Зборовите на Бог за Последните Времиња

Матеј 24

Пазете се да не ве излаже некој. Зашто мнозина ќе дојдат во Мое Име говорејќи - ја сум Христос. И ќе прелажат мнозина. Ќе слушате боеви гласови за војни. Гледајте да не се уплашите оти сето тоа треба да биде ама тоа уште не е крајот. Зошто ќе се дигне народ против народ и царство против царство и на места ќе има глад, помор и потреси. А сето тоа е почеток на болките. Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убијат и ќе бидете мразени од сите народи, заради моето Име. Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат. Многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина и бидејќи беззаконијата ќе се умножат кај мнозина Љубовта ќе олади. А кој претрпи до крај тој ќе биде спасен. И ќе биде проповедано ова Евангелије за Царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи и тогаш ќе дојде крајот. Па така штом ја видите мерзоста на запистението да стои на свето место за која е зборувано преку пророкот Даниел - кој чита нека разбере - тогаш оние што се наогаат во Јудеа да бегаат по планините. Кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја и кој е на нива нека не се врака дома за да ги земе алиштата свои. Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие денови. Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме. Или во Сабота. Оти тогаш ќе биде мака каква што не била од почетокот на светот па досега, а и нема да биде. И ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил. Но заради избраните ќе се скратат тие дни. Тогаш ако ви каже некој **еве овде е Христос, или таму е** не верувајте. Оти ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци и ќе покажат големи знаци и чуда за да ги прелажат ако е можно избраните. Ете однапред ви кажав и така ако ви речат ** Ете во пустината е Он** не излегувајте. **Ете во тајна соба е** не верувајте. Зошто како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. Оти каде што е трупот таму се собираат и орлите. И веднаш по маките на тие дни сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина. И ѕвездите ќе попаѓаат од небото и силите небески ќе попуштат. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња и ќе го видат Синот Човечки како иде на Небеските Облаци со голема Слава и Сила. И ќе ги испрати своите ангели со голем трубен глас и ќе ги соберат неговите избраници од четирите ветра од едниот до другиот крај на небесата..... А за тој ден и час никој не знае ниту ангелите небесни а само мојот Отец. Но како што беше во деновите на Ное така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки. Оти како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа, до оној ден кога Ное влезе во ковчегот, и не узнаа додека не дојде потопот и истреби се - така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки. Тогаш ќе бидат двајца на нива. Еден ќе се земе а другиот ќе се остави. Две жени ќе мелат на рачници. Едната ќе се земе а другата ќе се остави. Па така бидете будни зошто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. Знајте го и тоа дека ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот тој би стоел буден и не би дозволил да му ја поткопаат куќата. Затоа бидете и вие готови зашто во кој час не мислите ќе дојде Синот Човечки.

Лука 21        

А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се. Сетоа тоа треба да стане, но сеуште не е крајот. Ќе се крене народ против народ и царство против царство. А на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор. Ќе има стравотии и големи знаци на небото. А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи ве на синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви и управници заради Моето Име. И тоа ќе ви биде вам за сведоштво. И така, ставете си при срце да не размислувате однапред што ќе одговарате, зашто јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да и противречат ниту да и се протистават сите ваши противници. Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа и од роднини, и од пријатели, а некои од вас ќе бидат и убиени. И ќе бидете намразени од сите, заради Моето Име. Но ни влакно од главата ваша нема да загине. Со трпение спасувајте си ги душите. А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте дека се приближило неговото запустување. Тогаш оние што се наоѓаат во Јудеа, нека бегаат во планините. И кои се во градот да излезат од него. А кои се по околните места нека не влегуваат во него, зашто тоа се дните на одмазда, за да се изврши се што е напишано. Но тешко на бремените и доилките во тие дни. Зошто голема мака ќе биде на замјата и ќе паднат од сечивото на мечот и ќе бидат одведени во плен по сите народи. А Ерусалим ќе го газат незнабожци се додека не се свршат времињата на незнабожците. И ќе има знаци на сонцето и на месечината, и на ѕвездите, а на земјата тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето и од брановите. Луѓето пак ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зошто и силите небески ќе попуштат. И тогаш ќе го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со сила и Слава голема. А кога ќе почне тоа да станува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение. Погледајте ја смоквата и сите дрва. Кога ќе видите дека потеруваат сами знаете дека летото е веќе близу. Па така кога ќе видите дека станува ова знајте оти се приближи Царството Божјо. Вистина ви велам, нема да премине овој род, дури сето тоа не се исполни. Небото и земјата ќе преминат но зборовите мои нема да преминат. Само пазете се. Вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, и грижи за овој свет, за да не ве затече оној ден ненадејно. Оти тој ќе дојде како примка за сите што живеат по целата земја. Бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она што ќе настане и да се исправите пред Синот Човечки.

Откр 20           

Потоа видов како од Небото слегуваше ангел, кој што го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја. Го фати змејот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната. Го врза за илјата години. Потоа го фрли во бездната и го заклучи. Ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјадата години. По ова време тој треба да биде пуштен за малку време. И видов престоли и седнати на нив на кои им беше дадено да судат а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на Ѕверот, ниту на ликот негов и не примија белег на челата свој и на рацете свој. И оживеаја и царуваа со Христа илјада години. Другите пак од умрените не оживеаја додека не се наврши илјадата година. Тоа е првото Воскресение. Блажен и свет е оној кој има дел во првото Воскресение. Над нив втората смрт нема власт. А ќе бидат Свештеници на Бога и ќе царуваат со Него илјада години. А кога ќе се навршат илјадата години сатаната ќе биде пуштен од затворот свој и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата Гога и Магога, и да ги собере за војна. Бројот нивни е колку морскиот песок. Тие излегоа по ширината земја и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град. Падна од Бога оган небесен и ги проголта. А ѓаволот што ги лажеше беше фрлен во огнено и сулфурно езеро каде што е ѕверот и лажниот пророк. Тие ќе бидат мачени дење и ноќе во векови вечни. И видов голем бел престол и седнатиот на него од чие лице побегнаа земјата и небото и за нив место не се најде. Потоа ги видов мртвите мали и големи како стојат пред Бога. Се отвројија книги и друга книга се отвори - книгата на животот. И судени беа мртвите според запишаното во книгите според делата нивни. Морето ги поврати мртвите свои кои беа во него. Смртта и пеколот ги повратија мртвите свои што беа во нив и секој прими суд според делата свои. А смртта и пеколот беа фрлени во огнено езеро. Тоа е втората смрт. И кој не беше запишан во книгата на животот беше фрлен во огненото езеро. И видов ново небо и нова земја, зошто поранешната земја помина и морето го немаше веќе ..... кој победува ќе наследи се и ќе му бидам Бог а тој ќе ми биде син. А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат делот им е во езерото што гори со огин и сулфур, тоа е втората смрт....... и ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал која истекуваше од престолот на Бога и на Ангнецот (Христос). Среде главната улица и од двета страни на реката - дрвото на животот, што раѓа плодови дванаесет пати давајќи плод секој месец, а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите. И нема веќе да има никакво проклетство. Престолот на Бога и на Агнецот ќе биве во Градот. Неговите слуги ќе му служат и ќе го гледаат Лицето негово, а Името негово ќе им биде на челата нивни. И ноќ нема да има таму и не ќе има потреба од светило ниту од сончева светлина бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува и ќе царуваат во Векови Вечни. ... Кој чини неправда нека чини неправда уште, и кој е осквернет нека се осквернува уште, и кој е праведен нека чини правда уште и кој е свет нека се осветува уште. И еве ќе дојдам скоро и отплатата моја е со мене за да му дадам на секого според делата негови. Јас сум Алфа и Омега. Почеток и Крај. Првиот и Последниот. Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите негови за да бидат достојни за Дрвото на Животот и да влезат во градот низ портите. А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој што сака да лаже и лаже. ... и Духот и Невестата велат **Дојди** и кој чуе нека каже **Дојди** и кој е жеден нека дојде и кој сака нека земе од водата на животот дарум....зборува оној што го сведочи ова **Да Ќе Дојдам Скоро** Амин. **Да, Дојди Господи Исусе**. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со Сите Вас. АМИН


 

Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB