Пресвета Троица
Во книгите на Библијата никаде не се спомнува зборот Света Троица.
Најблиску до овој поим е кога Господ Исус Христос им заповедал на Апостолите да ги потопуваат верните (да ги крштеваат) во името на Таткото, Синот и Светиот Дух. На Апостолите и нивните ученици се им било јасно бидејќи биле поучувани од Христос и од Светиот Дух, но во книгите не е напишано јасно за природата на Светиот Бог. И така од самиот почеток на Црквата се појавиле многу секти а денес ги има безброј. Сето ова се случува поради погрешно разбирање на книгите во Библијата.
- Луѓето не можеле да сватат како е можно Семоќниот Бог да страда на крст и да умре.
- Насекаде во Библијата пишува дека Бог е само Еден и дека нема други Богови освен него. Никој не смеел ни да помисли дека има повеќе Богови. А кога Христос изјавил дека е долгоочекуваниот Син Божји и Месија, веднаш бил распнат и убиен. Евреите погрешно го разбрале пророштвото за доаѓањето на Месијата. Тие очекувале да се појави силен и вечен Цар, кој ќе ги ослободи од Римското Ропство, но Христос тоа не го направил бидејќи Христос дојде да не ослободи од ропстовото на незнаењето и смртта а не од нашите човечки непријатели на земјата.
- Дали Христос е Бог, дали е човек, кој е Светиот Дух, дали Духот е Сила, дали е Личност, дали Духот е Бог ? Кој е поголем, дали се троица, дали е еден, ако Христос е Бог и ако Бог е еден тогаш на кого му се молел Христос ? Дали Христос е создаден, дали е роден, кога е роден ?







Сето тоа не е лесно да се разбере и затоа се појавиле погрешни учења односнсо погрешни толкувања на зборовите Божји во Библијата, се појавиле и безброј секти, војни се воделе, а и денес се водат.
Православната Црква во борба против погрешните толкувања на Библијата (ереси) одржала седум големи Собори кој се нарекуваат вселенски бидејќи на нив учествуваа духовници од целата земја, свети луѓе кои добро ја познавале верата и учењето на Христос предадено на апостолите. Зборот Вселена значи место на земјата кое е населено со луѓе. Одлуките и правилата на овие собори се донесувале со молитва и со гласање.


1. Првиот 325 год во Никеа против Ариј кој викал дека Христос е создаден.
2. Вториот 380 год во Цариград против Македониј кој викал дека Светиот Дух е создаден.
3. Третиот 413 год во Ефес против Несториј кој викал дека во Христос има две личности и дека се родил како обичен човек, а Марија ја нарекол Христородица.
4. Четвртиот 451 год во Халкидон против Диоскор и Евтихиј кој викале дека Христос не е човек и дека во него има само една Божја природа, односно дека Христос е само Бог.
5. Петиот 553 год во Константинопол против Ориген кој викаше дека Бог е милостив и дека во пеколот маките нема да бидат вечни. Исто така Ориген погрешно викаше дека телото на оние што ќе се спасат нема да воскресне. Православното учење е дека и во рајот и во пеколот луѓето ќе восреснат со Телото и со Душата заедно. Едни за вечни маки други за вечна радост.
6. Шестиот 680 год против монотелитите, оние кои викаат дека во Христос има само една Волја
7. Седмиот 797 год во Никеа против иконоборците, оние кои викаат дека не треба да се цртаат икони. Православното учење е дека Божјата природа во Христос е неопислива, но човечката природа може да се нацрта на икона. Соборот воведе поклонување пред Христовиот лик, пред ликот на Богородица, како и на  сите Светии.


Еден Бог, Три Личности
Бог е Вечен, Семоќен, Сеприсутен, нема почеток и нема крај
Ние веруваме во Еден Бог со Три Личности
Зборот Лице (Ипостас) се однесува на Духовно Лице, а не телесно
Овие три Лица не се слеваат  во една личност и не се делат на три богови
Сите Три Лица во Едниот Бог имаат Иста Природа, Божествена Вечна Природа
Сите Три Лица заедно го создаваат светот и се што постои
Татко, Син, и Свет Дух
Таткото е Бог, Синот е Бог, Светиот Дух е Бог
Нема три богови но Еден е Бог со Три Личности
Таткото е Вечен, Синот е Вечен и Светиот Дух е Вечен
Ние луѓето сме создадени од Земја, но Таткото, Синот и Св. Дух не се создадени
За полесно разбирање на овие три личности во едниот Бог се вели:
- Таткото е НЕРОДЕН
- Синот се раѓа од Таткото пред времето несватливо за нас
- Светиот Дух произлегува од Таткото пред времето несватливо за нас
Понекогаш се вика дека Светиот Дух произлегува од Таткото преку Синот
Но не смее да се каже дека Светиот Дух произлегува од Таткото и од Синот. Тоа е Ерес.

За Пресвета Троица постои споредба со Сонцето
Сонцето е Таткото, Синот е Светлината а Светиот Дух е Топлината
И ние не можеме да живееме кога би го разделиле Сонцето
 
Синот пред 2000 години покрај Божјата природа на себе ја зема и нашата човечка природа
Синот се роди од Марија и зема облик на човечко тело, тоа е личноста Исус Христос
Исус Христос е Вистински Бог и Вистински Човек
Исус Христос е БОГОЧОВЕК
Христос е една Личност со две природи и со две Вољи
Христос има две природи, Божја и Човечка
Со човечката природа Христос јадеше, збореше, одеше, спиеше, постеше, страдаше, умре
Со Божјата природа Христос лекуваше, восреснуваше мртви, одеше по вода, и др.
Христос има две Вољи, Божја и Човечка, при што човечката секогаш се покорува на Божјата
Христос не се роди како обичен човек. Исус Христос се роди како Богочовек
Името Исус Христос Синот Божји го зема откако се роди од Марија и зема човечка природа
Синот два пати се раѓа
Прво пред времето како Бог, како светлина од светлина, вистински Бог од Бог вистински
Второ како Богочовек од Марија Дева, и тогаш го зема името Исус Христос
Христос страдаше со неговата човечка природа, а не со неговата Божествена Природа

Дали можеме Христос и Светиот Дух да ги наречеме наш Татко ?
Кога ќе ја кажеме молитвата ** Татко наш кој си на Небесата ... се мисли на Сите три Лица од Света Тројца, бидејќи сите три учествуаат во нашето создавање и не одржуваат во живот. Значи Таткото и Синот и Светиот Дух се наш Татко, наш Бог.
Имињата Јахве и Саваот исто така се однесуваат на сите три лица во Бог.

Светиот Дух
Светиоит Дух е Третата Личност од Пресвета Троица
Бог вика дека кој ќе похули на Светиот Дух
На тој човек нема да му биде простено ни на овој ни на оној свет
Тоа им го рекол на некои евреи кои викале дека Исус лечел со помош на ѓаволот
Односно силата на Светиот Дух тие ја нарекле велзевул а тоа значи ѓавол
Светиот Дух се спомнува често пати во Светото Писмо
Но при тоа треба да се прави разлика помеѓу:
Прво Личноста на Светиот Дух која е Бог
И второ Даровите или Плодовите на Светиот Дух
Даровите на Св. Дух понекогаш се нарекуваат Несоздадени Енергии
Господ рекол дека по плодовите ќе ги познаеме вистинските ученици Христови
Даровите односно плодовите на Св. Дух се:
Љубов, Вистина, Мир, дар за Пророкување, Исцелување, Проповедање, Поуки, Совети ...

Елохим, Адонаи, Кирие, Јахве, Јешуа, Месија, Ника
Зборот Бог доаѓа од еврејскиот збор Елохим а значи Бог или Цар
Зборот Господ доаѓа од еврејскиот збор Адонаи а значи Владика или Господар
На грчки Господ се вика Кирие, а Бог се вика Теос
Бог самиот ни го кажува неговото вистинско име и тоа на еврејски е ЈАХВЕ
Јахве на македонски значи ЈАС СУМ ОНОЈ КОЈ СУМ
Тоа значи Оној кој вечно постои. Бидејќи зборот Сум значи Постојам
Името Јахве понекогаш се изговара и како Јехова или Џехова
Саваот на еврејски значи Семоќен Бог
Ника на грчки значи победник
Исус е грчки и македонски збор и значи Спасител. Еврејски ЈЕШУА
Христос е грчки и македонски збор и значи Помазаник. Еврејски Месија
Господ го земал името Христос бидејќи тој е вечен цар
А царевите биле помазувани со елеј (масло) пред да го земат престолот
Масло на грчки се вика ЕЛЕОС. Елеј е симбол за Светиот Дух, и за Даровите на Светиот Дух
Царот, Свештениците и Пророците требале да имаат посебни Дарови на Св. Дух


Симбол претставува кратко објаснување на верата во Бог
Постојат два симболи на верата. Првиот Никејско-Констанинополски е донесен на првите два вселенски собори
Вториот е од Свети Атанасие Александриски и се наоѓа во псалтирот.

 

Никејско-Консантинополски Симбол На Верата
Верувам во Единиот Бог, Татко, Седржител, Творец на Небото и на земјата и на се видливо и невидливо
И во единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, кој е роден од Таткото пред сите Векови
Светлина од Светлина. Вистински Бог од Бог Вистински
Роден, Несоздаден, Единосуштен на Таткото, преку кого се станало
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небото
И се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек
И беше распнат заради нас во времето на Понтие Пилат, и страдаше и беше погребан
И воскресна во третиот ден според писмата
И се вознесе на небо и седи од десно на Таткото
И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и неговото царство не ќе има крај
И во Светиот Дух Господ кој дава живот, кој произлегува од Таткото
На кого се поклонуваме и го славиме заедно со Таткото и Синот, и кој говорел преку пророците
Во една Света Соборна и Апостолска Црква
Исповедувам едно крштевање за простување на гревовите
Го чекам восресението на мртвите
И животот во идниот век. АМИН



Симбол на Верата
Од Свети Атанасие Патријарх Александриски

01 Оној кој сака да се спаси, пред се треба да ја почитува соборната вера
02 Која ако во целост и непогрешно не ја сочува, без сомневање засекогаш ќе погине
03 Верата, соборна е оваа: Ние го прославуваме Едниот Бог во Троица и Троица во Еден
04 Со три личности неслиени и една природа неразделна
05 Зашто една е личноста на Таткото, друга на Синот и друга на Светиот Дух
06 Но Божјата природа на Таткото, Синот и Светиот Дух е една, Славата е една, и Величието е едно
07 Каков е Таткото, таков е Синот, таков е и Светиот Дух
08 Несоздаден е Таткото, несоздаден е Синот, Несоздаден е Светиот Дух
09 Несватлив е Таткото, несватлив е Синот, несватлив е Светиот Дух
10 Вечен е Таткото, вечен е Синот, вечен е Светиот Дух
11 Меѓутоа не троица вечни, туку Еден Вечен
12 Не се троица несоздадени ни троица несфатливи туку еден несоздаден и еден несфатлив
13 Како што Таткото е Семоќен, така и Синот е Семоќен и Светиот Дух е Семоќен (Седржител, Сеприсутен)
14 Не троица Семоќни туку Еден Семоќен
15 Таткото е Бог, Синот е Бог и Светиот Дух е Бог
16 Меѓутоа нема три Богови, но само Еден Бог
17 Слично Таткото е Господ, Синот е Господ и Светиот Дух е Господ
18 Но нема три Господа но само Еден е Господ
19 Како што според Христијанската Вера секоја Личност ја нарекуваме Бог и Господ
20 Така според истата Соборна Вистина не смееме да кажеме дека има три богови или три господа
21 Таткото од никого не е создаден ни креиран ни роден
22 Синот не е создаден од Таткото, ниту е креиран, туку е Роден
23 Светиот Дух не е создаден од Таткото ниту креиран ни роден. Светиот Дух од Таткото Произлегува
24 Има еден Татко, а не три Татковци. Еден Син а не три сина. Еден Свет Дух а не три свети духови
25 Во лицата на Света Троица никој не е прв или последен, и никој не е поголем или помал
26 Сите три личности се вечни и еднакви
27 Според она што до сега го кажавме, Троица во Еден, и Еден во Троица го Прославуваме
28 Затоа кој сака да се спаси треба вака да размислува за Пресвета Троица
29 Заради нашето спасение треба точно да веруваме и во Воплотувањето на нашиот Господ Исус Христос
30 Вистинска вера е кога веруваме и кажуваме дека нашиот Господ Исус Христос, Син Божји, е Бог и Човек
31 Бог по природата на Таткото пред времето роден, и човек по природата на мајката во времето роден
32 Совршен Бог и совршен Човек, со душа разумна и тело човечко
33 Еднаков на Таткото со неговата Божја Природа и помал од Таткото со неговата човечка природа
34 Иако Он е Бог и Човек, во него нема две личности но еден е Христос
35 Еден, не со претворање на Божјата природа во Тело, но со примање на човечката природа од Божјата
36 Еден во полнота, не со слевање на природата, но со единство во Личноста (Христос е само една Личност)
37 Како што еден човек има разумна душа и тело, слично Еден е Христос, Бог и Човек, Богочовек
38 Кој пострада заради наше спасение и слезе во адот и во третиот ден воскресна од мртвите
39 И се вознесе на небесата и седна од десно на Бог, Таткото Семоќен
40 Од каде што ќе дојде да им суди на живите и мртвите
41 И со доаѓањето свое сите луѓе со телата свои ќе ги воскресе
42 За одговор да дадат за делата свои
43 И ако добро правеле во вечен живот ќе појдат ако пак зло правле во огин вечен
44 Ова е соборната вера. Во неа ако некој верно и вистинито не поверува неможе да се спаси




 
Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB