Молебен Канон на Пресвета Богородица   
Кон Богородица со љубов сега да пријдеме ние грешните и смирени, да паднеме во покајание викајки од длабочината на душата: Владетелка, помогни ни милувајќи не, побрзај пропаѓаме од множтвото грешки. Не одбивај ги напразно твоите служители зашто те имаме како единствена надеж. Ние недостојните никогаш нема да престанеме Богородице, да збориме за твојата сила зашто кога ти не би стоела пред нас кој би не избавил од толку опасности. Кој би не сочувал до сега слободни. Од тебе нема да одстапиме Владичице зашто твоите слуги ги спасуваш секогаш од секакви маки. Поминувајќи преку водата како по суво и избегнувајќи го египетското зло израилецот пееше: на избавителот и нашиот Бог да му пееме. Пресвета Богородица спаси не. Обземен од многу напасти кон тебе прибегнувам барајќи спасение о Мајка на Словото и Дева, спаси ме од тегоби и зла. Нападите на страстите ме смутуваат за да ја исполнат мојата душа со многу мрзливост. Смири го девојко, со тивко, твојот Син и Бог, Сенепорочна. Тебе Дева која го роди Спасителот и Бог, те молам да се избавам од маките, затоа сега прибегнувам при тебе и ги отварам душата и помислата. Мене кој страдам со телото и душата, со Божествена посета и своја грижа удостој ме Богомајко, зашто како добра си го родила Добриот. Господи создател на небесниот свод и градител на Црквата, утврдиме во Љубовта кон тебе, место на желбите, тврдина на верните, единствен Човекољубив. Застапништвото и заштитата на својот живот ти ги препуштам тебе Богородителка Дева, упати ме кон своето пристаниште, причина на добрините, Тврдина на Верните, Едина Сепеана. Молам Дево да се стиши душевниот немир и бурата на мојата мака. Зашто ти Богоневесто си го родила Христа поглаварот на мирот, единствена пречиста. Раѓајќи го Добротворот причинителот на добрините, богатство од добродетели излеј врз сите. Ти можеш се зашто си го родила Христа, силниот во крепоста, Богоблажена. Со тешки маки и болни страдања измачуван, Дева ти помогни ми зашто знам дека си неисцрпна ризница на исцелување, сенепорочна. Спаси ги од беда своите служители Богородице, зашто сите по Бог кај тебе прибегнуваме како кај неразрушив бедем и заштита. Погледни со добросрдечност сепеана Богородице кон мојата тешка мака и исцели ја болката на мојата душа. Помилувај не Боже по твојата голема милост ти се молиме услиши не и помилувај.. Уште се молиме за благочестивиот и православен народ наш. Уште се молиме за милост живот мир здравје спасение посета прошка и закрепнување на слугата божји и простување на неговите гревови.. Топло молење и неразрушива карпо, извор на милоста, засолниште на светот, сесрдно ти пееме: Богородице Владичице која си единствена брза посредничка, побрзај и избави не од бедата. Ја слушнав Господи тајната на твојата промисла, ги разбрав твоите дела и го прославив твоето Божество. Метежот на моите страсти, родителко на кормиларот Господ, Богоневесто стиши ја и бурата на моите грешки. Те повикувам да ми ја покажеш бездната на твоето милосрдие, родителко на милосрдниот и спасител на сите кои ти пеат. Насладувајќи се од твоите дарови Сечиста, ти пееме благодарствена песна ние кои те знаеме како Богомајка. Немоќен лежам на одарот на мојата болест, помогни ми како богољубива, Богородице единствена и секогаш Дева. Имајќи те како надеж и тврдина и како непоколеблива карпа на спасението Сеопеана, се избавуваме од секаква непријатност. Господи просвети не со твоите повелби и со својата возвишена рака, дај ни го твојот мир, Човекољубив. Чиста, исполни го со веселба моето срце давајќи ми ја твојата нераспадлива радост, родителко на причинителот на радоста. Избави не од беди Богородице Чиста, која си го родила вечното искупување и мирот што го надминува секој ум. Растерај ја маглата на моите грешки Богоневесто, со просветувањето на твојот сјај, ти која си ја родила Божествената и предвечна светлина. Исцели ја Чиста, немоќта на мојата душа, ти која ме удостои со твојата посета и со твоите молитви дај ми здравје. Ќе ја излеам својата молитва кон Господ и нему ќе му ја кажам својата мака. Зашто душата моја се исполни со зло а мојот живот се приближи до адот. И се молам како Јона: Боже изведи ме од пропаста. Бидејќи си ја спасил од пропаст и смрт мојата природа обфатена со гниење и смрт предавајќи и се самиот на смртта, Дева моли го Господ и Синот твој да ме избави од злоделата на непријателите. Тебе те знам Дева како заштитничка на животот и најсигурна чуварка која ослободува од немирот на искушенијата и ги изгонува ѓаволските напади. И секојдневно се молам: избави ме од пропаста на моите страсти. Како карпа на прибежиште те стекнавме и потполно спасение на душите и олеснување во невољите девојко, и на твојата светлина секогаш и се радуваме, о Владичице и сега спаси не од страдања и опасност. На леглото сега немоќен лежам и нема исцеление за моето тело. Но се молам на тебе Блага, која си го родила Бог и спасителот на светот и избавителот од маки, подигни ме од убиствената болест. Татко Слово  Дух Троица Света, избриши ги мноштвото наши гревови. По молитвите на Богородица Милостив, избриши ги мноштвото наши гревови. Не доверувај ме на човечка заштита Пресвета Владичице, туку прими ја молитвата на твојот слуга, невоља ме снајде и неможам да ги поднесам ѓаволските стрели, немам заштита ниту засолниште, јадниот од сите страни ме напаѓаат. Нема кој да ме утеши освен ти Св Владетелка, надеж и заштита на верните, не презирај го моето молење но направи го полезно. Кога дојдоа некогаш од Јудеа како момчиња во Вавилон со верата во Св Троица го угасија пламенот во печката пеејќи: Боже на татковците наши, Благословен си. Бидејќи посака да го извршиш нашето спасение се всели Спасителу во утробата на Дева и ја покажа неа како заштитница на светот. Боже на татковците наши, Благословен си. Мајка чиста моли го љубителот на милоста кого си го родила да се избават од престапи и од духовна валканост сите кои со вера извикуваат: Боже на татковците наши, Благословен си. Си покажал дека родителката твоја е ризница на спасението и извор на чистината и сигурна кула и врата на покајанието на оние кои извикуваат: Боже на.. Богородице удостој ги да се излечат од телесните слабости и душевни болести оние кои со љубов пристапуваат кон твојата заштита, ти која ни го роди Спасителот Христос. Царот небесен кого го пеат војските Ангелски фалете го и величајте го во сите векови. Дева не презирај ги оние на кој им е потребна твојата помош, оние кои ти пеат и те величаат во сите векови. Немоќта на мојата душа и телесните маки ги лечиш Дева, да те Славам Пречиста. Дева ти излеваш исцелително богатство врз оние кои верно ти пеат и го величаат неизреченото твое рождество. Нападите на искушенијата и на болестите ги одгонуваш Дева, затоа ти пееме во сите векови. Навистина те исповедаме како Богородица ние кои со тебе сме спасени Дева Чиста, величајки те со Безтелесните Хорови. Не одвраќај се од течението на моите солзи Дева која си го родила Христа, кој ја избриша секоја солза од секое лице. Исполни го со радост моето срце Дево, ти која си ја примила Полнотата на Радоста и си ја истребила гревовната жалост. Дева биди им пристаниште и заштита на оние кои ти се обраќаат и неразрушива карпа прибежиште и заштита и веселие. Изгонувајќи го мракот на незнаењето просвети ги со зраците на твојата светлина оние кои побожно те исповедаат како Богородица. На местото каде што болеста го мачи паднатиот, Дева излечи го и од болест врати го во здравје. Повишна од небесата и почиста од сончевата светлина и која не избави од клетвата, Владетелката на светот со песни ја почитуваме. Од многуте гревови немоќно е  моето тело и слаба е мојата душа. Тебе ти се обраќам Благодатна, надеж на безнадежните, ти помогни ми. Владичице и Мајка на избавителот прими го молењето на твоите недостојни слуги да посредуваш кај оној кој се роди од тебе, о Владетелко на светот биди ни посредница. Сега и пееме прилежна песна на сеопеаната Богородица, радосно со предходникот и со сите светии моли се Богородице да се сожали на нас. Сите Ангелски војски, Предходник Господов, Дванаесет апостоли и сите светии, направете молитва со Богородица за да се спасиме. Помилувај не Господи помилувај не зашто немаме никакво оправдување. Оваа молитва како на Владика ти ја принесуваме ние грешните, помилувај не. Уште се молиме на Господ нашиот Бог да го услиша гласот на молењето од нас грешните и да ги помиува слугите свои и да ги заштити од секоја мака беда гнев и потреба и од секоја болест душевна и телесна, да им дарува здравје долгодишно, да речеме сите: скоро услиши и со милост помилувај. Уште се молиме да се сочува овој Град Село Св Храм Обител, секој Град и Држава, од глад пропаст земјотрес потот оган меч, напад на другоплеменици и меѓусебни борби, за да биде милостив помирлив благ и Човекољубив нашиот Бог, да го одврати секој гнев кој се движи кон нас и да не избави од нападна и праведна своја закана и да не помилува. Услиши не Боже Спасител наш, надеж на сите дури до крајот на земјата, и на оние кои се во далечните мориња, милостив биди Владико кон нашите гревови и помилувај не, зашто си Милостив и Човекољубив Бог, тебе Слава.. Христос вистинскиот Бог наш, по молитвите на пречистата своја мајка, преподобните и богоносни татковци наши и на сите светии да не помилува и спаси како благ и Човекољубив.
 
Акатист кон пресвета Богородица
Откривајќи ти го планот предвечен Родителка, Гаврил пред тебе застана со целив и збор: радувај се земјо несеана, радувај се капина несогорлива, радувај се мост кој до небесата води, и лествица висока каква Јаков виде, радувај се разрешение од проклетството, радувај се возвание Адамово, Господ е со тебе! Ми се јавуваш како човек, му рече нераспадливата Родителка на Архистратигот, и со збор човечки велиш дека низ мене Бог треба да се јави, во утробата моја вселувајќи се. И ќе бидам рече, нива широка и место осветено за Оној кој Херувимите ги надминува. Со лага да не бидам излажана, зашто јас сласт не познав, во бракот непорочна сум, како тогаш дете ќе родам? Бог кога повела, се надминуваат законите на природата, зборуваше бесплотниот, и непоимлив за умот човечки се стори, верувај им на вистинитите зборови мои, Сесвета Пренепорочна. А таа рече: Нека ми биде сега според зборовите твои, ќе го родам Бесплотниот, нека плот низ мене прими зашто единствен има сила да го воздигне човекот кон првородното достоинство преку воплотување. Од вавек таинството се открива денес и Синот Божји, Син Човечки постанува за примајќи го лошото со добро ме обдари. Се излажа во дамнина Адам и посакувајки бог да биде не постана а Бог човек постана за Адама да го обожи. Нека се весели целото создание, нека ликува природата зашто архангелот со страв пред Дева стои и радувајќи и се, болка на непријателите им нанесува. Ти кој заради милоста се вочовечи, Боже наш слава Ти! Од небесните сфери слета Гаврил и во Назарет дојде кај Дева Марија, воскликнувајќи: Радувај се Син ќе зачнеш, Адама предвечениот, творецот на вековите и избавителот на оние кои ти воспеваат: Радувај се пречиста! Слушни ќерко и види и приклони го увото свое. Гаврил на Дева благовестие од Небесата и донесе воспевајќи: радувај се ќе го зачнеш и во утробата твоја ќе го сместиш Оној кој сосем е несместив и родителка ќе бидеш на оној кој низ Таткото посилно од деница заблеска. На образот твој нека му се помолат сите народи. Соприсносушното Слово на безначалниот Татко, неодвојувајќи се од вишните сега застана при ништите заради крајното милосрдие, милостиво примајќи ги нашите гревови и Адамовиот пад земајќи го, се возобрази во она што Му беше туѓо. Сета земја да ти се поклони, и да ти воспева тебе! Од Таткото присносушно, и од Мајката времено јавувајќи му се на светот претсуштествено Слово, образ на слуга прими, тело постанувајќи не отстапи од божественото и Адама го обнови во утробата на Онаа Која безсемено Го зачна. И благовестува Гаврил на Благодатната денес: Радувај се, неневесна Мајка Марија, не се чуди на чудесното лице мое и не се ужаснувај бидејќи сум архангел, змијата ја прелести Ева некогаш а јас радост Ти благовестам сега. Нераспадлива ќе станеш и Господ ќе го родиш, Пречиста. Тајното повеление разбирајќи го бесплотниот во домот Јосифов итајќи застана на Марија велејќи: Оној кој слегувајќи Небесата ги приклони, место незаменливо во тебе најде. Гледајќи како во твојата утроба лик на слуга Он примил, со восхит те воспевам, радувај се Невеста неневесна! Благ. Ка. Ќе ја отворам устата моја и таа со Дух ќе се исполни и слово ќе и прославам на Кралицата мајка, силно ќе славам, и ќе воспеам радувајќи се на чудесата Нејзини. Тебе Христова Книга одухотвортена, од Духот утврдена, Чиста, гледајќи те великиот Архангел возглаголи: Радувај се на радоста пристаниште заради која прамајчијската клетва се разреши. Адамово обновување радувај се, дева богоневеста, адско усмртување радувај се Сенепорочна, палата на Царот на се, радувај се престол огнен на Седржителот. Цвет несовнелив радувај се, единствена расцветана Јаболкнице благомирисна, радувај се ти која благомирисот го роди, Царот Единствен. Радувај се Марија спасение на светот. Ризница на чистина радувај се заради која од падот наш станавме, радувај се слаткомирисен крин владетелка, кој на верните им мириса, ти кадило благомирисно и миро скапоцнено. Песнословците твои Богородице, жив и неисцрпен извор, во собор духовен утврди ги и во твојата божествена слава со венци на слава удостој ги. Ти која Класот божествен го подигна, нива неорана остана. Радувај се трпеза продуховена која лебот животен во себе го смести, радувај се непресушен извор на вода животна Владичице. Јунице, Која непорочниот Јунец за верните Го роди, радувај се радувај се Агнице, Агнецот Божји што го роди кој гревот сесветски на себе го зеде, радувај се очистилиште топло. Радувај се единствено најсветло утро кое Христа како сонце Го носиш, живеалиште на светлината, радувај се ти која мракот го урна и мрачните бесови сосем ги одгна. Радувај се единствена порта низ која Словото дојде и горницата и вратата адска Владетелка со рождеството твое ги скрши, радувај се божествена врата на спасените, Богоневеста. Седејќи во слава на Престолот Божествен во облаци лесни со нераспадливи стапки дојде Исус Пребожествениот и ги спаси оние што воспеваат Слава ти Христе на Силата Твоја! Со глас пеачки дева тебе ти пеам севоспеана: Радувај се, гора густа и богата со Дух, радувај се свеќник и стомно полна со мана која сетилата на благочестивите ги блажи. Очистилиште на светот, радувај се пречиста Владетелка, радувај се лествица која од земјата сите благодатно ги возвишува, радувај се мост кој навистина од смрт кон живот ги преведува сите кои Те воспеваат. Ти која Небесата ги надвисуваш, радувај се ти си на земјата темел и утробата твоја пречиста небремено носи. Радувај се порфир со царска сила, трновиот венец божествен со крвта твоја се натопи. На тебе која неракоплетениот венец го исплете за светот, ти песнословам воскликнувајќи: Радувај се Дева, сите не пазиш и не засолнуваш, во тебе наоѓаме сила и света заштита! Се ужаснаа сите од Божестветата слава твоја зашто ти Марија Дева во утробата твоја го имаше Бог на се и го роди вечниот Син давајќи мир на сите кои те воспеваат. Радувај се пренепорочна, ти која патот на животот го роди, кој светот го спаси од потопот греовен. Радувај се богоневеста, слишание и глагол страшен, радувај се, во тебе Владиката на сето создание престојувапше! Радувај се, Пречиста, сила и засолниште човечко, место на слава сесвета, на адот умртување, пресветла брачна одаја. Радувај се радост на ангелите, радувај се помошничка на оние што верно ти се молат. Радувај се Владетелка огнообразна колесница на Словото, духотворен рај сред кој расте дрвото Господово на животот, чија сладост ги оживотворува оние кои со вера се причестуваат и кои на пропадливоста и се покорени. Со силата твоја осилени верно ти воспеваме: Радувај се сила на сите цареви, ти преславна и милозвучна за која славно се зборува, гора непресечена, радувај се длабочина неизмерна! Радувај се пречиста, пространо вселување на Словото, сосад кој бисерот божествен го произведе. Радувај се со Бог надумно помирување на сите кои секогаш те блаженствуваат Богородице. Овој Божествен и сечесен празник празнувајќи го богомудри, на богомајката со раце да и заплескаме. Од неа родениот Бог Го славиме! Постела несквернета на Словото, извор на сечие обожување, радувај се пречиста на пророците поука, радувај се на апостолите удобрение. Од тебе роса зароси гасејќи го пламенот многубожечки затоа ти воспеваме: Радувај се руно одухотворено кого Гедеон го предвиде. Еве тебе дева те повикувам, биди пристаниште на нас кои сме расколебани и затишје на нашите беспатиа бурни, и штит од секоја соблазна. Извор на секоја радост, облагодати ја помислата наша да ти повикуваме: Радувај се капина несогорлива, облак пресветол кој верните непрестано ги осенува

 
Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB