твојата единствена заштита и твојата семоќна помош. Молејќи се ти пеам: Владичице спаси ме со твоите молитви и подигни ме од мрачниот сон со силата на воплотениот од тебе Син божји, да те славословам. Господи Господи кој не избавуваш од секоја стрела што дење лета избави не од се што се движи по темница. Прими го воздигнувањето на нашите раце како вечерна жртва. Удостој не и ноќното боиште да го поминеме без порок и искушение од зли духови. Избави не од секаква поматеност и страв што ни ги причинува ѓаволот. Дај ни умилност на нашите души и грижа на помислите при испитувањето на твојот страшен и праведен суд. Воведи не во страв пред тебе, заздрави ги нашите телесни органи да можеме и во сон да се учиме на тихување и размислување за твоите пресуди. Одстрани од нас секоја неприлична желба и лоша страст. Разбуди не навреме за молитва, утврдени во верата да напредуваме во твоите заповеди со благоволението и благоста на твојот единороден Син со кого си Благословен со Пресветиот благ и Животворен твој Дух сега.. Господи помилувај не зашто во тебе се надеваме, не гневи се многу на нас ниту споменувај ги нашите безаконија, но погледни и сега како добросрдечен и избавине од нашите непријатели, зашто ти си Бог наш и ние твоите луѓе сите сме дело на твоите раце и твоето Име го повикуваме. Вратите на милосрдието отвори ни ги Благословена Богородице ние кои се надеваме во тебе да не погинеме но да се избавиме преку тебе од беди зашто ти си спасение на Христијанскиот род. Господи кога би ги немале твоите светии за молитвеници и твојата добрина која не милува како би смееле да ти пееме Спасителу, тебе кого Ангелите постојано те Слават. Срцезналецу поштеди ги нашите души. Со моите премногу гревови Богородице кон тебе пријдов чиста, барајќи спасение. Посети ја мојата немоќна душа и моли го твојот Син и наш Бог да ми прости се што згрешив, единствена Благословена. Сесвета Богородице не оставај ме за време на мојот живот, на човечка заштита не доверувај ме туку заштити ме и помилувај ме. Сета своја надеж во тебе ја полагам Мајка Божја, сочувај ме под твојата закрила.

Молитви од Избразителна Богослужба
Благословувај го душо моја Господ и целата моја внатрешност да го благословува неговото свето Име, благословен си Господе. Спомни не нас Госоде, кога ќе дојдеш во царството твое. Спомни не нас Владико кога ќе дојдеш во Царството твое. Спомни не нас Свети, кога ќе дојдеш во царството твое. Небесниот хор тебе ти пее и вели: Свет Свет Свет е Господ Саваот, исполнети се небото и земјата со твојата Слава. Пристапете кон него и просветете се и вашите лица нема да се посрамат. Хорот на светите ангели и архангели со сите небесни сили тебе ти пее и говори: Свет.. Остави ослаби и прости ни ги Боже нашите грешки намерни и ненамерни со збор или дело, со знаење или без знаење дење или ноќе со ум или со помисла, прости ни се, бидејќи си благ и Човекољубив. На гората си се преобразил Христе Боже и колку што можеа да сватат твоите ученици гледајќи ја твојата Слава за да можат да го разберат доброволното страдање кога ќе те видат распнат и на светот да му проповедаат дека ти си навистина светлина на Таткото. Војсководачи божји, слуги на Боженствената Слава, началници на Ангелите и наставници на луѓето, испросете го полезното за нас и голема милост зашто сте војсководители на безтелесните. Пророк божји и предходник на Благодатта, ние што ја најдовме твојата глава како најсвета роза која пораснала од земјата секогаш добиваме исцеление зашто како и порано ти пак проповедаш покајание во светот. Сигурните и Богогласни Проповедници, првите Ученици твои си ги примил Господи да се насладуваат од твоите Блага и Мир. Бидејќи нивните страдања и смрт си ги примил повеќе од која и да било жртва зашто ти си единствен кој знаеш што има во срцата. Како првина на природата Господи вселената ти ги принесува богоносните маченици, тебе насадител на сите созданија. Заради нивните молитви и заради Богородица запази ги во длабок мир твојата Црква и твојот народ, многумилостив. Застапништво на христијаните со кое нема да се посрамиме, неизменливо посредништво пред творецот, не презирај ги молитвените гласови на грешните, но побрзај како добра да ни бидеш на помош на сите кои со вера те повикуваме. Богородице постојана заштитничке побрзај и дојди на помош во молитвата и молењето на оние кои те почитуваат. сесвета Троица, единосуштна сила, неразделно Царство, причина за сите добрини, покажи добра воља кон мене грешниот, утврди го и вразуми го моето срце, отфрли секаква моја валканост, просвети ја мојата мисла и секогаш да те Славам и пеам и да ти се поклонувам и да велам: еден е Свет, еден е Господ Исус Христос, за слава на Бог Таткото Амин.


 
  
Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB