Зашто Не Треба Да Се Гледа Телевизија 
 
Гледаш страшен филм на телевизија
Целиот си наежен и помалку уморен
Филмот завршува
Го гасиш телевизорот, стануваш
Ја отвораш вратата и излегуаваш надвор
Одеднаш чуствуваш мир и големо олеснување
Ги гледаш децата како си играат
И ги слушаш нивните весели гласови
Си помислуваш животот е прекрасен
Си помислуваш на Љубов Нежност Вечност
Но Немој да очекуваш тој мир долго да трае
Бидејќи ти веќе го повика Демонот на Смртта
Он е сега блиску до тебе, можеби баш позади тебе
Бара начин да те нападне и твојот живот да го уништи
Твојата Радост да ја претвори во страшна болка
 
Господ кажа НЕКА БИДЕ СВЕТЛИНА и Светлината се појави
Зборот Светлина се претвори во Вистинска Светлина
Зборот Вода се претвори во Вистинска Вода
Зборот Ѕвезди се претвори во Вистински Ѕвезди
Човекот е создаден според сликата на Господ Бог
Ние сме слични на Семоќниот Владика Небесен
Секој збор што ќе го изговори човекот и што ќе го слушне
И секоја слика што ја гледа, или замислува во себе
Сите тие се преобразуваат, се матерјализираат во нашата околина
Ако се зборови или слики на Љубов, Љубовта станува Вистинска
Ако е Смрт, Смртта станува Вистинска
Ако е Насилство, и тоа станува Вистинско
И ти си најблиску тоа насилство да го почуствуваш
Но ако во себе ги имаш зборовите на Господ
Ти си најблиску да го почуствуваш Вистинскитот Бог
 
Ова знаење некои сатански свештеници го злоупотребуваат
Земаат кукла Ја нарекуваат според името на оној што сакаат до го убијат
Прават неколку ритуали со кои Човекот го претставуваат за Мртов
И на крај ја фрлаат куклата во Огин, или ја Бодат со Игла или Колец
Ако човекот што треба да биде убиен не го носи во себе Вистинскиот Бог
Највероватно ке му се случи страшна несреќа и смрт.
 
Тоа е дел од ритуалите за пренесување на идеата во реалниот живот
Но таа магија со куклата денес е најмалку интересна
Бидејќи во светот се случува милјон пати пострашна магија
Која целиот свет ќе го претвори во Пекол Крв Смрт Болест Ужас
 
Колку пати родителите на своите деца им го читаат стихот:
*** Нека Биде Светлина *** и дали тоа го прават секоја вечер
Дали секоја вечер ги благословуваат децата со Љубов и Вистина
А колку пати Родителите ги ставаат своите Деца пред ТВ
За да гледаат нож забоден во Човечко Тело
 
Бидејки кога ја повикуваш Светлината, таа доаѓа при тебе
А кога ја повикуваш смртта, смртта ќе те посети
Кога твоите очи гледаат Вистинска Светлина
Таа Светлина го освојува твојот дух и ти чустсвуваш силна радост
А кога гледаш Убивање Перверзии Насилство Прељуба Крв Силување
Тогаш сите тие слики тебе ќе те освојат најреално
И ти ќе ги почуствуваш на твојата сопствена кожа
 
Секој глас што го слушаш и секоја слика што ја гледаш се внесуваат во тебе
Гласот и сликата се вселувааат некаде најдлабоко во тебе
И тука тие делуваат или како Благослов или како Проклетство
Господ ни даде заповед да ги Благословуваме сите луѓе на овој свет
Од нашата уста да произлегуваат зборови на Радост Љубов Живот Вистина
Но кога гледаш ТВ секој збор е Проклетство и Секоја слика е Проклетство
Уште од најмали децата се учат на Групен Секс, Оргии, Убивање со Оружје
А тоа се почесто се случува насекаде во Светот околу нас
Сите најстрашни демони од ТВ се пренесуваат во срцето на човекот
И тука тие прават страшно Проклетство
И секоја вистинска Радост ја преобразуваат во голема Болка и Тага
Се случува ужасен кошмар во топлото срце во тебе
Наместо Мир Љубов Нежност и зборовите на Господ
Во Срцето има Нож Смрт Оргии Силување Насилство Пцуење
И во време кога најмалку очекуваш
Сето тоа ќе се случи вистински во твојата околина насекаде околу тебе
И ти ќе ја допреш најголемата болка и тага
Која се заканува да го претвори твојот живот во смрт
 
Очите Бог ги создаде за тие да гледаат во очите на најблиските
Во Жената Децата, Мајката Таткото Братот и Сестрата, Пријателите
Да гледаат во Светите Слики и Икони во Православната Црква
Да го гледаат лицето на Светиот Господ Исус Христос
Да гледаат во Ангелите и Светите Учители на Црквата
Да се насладуваат со Светите Украси во Храмот
Како што се Крстови Свеќници Резби и целото Свето Богатство на Црквата
И ушите Господ ги создаде за да го слушаат гласот на најближните
Да го слушнат гласот на оние кои највеќе ги сакаш
Да ги слушаш кога го повикуваат твоето Име
Да ги слушаш кога се радуваат
Но највеќе Господ нас целите не создаде заедно со сите наши сетива
Целосно да го примиме во себе Светиот Обред во Храмот
Активно да учествуваме во тајните на Светата Православна Уметност
Да ги слушаме Песните кои го Прославуваат Името на Светиот Бог
И така Името на Светиот Бог да биде длабоко Изрезбано во Нас
Бидејќи тоа име е Вистинско Сонце
Вистинско Сонце од кое произлегува Вистинска Светлина
Тоа Име е Вистински Извор од кој произлегува Водата на животот
Таа тече во нас и не Благословува, не Освежува, ни дава Љубов и Се
Името на Светиот Бог мора да се претвори во наша постојана Молитва
Постојана Молитва на нашиот Дух
Секогаш и насекаде кога сме слободни
Неговото Име да го повикуваме и да го пееме
 
Но се што се случува во програмите на ТВ
Е Вистински и силен Сатански Обред, Ѓаволска Уметност
Најстрашната магија на сите времиња
Која прво се пренесува најдлабоко во твоето срце
Ја уништува Љубовта во тебе, Љубовта кон Бог и кон Ближните
И Љубовта ја преобразува во силна Омраза, Нервоза и Перверзии
А на крај ТВ конечно го менува целиот свет околу тебе
Целиот Свет се претвора во Илузија Болка Немир Страв Ужас и Смрт
 
Првиот Сатански Свештеник во Холандија изјави дека
Телевизијата е најсилно оружје на Сатаната
Со кое целиот свет се претвори во Бесови и Демони
И никој повеќе нема Вистинска Љубов За Вистината
За Вистинскиот Господ Бог кој не создаде само Него да му служиме
И така луѓето денеска се Деструктивни Личности
Кој Господ ги нарекува Демони, или Ѓаволи
 
Бидејќи секој човек повеќе пати го пушта телевизорот
Да ужива во перверзиите на ѓаволот
А помалку ја отвара Библијата да го слуша гласот на Господ
И секој повеќе ги познава најперверзните глумци и филмови
А помалку знае за Љубовта на Мојсеј и Давид кон Господ
Дека Давид целото свое време го Благословуваше Господ
Му пееше и му свиреше и силно се радуваше со својот народ
Навечер молитветно плачеше за Благослов
А преку ден го водеше Израелскиот Народ
Мојсеј кој беше најпонизен од сите луѓе
Разговараше со Бог, лице во лице со Семоќниот Бог
Како што човек разговара со својот пријател
 
Денес сите, млади и стари ја носат сликата на телевизорот
Силно изрезбана во очите срцето главата и целото тело
Тоа е знакот на Ѓаволот со кој сите луѓе ќе бидат запечатени
Обележани за вечна Осуда
 
А Светите Луѓе
Кој ги носат во себе Зборовите на Господ
Запипшани во Библијата и во нивното Срце
Тие го имаат името на Господ Исус Христос
Засекогаш силно запишано во себе
Тие не дозволуваат никој да им го одземе тоа Име
Од Вистинскиот Бог тие се определени за Живот Вечен
Во Вечните Живеалишта За Секогаш


 
Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB