Страшна Илузија
 

Маите се абориџини во Америка. Овој народ бил многу религиозен. Но често пати размислувале премногу логички и поради ова направиле одвратни грешки. Тие размислувале вака: секоја војна, секоја болест и секое зло што носи смрт се случува поради тоа што Боговите се хранат со енергијата што се ослободува при смртта на човекот слично на дрвото кое се распаѓа во огинот и ослободува топлина за нас луѓето, слично на храната која се распаѓа во нашата утроба и ослободува енергија за живот. Тогаш свештениците на Маите одлучиле дека најсилната енергија се наоѓа во млади невини девојки, и оваа енергија како храна за Боговите може да се ослободи со бавна маченичка смрт. Жртвувањето било проследено со ритуали, за да знаат Боговите дека жртвата на нив се принесува и како одговор се очекува тие да го поштедат народот од војна, болест, смрт, природни кататстрофи и зло. Пред почетокот на секоја година на врвот на пирамидите неколку млади невини девојки ги ставале на голем камен и потоа ги сечеле.
Маите се наоѓаа во Страшна Илузија бидејќи прифатија човечко мудрување а не ги побараа зборовите на Вистинскиот Бог. Иако нивните свештеници беа религиозни и постојано размислуваа како да им угодат на Боговите, никогаш ниту еден Бог не им кажал да направат таков сатански ритуал. Поради ова вистинскиот Бог ги прати римокатолиците кои во 16 век целосно го уништија култот на маите. Овој ритуал бил присутен кај многу народи, дури и кај самите Евреи кои зборовите на Вистинскиот Бог ги надополнуваа со човечка мудрост па и тие самите ги жртвуваа своите синови и ќерки за годината да им биде попријатна. Но Бог жестоко го казнуваше Еврејскиот народ како и сите народи што ги изобличуваат зборовите во Законот на Бог. Тешко на оној човек што ќе каже Бог вика, а Бог ништо не рекол. Историјата скоро секогаш симболично се повторува со тоа што ние секогаш имаме можност да учиме од грешките на предците за истите да не ги повториме во нашиот живот.

Илузијата секогаш во себе содржи малку вистина, затоа лесно те заведува.
Пред човек да донесе било каква одлука мора добро да размисли, бидејќи првиот поглед на светот околу нас секогаш е Илузија. Првиот допир со непознатото секогаш е Илузија.

Господ е Семоќен и Он можеше светот да го создаде за една Секунда. Господ може и нас да не спаси за една секунда и веднаш да не пренесе во Рајската Градина. Но Бог одлучи сите работи полека и постепено да се случуваат, бидејќи кога нешто се случува полека и постепено тогаш нема место за Илузија. Капките дожд што паѓаат од небото полека се собираат и прават безброј мали изворчиња, овие прават потоци и на крај се слеваат во голема река, и земјата е Благословена.
Нашиот Духовен живот треба да се преобрази во безброј капки чиста вода, на крај сите тие ќе се слеат во река која ќе тече во нас и ќе не благословува со живот вечен. Секое добро дело, секоја добра помисла, секој тивок и нежен збор што излегува од нас претставува капка вода, капка љубов, тоа е силата на Светиот Дух.


Човек мора добро да размисли пред да донесе важна одлука. Посебно пред да се доближи до Жена и да влезе во Брак, или пред да одлучи стане Монах. Господ вика пред да градиш куќа добро размислиш, за да не ти остане куќата недовршена па луѓето да ти се смеат. Луѓето најголемите грешки ги прават кога набрзина донесуваат одлука под дејство на силните чуства, а чуствата најчесто сите нас не ставаат во Илузија.
Спротивно на Илузијата, до Вистината се доаѓа со долготрајно проучување на Законите и Советите на Господ кои се наоѓаат во Светото Писмо но и со редовно молитвено размислување во кое Бог полека не води во животот и ни го покажува најдобриот пат. А брзото и непромислено донесување одлуки без слушање на Божјиот глас секогаш е Илузија. Во таква Страшна Илузија една млада личност може лесно да се случи да си го одземе животот поради чуствата кои лажат. Тие му викаат дека животот нема смисла, нема решение, Бог не е семоќен, никој не може да помогне, и крајот на оваа брза одлука понекогаш е Страшно Самоубиство. Затоа Црквата има должност да не научи дека Бог е Семоќен, нема ништо што не е можно за Светиот Бог. Но Бог бара од нас целосно со сите сили да се свртиме кон Вистината. Бог е Вистина и неговото Учење е Вистина.


 

Зашто Бог вика НЕМОЈ, а човекот за инат постапува спротивно на Божјата заповед ?
Господ на Ное му кажа (1Мој 9): Се што се движи и живее ќе ви биде за храна, сето тоа ви го дадов како што ви го дадов зеленото растение. Само да не јадете месо во кое има уште душа, односно крвта негова
Оваа заповед некои сатански свештеници погрешно ја разбираат и мислат дека силата на човекот е во Душата односно во Крвта и таа сила можат да си ја присвојат. Затоа убиваат со нож разни животни, на пример мачки, кучиња а понекогаш и луѓе и потоа ја пијат крвта од закланото тело, мислејќи дека со тој чин ќе му ја одземат силата на убиеното тело и одкако ќе ја испијат таа ќе им даде подолг живот или некакви надприродни енергии или некои чудесни доживувања. Најголема желба кај овие Сатански Секти е да добиат дар да можат своите мисли да ги направат моќни, па се што ќе помислат да се случи реално. На пример да убијат некого, да придвижуваат предмети со очите, да направат некоја девојка да ги посакува. Крајот на овие сатански заедници доаѓа откако ќе видат дека нивната вера е Страшна Илузија, тогаш тие моќта ја бараат во бескрајни еротски перверзии од сите видови, но наместо моќ тие ќе ги добиат вечните живеалишта во Пеколот.
 

Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB