The Water Of Life
   Name Of God








Смислата на животот

Смислата на нашиот живот е добивање на даровите на Светиот Дух

Соединување со Светиот Дух
Сеоединување со Бог

Обожување


Како се добиваат даровите на Светиот Дух ?
Со Љубов, Мир, Нежност, Помагање, Советување, стекнување Вистинско Знаење
Учење на памет делови од Библијата, учење на памет Молитви и Духовни Песни
Активно Учество во Светите Тајни на Црквата
Здрав Живот, Здрава Исхрана ....
Здрав живот, тоа е Дисциплина, Послушност, Контрола над своите чувства и навики, рано легнување, рано станување, редовни прошетки на Чист Воздух, стекнување Постојаност и Силна Непромелнива Навика во новиот Светодуховен живот.
Избегнување места каде што има нерир, галама, цигари, алкохол, непристојни зборови, гласна музика, безбожни луѓе бидејќи сето тоа може за премногу кратко време да го растури она што долго време сме се бореле да го постигнеме.

Следење на најновите достигнувања во науката која ги испитува штетните бранови во природата и свемирот, а исто така постојано ја испитува храната и секогаш има нови совети за здрава исхрана. Навистина денес ние сме благословени со безброј книги што се занимаваат со начин на исхрана и сите ние треба нешто да научиме од нив.

Редовен подвиг, тоа значи секојдневно напредување во Духовниот живот. На пример после извесен временски период да се каже една молитва повеќе, да се прочита од Библијата една страна повеќе, да се биде секогаш подобар и посовршен, посличен на Небесниот Татко. Бедејќи Бог ни заповедува: Бидете совршени како што е совршен вашиот Татко Небесен.

Дома и насекаде треба секогаш тивко да збориме, скоро да шепотиме, бидејќи силното зборење предизвикува немир кај оние што не слушаат, немирот го растура целото тело, и со тоа ние кога се извикуваме сме директно одговорни за болест како и за убиство на оние околу нас. Силните бранови што излегуваат од оној што е нервозен и деструктивен буквално предизвукува серија рафални експлозии во системот на слушателите, и така природната размена и циркулација на енергиите се растура и предизвикува трајни последици на здравјето кај оние на кои им се
Дереме
Тивкото зборење и шепотење, спротивно на нервозната галама предизвикува Мир, и Бог се вселува во Мирот преку Светиот Дух, и Светиот Дух ни дава секакви радосни дарови од Здравје, Радост, Љубов, и на крај Живот Вечен во Рајската Градина заедно со Адам, Ева, сите Анели, сите Свети Луге и Светиот Бог.

Повеќе време посветување на Себеси, на Молитвено Размислување за целта на својот живот
Размислување за тоа како да се помогне најдобро на луѓето што се во твојата околина




  •  

    Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB