Молитви од Полноќна Богослужба  
Ете младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е оној слуга кој ќе го најде буден, а недостоен пак оној кој ќе го најде безгрижен. Затоа внимавај душо моја да не те надвладее сонот, да не бидеш предадена на смртта и да не останеш надвор пред заклучените врати на Царството, туку стани и воскликни: Свет Свет Свет си Боже, заради Богородица помилувај не. Кога ќе помислиш за оној страшен ден биди будна душо моја, палејќи го твојот светилник одржувај го со елеј зошто не знаеш кога до тебе ќе стигне гласот кој ќе ти рече: еве го младоженецот. Затоа гледај душо моја да не задремеш и да не останеш надвор да тропаш како петте девојки но будно чекај да го пресретнеш Христа со чист елеј и Он ќе ти ја даде одајата на својата боженствена Слава. Тебе Богородице Дева која си несоборлива карпа на спасението и тврдина те молиме: растури ги плановите на непријателите, тагата на луѓето твои во радост претворија, закрепи го твојот град, помагај му на нашиот народ, моли се за мир во светот, Богородице, зошто си наша надеж. Ти кој во секое време и во секој час на небото и на земјата си почитуван и славен Христе Боже долготрпелив, многумилостив и добросрдечен, кој ги љубиш праведниците и ги милуваш грешните и ги повикуваш сите кон спасение заради ветените идни блага, самиот ти Господи прими ги нашите молитви во овој час и упати го нашиот живот кон твоите заповеди. Освети ги нашите души, телата очисти ги, помислите исправи ги, мислите очисти ги и избавине од секаква тага, зло и болести. Огради не со твоите свети ангели, пазени и раководени од нивните војски да постигнеме единство во верата и разбирање на твојата непристапна Слава, зашто си Благословен во вечни векови Амин. Владико Боже Татко Седржител Госопод Син Единороден Исусе Христе и Дух Свет, едно Божество една сила помилувај ме грешниот, ти кој на сите им ги знаеш пресудите, спаси ме мене твојот недостоен слуга зошто си Благословен во вечни векови Амин. Господи Седржител Боже на силите и на секое тело, кој живееш во висините и ги гледаш смирените, испитувајќи ги срцата и утробите јасно ги предзнаеш човечките тајни. Безпочетна и вечна светлина во која нема промена или засенување. Бесмртен Цару, прими ги нашите молитви кои во ова време се осмеливме да ти ги принесеме од нашите усни надевајќи се на многуте твои добрини и прости ни ги грешките кои ги направивме со дело слово мисла знаење или незнаење и очисти не од секаква валканост на телото и духот. Дај ни да ја поминеме целата ноќ на сегашниот живот со силно срце и трезвена мисла, ние кои го очекуваме доаѓањето на светлиот и предскажан ден на единородниот твој Син Господ Бог и Спасител наш Исус Христос во кој судијата на сите ќе дојде со Слава за да му даде секому според неговите дела. Да не бидеме безбрижни и мрзливи, но силни и подготвени за работа, да бидеме готови со радост да влеземе во Боженствената одаја на неговата Слава каде не престанува гласот на оние кои празнуваат и на оние кои со неизмерна наслада ја гледаат неизкажливата  убавина на твоето Лице. Зашто ти си вистинска светлина која просветува и осветува се и тебе ти пее секое создание во вечни векови Амин. Те благословуваме вишни Боже и милостив Господи, ти кој со нас секогаш правиш безброј големи и неиспитливи Славни чудни работи и ни даваш сон за смирување на нашето од многу работа преморено тело. Ти благодариме зашто не си не погубил со нашите безаконија но се покажа како секогаш Човекољубив. Нас кои лежиме во безнадежност си не подигнал за да ја славиме твојата сила. Затоа ја молиме твојата неизмерна добрина, просвети ги нашите мисли очи и нашиот ум разбуди го од тешкиот сон на мрзливоста. Отвори ни ја устата и исполни ја со пофалби за тебе за да можеме без двоумење да ти пееме и да ти се исповедаме тебе во се и од сите прославуваниот Бог и безпочетен Татко со твојот единороден Син и сесветиот благ и животворен твој Дух сега секогаш и во вечни векови Амин. Ги кревам моите очи кон планините, од каде ќе дојде мојата помош. Помошта ми е од Господ, кој ги создаде небото и земјата. Он нема да даде да се разнишаат твоите нозе ниту ќе задреме Оној кој те чува. Не дреме, не спие Оној кој го чува Израилот. Господ е чувар, Господ е твоја закрила од твојата десна страна. Сонцето нема да те изгори дење ниту месечината ноќе. Господ ќе те сочува од секое зло. Господ ќе ја чува твојата душа. Господ ќе го пази твоето влегување и излегување од сега и до века. Сега благословете го Господ сите слуги господови. Вие кои стоите во Храмот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог. Ноќе кренете ги своите раце кон светилиштето и благословете го Господ. Ќе те благослови Господ од Сион кој ги создаде небото и земјата. Спомни ги Господи како благ твоите слуги и се што во животот згрешија прости им. Зашто никој не е безгрешен освен тебе и само ти си оној кој може и на преминатите да им даде мир. Со длабока мудрост, човекољубиво се уредуваш и на сите им даваш се полезно, единствен создаделу. Смири ги Господи душите на твоите слуги зошто надеж полагаа во тебе, творецот и создателот Бог наш. Со светиите смири ги Христе душите на твоите слуги таму каде нема болка ни тага ни воздишка, но живот вечен. Сите родови те именуваме блажена Богородице Дева зашто несместливиот Христос нашиот Бог, благоволи да се смести во тебе. Блажени сме и ние зашто те имаме за наша заштитница, зашто ти се молиш за нас дење и ноќе и со твоите молитви се утврдува жезалот на Царствата. Те воспеваме, радувај се Благодатна, Господ е со тебе. Спомни ги Господи нашите татковци и браќа смирени со надеж во воскресение и живот вечен. Спомни ги сите кои преминале, со побожност и Вера, прости им секаква грешка, волно и неволно со зборови дела или мисли. Всели ги на места светли, ладовни, мирни од каде што исчезнала секоја болка тага и воздишка, каде што зрачи светлината на твоето Лице и се веселат твоите вечни светии. Подари им ги ним и нам, твоето Царство и учество во твоите неискажливи вечни блага и наслада во твојот бесконечен и блажен живот. Зашто ти Христе Боже наш си Живот и Воскресение и мир на смирените твои слуги. И Слава ти вознесуваме тебе со без... Преславна и секогаш Дева, Мајка на Христос Бог, принеси ја нашата молитва на твојот Син и наш Бог, преку тебе да ги спаси нашите души. Надеж ми е Таткото, прибежиште ми е Синот, заштита ми е Светиот Дух, Света Троица, Слава Ти. Несоздадена природо, Животодавче на се, отвори ни ги усните да ја огласиме твојата пофалба, воспевајќи: Свет Свет Свет си Боже, заради Богородица помилувај не. Подражувајќи ги вишните сили, Благи, ти ја принесуваме победната песна: Свет... Од постела и од сон ме крана Господи. Просвети ги мојот ум и срцето и усните мои отвори ги за да ти пеам Света Троице, Свет... Славејќи те величам Господи зашто си погледнал на моето смирение и не си ме затворил во непријателските раце но си ја спасил од невољи мојата душа. А сега Владико нека ме покрие твојата рака и нека твојата милост пријде на мене зашто душата ми се возмути и болна е при излегувањето од ова мое јадно и осквернето тело па кога ќе ја сретне некогаш лажниот совет на непријателот и ја запре во темнина заради свесните и несвесните мои направени гревови во овој живот, биди милостив кон мене Владико, мојата душа да не ја види мрачната појава на лукавите демони, но да ја примат твоите светли и пресветли ангели. Прослави го твоето Свето Име и со твојата сила изведиме пред твојот Божествен суд. Кога ќе ми се суди да не ме грабне раката на кнезот од овој свет да ме вовлече грешниот во адските длабочини, но застани пред мене, биди ми спасител и заштитник зашто овдешните телесни мачења се радост за твоите слуги. Помилувај ја Господи мојата душа која е осквернета со страстите на овој живот и преку покајание и исповед прими ја зашто си Благословен во вечни векови Амин. Достојно е навистина да те славиме тебе Бог Слово од кого треперат и се тресат Херувимите и те славословуваат небесните сили. Воскреснатиот тридневно од гробот, Христос животодавецот, со страв да го прославиме. Со божествени песни да го воспееме сите како на Бог што му прилега, Таткото Синот и Божествениот Дух, Триличносна Сила, едно Царство и Господство. Триличната единица по природа на која и пеат сите земнородни и ја славословат небесните сили, на која се верно и се поклонува. Погосподопочетна од Херувимите и неспоредливо побогопочетна од Серафимите, неразделна Троица во единица, вистински Богопочеток, ние те величаме. На безпочетниот Татко и Бог и на исто така собезпочетното Слово, и на Духот се поклонувам. Едно неразделно соединето суштество, троичната единица со песни ја почитуваме. Засветли ме со твоите светлозрачни молњи, Боже мој, триличносен создател и покажиме како светол светлоносен и непроменлив дом на твојата непристапна Слава. Оној од кого треперат и се тресат Херувимите и го славословуваат Ангелските војски, Христа Животодавецот, кој неискажливо се воплоти од Дева, со страв да го прославиме. Севозможна и Животворна Св Троице, извор на светлината, која со единствена благост од небитие изведе се што е создадено на земјата и на небото и се грижиш за тоа и го одржуваш. Ти која покрај другите твои добри дела на земниот род му подари и покајание поради телесните слабости до смртта, не оставај не несреќните да умреме во нашите лоши дела ниту да ни се подсмева лошиот што ни завидува и не упропастува, зашто гледаш милосрдна, колку е подмолен нашиот непријател, колку талкаме, колку сме слаби и безгрижни. Иако секој ден те лутиме и ги газиме чесните и Животворни Заповеди, ти се молиме: направи по својата неисцрпна добрина. Ослободи не и прости ни се што сме згрешиле во целиот свој живот досега и до овој час со дела зборови и мисли. Удостој не да го завршиме остатокот од животот во покајание и умилност и во прудружување кон твоите свети заповеди. Ако не прелагала насладата и сме погрешиле на многу начини, или сме проживеале занесени од гнасни желби бескорисни и штетни, ако сме растажиле некој од нашите браќа предизвикани од неразумен гнев и јарост, ако поради својот јазик паднавме во силни и замрсени мрежи од кој не може да се избега, ако безумно сме се сопнале од некое чувство, со сакање или несакање, со знаење или незнаење, со занес или со размислување, ако сме ја извалкале совеста со лоши и тешки мисли, ако на некој друг начин сме згрешиле затоа што кон тоа не навел лошиот зафат или обичајот, прости ни се и одпушти ти кој си полн со сожалување добрина и милост. Од сега дај ни храброст и сила да ја извршуваме твојата добра и совршена воља, ние недостојните да се ослободиме од ноќното и темно зло и со светло покајание чесно да одиме дење и чисти да се појавиме пред твоето човекољубие пеејќи и величајќите со векови Амин.

 
  
Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB