Интимни Односи        

Еротскиот Дел од Љубовта меѓу мажот и жената од секогаш бил интересна тема за младите. Во Светото Писмо јасно стои дека пред брак не се дозволени интимни односи. А ако мажот и жената се доближат еден до друг, и го направат првиот интимен однос, тогаш мажот треба да ја земе жената и да не се разделува од неа до крајот на животот. Затоа младите мора добро да размислат пред да се доближат бидејќи тоа е една многу важна одлука во животот после која нема враќање назад.
Оваа заповед е кажана безброј пати во Библијата и таа два пати се спомнува во десетте најголеми христијански заповеди, во седмата и во десетата заповед:

  7. НЕ ВРШИ ПРЕЉУБА
10. НЕ ПОСАКУВАЈ ЈА ЖЕНАТА НА БЛИЖНИОТ ТВОЈ, .......



Црквата од секогаш ги советувала младите пред да влезат во Светата Тајна Брак, да се дружат, да се запознаваат, да разговараат за смислата на животот, за тоа што очекуваат еден од друг, и откако ќе бидат сигурни дека нивната Љубов е силна и безусловна, тогаш да побараат благослов од Црквата за заеднички живот во Брак.

Во кој случај мажот и жената имаат право да се разделат ?
Тоа е ако едниот од нив започне со прељуба, малтретирање, тепање, алкохол, дроги, менување на верата и во слични ситуации. Ако на пример жената не е сигурна дали треба да го остави мажот за неговото лошо однесување, таа треба да се советува со Светата Заедница, каде ќе добие најдобар совет за нејзиниот следен чекор.

Еротика или Љубов       

Најголемите и најпознати Духовници, а тоа се Светителите и Учителите на Црквата скоро секогаш еротскиот однос го сметале како дар од Бог единствено за размножување, а не за некое секојдневно задоволство. Сите Свети Отци биле монаси, односно немале жена, деца. Тие со сите сили се труделе да бегаат од помислата на Еротика и често пати страшно си го измачувале своето тело со пост, со тешка работа, со неспиење, со долготрајни молитви за да можат да ги контролираат еротските чуства, односно да не им дозволат да го завладеат нивниот ум. Од Светите Отци и Учители на Црквата Христова не би можеле да земеме пример за интимните односи.

Но во Библијата постои една книга која се вика Песна над Песните и таа е песна за Љубовта помеѓу еден заљубен пар, момче и девојка. Оваа книга содржи еротски елементи и поради ова за неа постојат различни толкувања. Сепак битно е да се нагласи дека во таа книга нема ништо страмотно, ништо перверзно и нема никаков интимен однос. Книгата е инспирирана од Љубовта, и таа е плод на фантазијата на заљубените, кога тие на своите пријатели им раскажуваат дека нивната Љубов е најубава, и за таа даваат разни споредби.

На пример: Твоите очи се како гулаби,.. како јаболково дрво помеѓу дрвата во шумата е мојата љубов помеѓу младите. Јас се радувам да седнам во неговата сенка, а неговите плодови се слатки за мене... неговата лева рака е под мојата глава, а неговата десна рака ме прегрнува....
Оваа книга од Светите Отци се толкува како љубов помеѓу Христос и Црквата, и со ваквото толкување повторно се игнорира еротската љубов. Но не се сложуваат сите со ваквото толкување на оваа Љубовна Песна од Библијата.

Најважно е тоа дека Бог во Светото Писмо стои јасно и најстрого против сите видови на Еротски Первезии, како што се Содомија, Хомосексуалност, Инцест... а тоа значи дека во Светата Заедница не смее да се дозволи однос маж со маж, жена со жена, човек со животно, однос меѓу роднини до второ колено, оргии, како и прељуба, односно однос на маж со жена што не е негова. Ваквите односи во Стариот Завет Бог определил да бидат казнувани со Смрт, најчесто со каменување. Казната била строга со цел луѓето да се плашат и воопшто да не помислуваат на било какви еротски перверзии.

За интимниот однос во брак помеѓу мажот и жената Бог не ни кажува јасна заповед, и со тоа ни дозволува ние самите да ја создаваме Љубовта и да ја негуваме. За ова најдобро е да земеме пример токму од книгата Песна над Песните каде Љубовта е навистина Нежна, Романтична, Чиста, преисполнета со Дух, со Радост, со Желба, со Фантазија, со Љубовна Поезија, едноставно Љубовта е Прекрасна и Фантастична.

Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB