Зашто Не Треба Да Се Пуши Цигари И Да Се Пие Алкохол
 
Кога ја исполнуваш твојата воља
Кога не ти е грижа за семејството
Кога ги мразиш твоите деца
Кога ќе и кажеш не на Љубовта
Кога Смртта ти е помила од Животот
Тоа е најтажната слика на светот
Кога се тресеш и нервозно излегуваш од дома
Одиш до првата трафика
И си купуваш СМРТ
Парите му ги даваш на Сатаната
Му го даваш здравјето, љубовта, животот
Му го даваш целиот свој живот
Му го принесуваш како жртва твоето семејство
Да, и твоите родени деца него му ги поклонуваш
За да ги измачува и на крај да ги убие
И ти сето тоа го правиш за едно најситно, најмало задоволство
Lord HB Partner Winston West Bond
Најотровно и најодвратно решение во моментот
 
Кога гo вдишуваш димот од цигарите
Он преку градите оди во сите вени и капилари
И така го уништува целото тело
Ги уништува гените
Директно го убива животот на твоето потомство
Со големи шанси твоите деца да се родат сакати
Или крајно слаби и неспособни за живот
Неотпорни на страшни болести како што е Леукемија
Преку воздухот сртта им ја даваш на твоите најблиски дома
На твоите колеги на работа
И ти стануваш сериски убиец и викаш:
** Баш ми е гајле за се **
Смртта доаѓа во твојот мозок
Прво ја загадува најскапоцената црвена течност во телото
А потоа го зафаќа целиот систем со центар во Главата
Го уништува целиот нервен систем на човекот
А нервниот систем раководи со сите органи во телото
После тоа ти не си способен правилно да размислуваш
Не си способен правилно да чуствуваш
Стануваш крајно деструктивен, нервозен и неподнослив
Ова го пренесуваш на твоите ближни
Им ја одземаш радоста и животот им го одземаш
Твојата способност за контрола е изобличена
Твоите органи ги убиваш и тие полека умираат
Им ја отвораш широко вратата на најстрашните болести
Просто ги молиш да дојдат и да те освојат
Тоа е нјстрашен вид на Сатанизам
Се убиваш самиот а потоа и другите
Нешто најодвратно од почетокот на Времето
Тоа е најголемиот грев на светот
Никој не те присилува
Ти најдоброволно
Ја купуваш бавната смрт
 
Но и другите ги убиваш
И при тоа не ти е гајле за последиците
Дека откако ќе се разболеш
Некој ќе треба да те чува
Да те гледа како умираш
Да плаче за тебе
Дека твоите најблиски
Твојата Жена и твоите Деца
Наместо да работат и да се радуваат на животот
Ке треба тебе да те гледаат како умираш
Како полека ти се распаѓа телото
Некогаш тоа со години се случува
Ќе треба сите пари да ги дадат за Операции
Болници Инекции Седативи
Нивната Радост и Љубов ќе се претвори во Ужас
И кога ќе јадат и кога ќе пијат
И кога надвор е најубаво време за прошетка
Твоите најсакани плачно ке мислат на твојата смрт
Не ќе можат да се ослободат од страшните слики
Тоа е твоето тело кое полека се распаѓа и ги напушта
И ти ги оставаш сами на овој свет
Осакатени засекогаш со сите трауми
Од кои можеби не ќе можат да се ослободат никогаш
 
Со една цигара ги кршиш сите 10 Заповеди од Гопспод
И стануваш близок пријател на најголемиот Богопротивник
Неговото име е Сатанаил, Сатаната
Секогаш кога палиш цигара правиш завет со оваа личност
Дека он е твој бог
И него го љубиш највеќе на овој свет и највеќе од се
Повеќе од Жената Децата и сите Најближни
 
А одговорноста кон твоите блиски не сакаш да ја почуствуваш
Ангелите што те сакаат и неможат без тебе
Што сакаат да го слушаат твојот глас и да се блиску до тебе
Оние што се грижат за тебе
Тие се твоите Ангели во тело
Бог ги определи за тебе
За ти да ги сакаш и да чуствуваш одговорност кон нив
Да им го овозможиш твоето присуство
Да ги радуваш
Да зрачиш со Радост Мир Љубов Здравје Живот
Со Елан
Со Мистичен Елан
Тоа е сила која ќе го облагороди животот
Насекаде околу тебе да има Свежина
Да се чуствува Силата на Светиот Дух
Љубовта помеѓу вас да биде Света и Совршена
Зборовите на Господ да бидат Твоја Светлина
Во Сите Векови


 
Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB