Литургија според Св Јован Златоуст †
Благослови Владико. Благословено е Царството на Таткото Синот и Светиот Дух, Сега Секогаш и во сите Векови. Амин. Во мир на Господа да се помолиме, Господи Помилувај. За од мир висините и за спасение на нашите души на Господа да се помолиме, За мир на целиот свет, благосостојба на светите Божји Цркви и за соединување на сите на Господа да се помолиме, За овој свет Храм и за оние кои со вера набожност и со страв Божји влегуваат во него на Господа да се помолиме, За високо преосвештениот митрополит наш, за чесното презвитерство, во Христа ѓаконство, за целото свештенство и за народот Божји на Господа да се помолиме, За оваа земја и за сета власт во неа, за благочестивиот и Христољубив Православен наш народ на Господа да се помолиме, Да му помогне и да покори под нозете негови секаков непријател и противник на Господа да се помолиме, За овој град, село, оваа света обител, секој град и земја и за оние кои со вера живеат во нив, на Господа да се помолиме, За благотворен воздух, изобилие на плодови земни и времиња мирни на Господа да се помолиме, За оние кој пловат патуваат боледуваат страдаат, за оние кои се заробени и за нивно спасение на Господа да се помолиме, Да не избави од секаква мака, гнев, опасност и принуда на Господа да се помолиме, Застапи спаси помилувај и сочувај не Боже со твојата Благодат, Спомнувајќи ја пресветата пречиста преблагословена славна Владичица наша Богородица и секогаш дева Марија, со сите светии, сами себе, еден на друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме. Тебе Господи. Господи Боже наш, твојоата власт е неспоредлива, твојоата слава е недостижна, твојата милост е неизмерна, твоето човекољубие е неискажливо, Владико, според твоето Благоутробие, погледни на нас и на овој свет Храм, и сотвори ги со нас и со нашите сомолитвеници твоите богати милости и твоите дарови. Зашто тебе ти прилега секаква слава, чест и поклонување на Таткото Синот и Светиот Дух Сега Секогаш и во Сите Векови Амин. По молитвите на Богородица Спасе Спаси не. Пак и пак во мир на Господа да се помолиме, Застапи спаси помилувај и сочувај не Боже со твојата Благодат, Спомнувајќи ја... Тебе Господи. Господи Боже наш спаси го народот твој и благослови го свештенството твое, зачувај ја полнотата на Црквата твоја, освети ги оние кои го сакаат достоинството на домот твој. Ти нив прослави ги со Божествената сила твоја и не оставај не нас кој се надеваме на тебе. Зашто твоја е власта и твое е Царстовото Силата и Славата на... Амин. Спаси не Сине Божји кој воскресна од мртвите. Единороден Сине и слово Божјо, бесмртен си, и си изволил заради нашето спасение да се воплотиш од света Богородица и секогаш дева Марија, неизменливо си се вочовечил, се распна, Христе Боже, и со смрт смртта ја уништи. Еден си од света троица сопрославуван со Таткото и Светиот Дух, спаси не. Пак и Пак во мир на Господа да се помолиме, Застапи спаси помилувај сочувај не Боже со твојата Благодат.. Спомнувајќи ја ... Тебе Господи. Ти кој си ни ги дарувал овие заеднички молитви и на двајца или троица кои се собрани во името твое си им ветил молитвите да им ги исполниш, нас слугите твои, молитвите кон полезност исполни ги, давајќи ни во сегашниов век познавање на твојата вистина и во идниот век дарувајќи ни живот вечен, Амин. Зашто си добар и човекољубив Бог и тебе слава ти вознесуваме на Таткото... Вход Владико Господи Боже наш кој си поставил на небесата чинови и војски од ангели и архангели во литургија на твојата слава, направи го входот наш да биде вход на светите ангели кои ни сослужуваат нам и ја славословуваат твојата благост, зашто тебе ти прилега секаква слава, чест и поклонување на Таткото... Амин. Благослови го Владико Светиот Вход. Благословен е Входот на твоите светии постојано сега секогаш и во сите векови, Амин. Премудрост простум да стоиме. Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Христа. Спаси не Сине Божји, кој си прекрасен во Светиите, кој воскресна од мртвите, нас кои ти пееме Алилуја. Боже Свети, кој во Светиите пребиваш, кој си воспеван со трисвет глас од Серафимите и славослоуван од Херувимите, и од сите небесни сили поклонуван. Кој од небитие во битие воведе се. Кој си го створил човекот по твојот образ и подобие, и со секој твој дар си го украсил. Кој даваш мудрост и разум на оној кој те моли, и не го презираш оној кој греши, туку си поставил покајание за спасение. Удостојувајќи не понизните и недостојни твои слуги, и во овој час да застанеме пред славата на светиот твој Жртвеник и должното поклонување и славословие да ти го пренесеме. Владико, примија од нашите усни трисветата песна и одгледај не во твојата благодат. Прости ни ги сите грешки, волни и неволни, освети ги нашите души и тела, подај во богољубивост да ти служиме тебе во сите денови од нашиот живот, по молитвите на Св Богородица и на сите Светии кои од вечност ти угодиле. Благослови го Владико времето на Трисветото. На Господа да се помолиме, Зошто си свет Боже наш и тебе слава ти вознесувавме на Таткото... Свети Боже Свети Силен Свети Бесмртен Помилувај ме 3 Вие кои во Христа се крстевте во Христа се облековте (3) На твојот крст се поклонуваме Владико и светото Воскресение твое го славиме (3) Повели Владико. Благословен е оној кој доаѓа во името на Господа. Благослови го Владико горниот трон. Благословен си на тронот од славата на царството твое ти кој седиш на херувимите постојано и сега... Да внимаваме. Мир на сите. И на духот твој.  Човекољубив Владико, запали ја во нашите срца неизгасливата светлина на твоето богопознание и отвори ги очите на нашиот ум за разбирање на твоите евангелски проповеди. Всади го во нас стравот од блажените твои заповеди, и прегазувајќи ги телесните похоти кон духовно живеење да преминеме мислејќи и работејќи се што ти е тебе угодно. Зашто ти си просветлување на душите и телата наши Христе Боже, тебе Слава ти вознесуваме со вечниот твој Татко, Пресветиот Благиот и Животворен Дух, сега секогаш и во сите векови, Амин. Благослови го Владико благовестителот светиот апостол и евангелист, Бог по молитвите на светиот славен, сефален апостол и евангелист, да ти даде збор да благовестуваш со многу сила во исполнувањето на евангелието на својот возљубен син Господ наш Исус Христос. Премудрост простум да го ислушаме светото евангелие. Мир на сите. И на Духот твој, читање од св евангелие на...Слава тебе Господи Слава тебе. Да внимаваме. Мир на тебе благовестителу. Слава тебе Господи Слава тебе. Да речеме сите од сета душа и од сета мисла наша да речеме. Господи Помилувај. Господи седржителу, Боже на нашите Татковци ти се молиме услиши и помилувај, Помилувај не Боже по твојата голема милост. Ти се молиме услиши и помилувај... Господи Боже наш прими го од твоите слуги ова срдечно молење и помилувај не според мноштвото на твојата милост и милосрдието твое испрати го на нас и на сиот твој народ кој очекува од тебе богата милост. Уште се молиме за благоверните и православни христијани, ек....Господи, Боже наш кој живееш на висините и кој погледнуваш на смирените, кој за спасение на човечкиот род го испрати единородниот Син и Бог, Господ наш Исус Христос. Погледни на твоите огласени слуги кои ги наведнаа своите глави и удостој ги во пригодно време за бањата на повторното раѓање за ослободување на гревовите и за облека на нераспадливоста. Соедини ги во твојата Света Соборна и Апостолска Црква и вброј ги во твоето одбрано стадо. И тие со нас да го слават пречесното и прекрасно име на Таткото... Ти благодариме Господи Боже на силите кој си не удостоил сега да стоиме пред твојот свет жртвеник и да се поклониме пред твојата милост, за нашите гревови и незнаењето на народот. Прими го Боже нашето молење и направи не да бидеме достојни да ти принесуваме молитви и бескрвни жртви за сиот народ твој и оспособине нас кои си не поставил за оваа служба твоја, во силата на твојот Свет Дух непорочно и непречено, во чисто сведоштво на нашата совест да те повикуваме во секое време и место. Сослушувајќи не, милостив да ни бидеш во мноштвото на твојата добрина..ект Повторно и многупати паѓаме пред тебе и ти се молиме, Благ и Човекољубив, погледнувајќи на молитвата наша да ги очистиш нашите души и тела од секаква нечистотоја телесна и духовна и да ни дадеш невиновно и неосудено стоење пред светиот твој Жртвеник. Дарувај им Боже на сомолитвениците наши успех во животот и верата и разум духовен. Дај им на оние кои секогаш со страв и Љубов ти служат невиновно и неосудено да се причестат со твоите свети Тајни и да се удостојат со твоето Небесно Царство..ект С Никој не е достоен од врзаните со телесни страсти и сласти да пријде или да ти се приближи или да ти литургисува, Цару на Славата. Бидејќи тебе да ти се служи е големо и страшно дури и за небесните сили. Сепак заради неискажливото и неизмерно твое човекољубие непроменливо и неизменливо постана човек и Архиереј наш и како Владика на сите си ни го предал свештенодејствието на оваа литургиска и безкрвна жртва. Зашто ти Господи, Боже наш, единствен владееш над небесните и земните, кој на тронот херувимски си носен, Господ на Серафимите и Цар на Израилот, единствен Свет, во Светиите почиваш, тебе те молам единиот благ и благопослушлив, погледни на мене грешниот и непотребен твој слуга и очистија мојата душа и срце од лукава совест и оспособи ме со силата на твојот Свет Дух облечен со благодатта на Свештенството да застанам пред оваа твоја света трпеза и да го свештенодејствувам светото и пречисто твое тело и чесната твоја Крв. Кон тебе доаѓам со наведната глава и ти се молам да не го одвраќаш лицето твое од мене ниту да ме отфрлиш од чедата твои, туку удостој ги да ти бидат принесени овие дарови од мене грешниот и недостојниот твој слуга. Зашто ти си оној кој принесува и кој се принесува, кој прима и кој се раздава, Христе Боже наш, тебе слава ти вознесуваме со вечниот твој Татко, пресветиот благ и животворен Дух, сега секогаш и во сите векови, Амин. Ние кои херувимите таинствено ги изобразуваме и на животворната троица трисвета песна и пееме, сега секаква животна грижа да оставиме за да го примиме царот на сите од ангелските чинови невидливо носен на копја, Алилуја (3) Ти згрешив спасителу како блудниот син, примиме татко мене кој се каам и помилувај ме. Боже биди милостив кон мене грешниот и помилувај ме. Земи Владико. Подигнете ги вашите раце кон Светињата и благословете го Господа. Благочестивиот и Христољубив род христијански да го спомне Господ Бог во своето царство постојано..ект
(Мол На Принос) Достојно и праведно е да ти пееме, да те благословуваме, да те фалиме, тебе да ти благодариме, да ти се поклонуваме на секое место од твоето владеење, зошто ти си Бог неискажлив несфатлив невидлив недофатлив, секогаш си ист, ти и единородниот Син и Св Дух твој. Ти од небитие во битие не воведе и кога отпаднавме пак не подигна и направи се, додека на небото не воведе, и твоето идно царство ни го даде. За сето тоа ти благодариме тебе и на единородниот твој син и на твојот Св Дух, за се што знаеме и не знаеме, за видливите и невидливите добри дела кои нам ни се случиле. Ти благодариме и за оваа литургија која од нашите раце не удостои да ја примиш иако пред тебе стојат илјади Архангели и мириади Ангели, Херувми и Серафими шестокрилни многуоки воздигнати крилести. Победната песна пеејќи воскликнувајќи извикувајќи и говорејќи ја Н Свет Свет Свет е Господ Саваот полни се Небесата и земјата со твојата слава. Осана на висините, благословен е оној кој доаѓа во Името Господово, Осана во висините С Со овие блажени сили, Владико човекољубив, и ние воскликнуваме и говориме, Свет си Свет си Пресвет ти и твојот единороден Син и твојот Св Дух. Свет си, Пресвет, прекрасна е твојата Слава. Ти толку го возљуби светот, што твојот единороден Син го даде за секој кој верува во него да не погине но да има живот вечен. Ти кој доаѓајќи го исполни и сиот домострој за нас во ноќта во која беше предаден, ти се предаде за живот на светот, земајќи го лебот во своите свети и пречисти и непорочни раце откако заблагодари го благослови, го освети, го прекрши и им го даде на твоите свети ученици и апостоли велејќи: Земете јадете ова е моето тело кое за вас се крши за ослободување на гревовите. Амин. По вечерата направи и со чашата исто говорејќи. Пијте од неа сите. Ова е мојата крв на новиот завет која за вас и за мнозина се пролева за ослободување на гревовите, Амин. Сеќавајќи се на оваа спасителна заповед и на се што за нас стана, крстот гробот тридневното воскресение, на небесата вознесение, твоето седнување од десно на Таткото и второто славно доаѓање. Твое од твоите тебе ти принесуваме за сите и за се Н Тебе ти пееме, тебе те благословуваме, тебе ти благодариме Господи, и ти се молиме Боже наш С Боже биди милостив кон мене грешниот и помилувај ме. Гоподи, ти кој во третиот час си го испратил на апостолите твои Пресветиот твој Дух, него Благи, не одземај го од нас, но обнови не нас кои ти се молиме. Срце чисто создај во мене Боже и правиот Дух обнови го во мојата утроба. Господи, ти кој во третиот час... Не отфрлај ме од твоето лице и твојот Свет Дух не одземај го од мене. Господи кој во третиот... Уште ти ја принесуваме оваа разумна и безкрвна служба и те повикуваме и молиме и преколнувме: Испрати го Духот твој Свет на нас и на овие предложени дарови. Благослови го Владико светиот Леб. И направи го овој Леб чесно Тело на Христа твој, Амин Амин. Благослови ја Владико Светата Чаша. Оваа чаша е крвта на Христос, Амин, благослови ги Владико двете Светињи. Претворувајќи ги со Духот твој Свет. Амин Амин Амин. Спомни ме Владико Свети мене грешниот. Да те спомне Господ Бог во Царството свое постојано, сега секогаш и во сите векови С На оние кои се причестуваат овие свети тајни да им бидат за трезвеност на душите, за ослободување на гревовите, за заедница со Светиот твој Дух, за исполнување на Царството Небесно, за смелост кон тебе, а не за суд или за осуда. Уште ти ја принесуваме оваа служба за починатите во верата Пророци, Прататковци, Татковци, Патријарси, Проповедници, Апостоли, Евангелисти, Маченици, Исповедници, Подвижници и за секој Дух праведен кој се исполнил во верата В Особено за Пресветата Пречиста Преблагословена Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија Н Достојно е навистина да те ублажуваме Богородице секогаш блажена и пренепорочна и мајка на нашиот Бог, почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, нераспадливо Бог Словото што го роди, вистинска Богородице, тебе ние те величаме С Заради Светиот Јован Пророк претходник и крстител, заради светите славни благоглаголиви апостоли, заради дневниот светител чиј смомен го празнуваме и заради сите твои светии, заради нивните молитви посетине Боже. Спомни ги сите кои починале со надеж во Воскресение за живот вечен и смири ги Боже наш во Светлината на твоето Лице. Уште се молиме, спомни Господи секое епископство на православните кое правилно раководи со словото на твојата Вистина. Спомни го секое презвитерство, во Христа ѓаконство и секој свештенички и монашки чин. Уште ти ја принесуваме оваа разумна служба за вселената, за светата соборна и апостолска Црква, за оние кои во чистота и чесен живот живеат, за благочестивиот и христољубив народ. Дај им Господи ним и нам мирно Царство за и ние во тишината негова тивок и безмолвен живот да проживееме во секоја побожност и чистота. Спомни го Господи овој град, село, света обител, во кој живееме а и секој град и земја и оние кои што со вера живеат во нив. Спомни ги Господи оние кои пловат патуваат болните, оние кои страдаат, заробените затворениците прогонетите и нивното спасение. Спомни ги Господи плодоносците и добротворците во твоите свети Цркви и оние кои си спомнуваат за сиромасите и на сите нас испрати ја твојата Милост. Благослов на Нафората Велико Име Пресвета Троица, Пресвета Богородице, Помагај ни (3) Со нејзините молитви и по молитвите на Св Јован Златоуст, Христе Боже помилувај и спаси не В Најнапред спомни го Господи високо преосвештениот митрополит наш и дарувај го на твоите свети Цркви во мир, цел чесен здрав и долговечен, правилно да раководи со словото на твојата Вистина..ект Тебе ти го полагаме сиот наш живот и надеж, Владико човекољубив, и те повикуваме молиме и преколнуваме, удостој не да се причестиме со твоите небесни и страшни тајни од оваа света и духовна трпеза со чиста совест за ослободување на гревовите, за простување на грешките, за заедница со Светиот Дух, за наследство на царството небесно, за слобода кон тебе, не за суд или за осуда..ект. Ти благодариме невидлив Цару кој со неизмерната твоја сила си обликувал се и со изобилието на милоста твоја од небитие во битие си вовел се. Владико, погледни од Небесата на оние кои ти ги приклонија своите глави зашто не ги приклонија на тело и крв, туку на тебе страшниот Бог. Владико, предложенијата на сите нас во добро израмни ги, секому според сопствената потреба. На оние кои пловат плови со нив. На оние кои патуваат патувај со нив. Болните излечи ги, ти кој си лекар на нашите души и тела В Со благодатта и милоста и човекољубието на твојот единороден Син со кого си благословен со пресветиот благиот и животворен твој Дух, сега секогаш и во сите векови С Послушај Господи Исусе Христе Боже наш од твоето свето живеалиште и од престолот на славата на царството твое и дојди да не осветиш, ти кој седиш горе со Таткото и овде со нас невидливо пребиваш. И удостој не со твојата моќна рака да ни го предадеш твоето пречисто Тело и чесната крв а преку нас и на сиот народ. Боже милостив биди кон мене грешниот и помилувај ме. Да внимаваме. Светињата на светиите. Еден свет еден Господ Исус Христос во слава на Бог Таткото, Амин. Прекрши го Владико светиот леб. Се крши и разделува јагнето Божјо, скршен и неразделен секогаш јаден и никогаш недојаден, осветувајќи ги оние кои се причестуваат. Исполни го Владико светиот Путир. Полнотата на Путирот, на верата, на Светиот Дух, Амин. Благослови ја владико теплотава. Благословена е теплотата на твоите светии постојано сега секогаш и во сите векови, Амин. Теплотата на верата исполнета од Светиот Дух, Амин. Верувам Господи и исповедам дека ти си навистина Христос, Син на живиот Бог, кој дојде во светот да ги спаси грешните од кои првиот сум јас. Верувам дека ова е твоето пречисто тело и ова е твојата вистинска крв. Затоа тебе те молам, помилувај ме и прости ги моите грешки свесни и несвесни, оние со збор и оние со дело, со знаење и незнаење и удостој ме неосудено да се причестам со твоите пречисти тајни за ослободување од гревовите и живот вечен, Амин. Еве пристапувам кон Божествената Причест Создателу, да не ме изгориш со причестувањето зашто ти си огин кој ги гори недостојните, но очисти ме од секаква нечистотија. Сине Божји прими ме денес за учесник на твојата тајна вечера зашто нема да ја кажам тајната на твоите непријатели ниту целив ке ти дадам како Јуда, но како разбојникот ке те исповедам, Спомни ме Господи во царството твое. Причестувањето со твоите свети тајни Господе да не ми биде за суд и осуда но за исцеление на душата и телото, Амин. Од боготворната крв ужасни се човеку гледајки ја, зашто е жар кој ги изгорува недостојните. Божјото тело ме обожува и ме храни, го обожува духот и умот чудно го храни. Со љубовен копнеж си ме занел Христе и си ме променил со твојата Божја љубов. Изгори ги моите гревови со Духовен огин и удостој ме да влезам во милоста твоја и потскокнувајки, ликувајки Благи, да ги величам твоите две доаѓања. Како ке влезам недостоен во сјајот на светиите твои? Зашто ако се осмелам да влезам заедно со другите мојата облека ќе ме издаде бидејќи не е свадбена, ќе ме врзат и ќе ме исфрлат ангелите. Очисти ја Господи мојата душа и спаси ме како човекољубив. Владико Човекољубив Господи Исусе Христе Боже мој да не ми бидат овие светињи за осуда бидејќи сум недостоен, но за очистување и осветување на душата и телото и за залог во идниот живот и царството. А за мене, добро е да бидам доближен до Бог, да се наоѓам во Господ, надеж на моето спасение. Сине Божји примиме денес за учесник на твојата тајна вечера. Благословете ме сите небесни сили, свети ангели архангели и сите свеии, и молете го Бога за мене грешниот. Брате и сослужателу прости ми. Свештенството твое да го спомне Господ Бог во царството свое, постојано... Простете ми татковци и браќа и помолете се за мене грешниот. Боже милостив биди ми мене грешниот и помилувај ме. Господи кој си ме создал помилувај ме. Многу ти згрешив Господи прости ми. Чесното и пресвето тело на Господ Бог и спасителот наш Исус христос ми се предава на мене, свештеникот, за ослободување на гревовите мои и за вечен живот. Ѓаконе пристапи. Ете приоѓам кон бесмртниот Цар и Бог наш. Дај ми го Владико чесното и свето Тело на Господ и Бог и Светителот наш Исус Христос. Ти се дава тебе ѓаконе, чесното и свето пречисто тело на Господ Бог Спасител наш Исус Христос за ослободување на гревовите и живот вечен. Чесната сесвета и животворна крв на Господ Бог и спасител наш Исус Христос ми се дава на мене свештеникот за простување на гревовите мои и живот вечен. Во името на Таткото Амин и Синот Амин и Св Дух Амин. Еве се допре до моите усни и ќе ги земе Господ сите беззаконија мои и гревовите мои ќе ги очисти. Ѓаконе пристапи. Ете пак приоѓам кон бесмртниот Цар и Бог наш. Дај ми ја Владико чесната и света Крв на Господ Бог и спасител наш Исус Христос. Тебе ѓаконе ти се предава чесната сесвета и животворна Крв на Господ Бог спасителот наш Исус Христос за ослободување на своите гревови и за живот вечен, Амин. Во името на Таткото Амин и Синот Амин и Св Дух Амин. Еве се допре до твоите усни и ќе ги земе Господ сите безаконија твои и гревовите твои ќе ги очисти. Со страв Божји, вера и љубов пристапете. Благослвоен е оној кој доаѓа во името Господово. Бог Господ ни се јави. Верувам Господи и исповедувам... Се причестува Божјиот слуга со чесното и свето тело, и крв на Господ Бог и спасителот наш Исус Христос за ослободување на гревовите и за живот вечен. Телото Христово примете го, изворот на животот вкусете го. Откако го видовме Христовото Воскресение да се поклониме на светиот Господ Исус единствен безгрешен. На твојот крст се поклонуваме Христе и твоето свето Воскресение го пееме и славиме. Зашто ти си наш Бог, овен тебе друг не знаеме и со твоето Име се именуваме. Дојдете сите верни да се поклониме на светото Христово Воскресение зашто преку крстот ете дојде радост на целиот свет. Секогаш благословувајќи го Господа да го пееме неговото Воскресение зашто откако страдаше со распнување, со смрт смртта ја разруши 9 Песна од Пасхален Канон Свети се свети се нов Ерусалиме зашто славата Господова на тебе блесна. Ликувај сега и веселисе Сионе, а ти чиста, весели се Богородице за воскресението на твојот Род. О Пасхо, голема и најсветла, Христе. О Мудрост и Слово Божјо и Сила. Дај ни вечно да се причестуваме со тебе во незалезниот ден на твоето царство. Одземи ги Господе гревовите на слугите твои, со твојата света крв, по молитвите на Богодица и сите твои светии, Амин. Спаси го Боже народот твој и благослови го твоето наследство Н Видовме вистинска светлина, го примивме духот небесен, најдовме вера вистинска, на неразделната Троица и се поклонуваме зашто она не спаси нас С Вознеси Владико. Се вознесе на небесата и по целата земја, славата твоја Боже. Благословен е нашиот Бог постојано... Н Амин Да се исполнат нашите усти со пофалба кон тебе Господи за да ја пееме твојата слава зашто не удостои да се причестиме со твоите свети боженствени бесмртни и животворни тајни. Сочувај не во твојата светиња цел ден да се поучуваме во твојата правда, Алилуја (3) С Откако ги примивме боженствените свети бесмртни небесни животворни страшни Христови тајни, простум стоејќи достојно да му благодариме на Господа, Застапи спаси помилувај и сочувај не Боже со твојата Благодат, Цел ден совршен, свет мирен и безгрешен, сами себе... Тебе Господе Молитва по Причест Ти благодариме Владико човекољубив добродетелу на нашите души зашто и во денешниот ден не удостои со твоите небесни и бесмртни тајни. Исправи го нашиот пат, утврди не сите во твојот страв, сочувај го нашиот живот, зацврсти ги нашите чекори по молитвите на славната Богородица и секогаш Дева Марија и на сите твој светии. Зашто ти си нашето осветување и тебе слава ти вознесуваме на Таткото Синот... С Во мир да излеземе Н Во името на Господа С На Господа да се помолиме Н Господи помилувај Задамвона Молитва Господи ти ги благословуваш оние кои те благословуаат и ги осветуваш оние кои се надеваат на тебе, спаси го твојот народ и благослови го твоето наследство, сочувај ја полнотата на твојата Црква, освети ги оние кои ја љубат убавината на домот твој. Ти воспрослави ги нив со твојата божја сила и не оставај не нас кои се надеваме на тебе. Мир на светот твој дарувај му, на Црквите твои, на свештениците, на сиот народ твои. Зашто секое давање добро и секој совршен дар од горе е, слегува од тебе, Таткото на светлината и тебе слава, благодарност и поклонување ти вознесуваме на Таткото... Н Нека биде името Господово благословено од сега во сите векови (3) С Христе Боже наш, ти си исполнување на законот и пророците. Отакако го исполни целиот Татковски Домострој, исполни ги со радост и веселба срцата наши, постојано сега... Н Нека биде името Господово... С На Господа да се помолиме. Благословението Господово и милоста негова да дојде на вас преку неговата благодат и човекољубие постојано... Слава ти Боже наш слава ти Н Слава на Таткото Синот и Св Дух сега секогаш и во сите векови Амин Господи Помилувај (3) Татко Свети Благослови Отпуст Воскреснатиот од мртвите Христос, вистински Бог наш, по молитвите на пречистата света мајка своја, со силата на чесниот и животворен крст, со застапувањата на чесните небесни бестелесни сили, по молитвите на чесниот славен пророк претходник и крстител Јован, на светите славни и сефални апостоли, на светителот од Храмот, на светиот апостол Павле, Гај и Аристрах Македонски, светите славни и добро победни маченици Димитриј Мироточив Солунски, Петнаесет Тивериополски маченици, Еразмо Охридски, Ѓорѓи Кратовски, Спас Радовишки, Злата Мегленска, Кирана Васа и Теодора Солунски, Рамноапостолни Кирил и Методи, и нивните свети ученици Климент и Наум Охридски Чудотворци, Сава Горазд и Ангелариј, светите пустиножителни татковци Јоаким Осоговски, Прохор Пчински, Гаврлил Лесновски, Јован Рилски, Иларион Епископ Мегленски, Григориј Палама, Ахил Преспански, Нектариј и Агатангел Битолски, Никодим Тисмански, Теофил Македонски, Параскева Петка, Светите праведни Богоотци Јоаким и Ана, Јован Златоуст, и на сите светии, да не помилува и спаси како благ човекољубив и милостив Бог, Амин. По молитвите на светите татковци наши Господи Исусе Христе Боже наш помилувај не, Амин. Молитви по Св Причест Слава ти Боже (3). Ти благодарам Господи Боже мој што не си ме отфрлил мене грешниот но ме удостои да бидам учесник во твоите свети тајни. Ти благодарам што ме удостои мене недостојниот да се причестам со твоите пречисти небесни дарови. Но Владико Човекољубив кои заради нас си умрел и воскреснал и си ни ги подарил овие страшни и животворни тајни за добро и за осветување на нашите души и тела, подај овие да ми бидат за исцеление на душата и телото, за одгонуање на секој противник, за просветување на очите и моето срце, за мир на моите душевни сили, за непосрамена вера, за Љубов нелицемерна, за исполнување со премудрост, зачувување на твоите заповеди, умножување на твојата божествена благодат и придобивање на твоето царство. Со нив сочуван во твојата светиња да ја спомнувам секогаш твојата благодат и да не живеам веќе за себе но за тебе нашиот Владика и Добротвор. И така излегувајќи од овој живот со надеж за вечен живот да достигнам вечен мир каде што радоста на оние што празнуваат е постојана, и бескрајна е насладата на тие што ја гледаат неискажливата убавина на твоето лице. Зашто ти си вистинска и неискажана желба на тие што те сакаат, Христе Боже наш, тебе ти пее сето создание во векови, Амин Владико Христе Боже, Цару на вековите и создателу на се, ти благодарам за се што си ми дал за добрата и за причестувањето со пречистите и животворни твои тајни. Затоа те молам добар и човекољубив чувај ме под твојата заштита и во сенката на твоите крилја. Дарувај ми со чиста совест дури до последниот мој здив достојно да се причестувам со твоите светињи за отпуштање на гревовите и за живот вечен, зашто ти си леб на животот, извор на светињата, дарител на добрата и тебе слава ти вознесуваме со Таткото... Мол 3 Давајќи ми го твоето тело доброволно за храна создателу мој, ти кој си огин што ги гори недостојните да не ме изгориш и мене туку продри во сите мој делови, во сите состави во утробата во срцето. Изгори ги трњата на сите мои грешки. Душата очисти ја, мислите освети ги, деловите од моето тело утврди ги, чуствата просвети ги, целиот воведи ме во твојот страв. Секогаш покривај ме, заштити и сочувај од секакво душегубно дело и збор. Очисти ме, избањај ме и украси ме, разубави ме, вразуми и просвети ме. Покажи ме како твое живеалиште на единиот Дух, а никогаш живеалиште на гревот. По примањето на Евхаристијата да бега од мене секој злотвор и секоја страст како што бега од твојот дом. За молитвеници ти ги приведувам сите светии, власти на безтелесните сили, твојот претходник, мудрите апостоли, а со нив и твојата безгрешна чиста Мајка, со чии молитви прими ме Христе мој милостив, и син на светлината твојот служител направи го. Зашто ти си единствен, Благ, светлина и осветување на нашите души, и тебе како што прилега сите слава ти вознесуваме, секој ден, како на Бог и Владика Мол 4 Твоето свето тело Господи Исусе Христе Боже наш да ми биде за вечен живот и твојата чесна крв за отпуштање на гревовите, причеснава да ми биде за радост здравје и велелба, а на страшното и второ твое доаѓање удостој ме да застанам оддесно во твојата слава по молитвите на твојата пречиста мајка и сите светии. Пресвета Владетелка Богородице, светлино на мојата помрачена душа, надеж заштита прибежиште утеха и моја радост, ти благодарам што ме удостои мене недостојниот да бидам причесник на пречистото тело и чесната крв на твојот Син. Но ти која си ја родила вистинската светлина просвети ги умствените очи на моето срце. Ти која си го родила изворот на бесмртноста, оживотвори ме мене умртвениот од грев. Милостива мајко на милостивиот Бог, помилувај ме и дај ми во моето срце умилност, скрушеност и смирение во мислите мои и ослободување од робство на моите помисли, и удостој ме до последната воздишка неосудено да го примам од пречистите тајни осветувањето за исцеление на душата и телото и дај ми покајни и исповедни солзи за да ти пеам и да те славам во сите денови од мојот живот. Зашто си благословена и препрославена во сите векови, Амин С Сега го отпушташ слугата свој Владико со мир, зашто го видоа очите мои твоето спасение, кое си го приготвил пред лицето на сите народи, светлина и откровение за незнабожците и слава на народот твој Израил Трисвето Св Троица Татко Наш.. Од устата твоја како од огин заблеска благодат и ја просвети вселената, висината на смиреномудрието ни ја покажа. Свети Јоване Златоусте, со твојата слава додека не поучуваш, моли го Словото Христа Бога да ги спаси нашите души Од небеста си примил боженствена благодат и со твојата уста не учиш сите да се поклонуваме на единиот Бог во Троица. Себлажен и преподобен Јоване Златоусте, достојно те фалиме зашто си наставник кои ги јавува Божествените тајни. Непосрамена заштитнице на христијаните, незаменлива застапнице пред Творецот не ги презирај гласовите на молењата од нас грешните но побрзај како блага на помош на нас што со вера те викаме. Побрзај на молитвата, дотрчај на молитвите од оние кои те почитуваат Богородице постојана заштитнице, Господи Помилувај 12 Почесна од Херувимите...

Молитва на Приносот Господи Боже Седржителу Единствен Свет, кој ја примаш жртвата на благодарноста од оние кои те повикуваат со сето срце, прими ја молитвата од нас грешните и принеси ја на светиот твој жртвеник и оспособи не да ти принесуваме дарови и духовни жртви за гревовите наши и за незнаењата на народот и удостој не да најдеме благодат пред тебе за да ти биде нашата жртва благопријатна и да се всели благиот дух на твојата благост во нас и на овие предложени дарови и на сиот твој народ Ек, Симбол.. Канон на Евх


 

Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB