КОГА СЕ ЌЕ БИДЕ ЕДНО ВО ЉУБОВТА

Дали твоето слободно време поминува мирно и тивко
Во молитвено размислување и тивка светлина
Или ужасно, гласно и нервозно
Дали напредуваш во Вистинско Знаење, во Љубовта кон Вистината
Дали се случува во тебе внатрешна духовна војна
Војна меѓу доброто и злото
Сакаш ли да навлезеш длабоко во тајните на знаењето и духовниот живот
Ако го смениш тоа што е во твоето срце
Целиот Свет ке го промениш
Тоа што се случува најдлабоко во тебе
Тоа ќе се случи во твојот живот, насекаде околу тебе
Во твојата околина, твоите очи ќе го видат она што е длабоко во тебе
Ако имаш во себе Љубов ќе ја допреш Љубовта
Ако во тебе е Бог, ќе се сретнеш со Бог
Ако го повикуваш Бог, Он самиот ќе ти се јави
Но Он ќе те припреми за средбата за се да биде совршено и чисто
А таа припрема сега на сите нас ни се случува
Во нас се случува силна невидлива војна
 
Животот е Борба за Знаење
Тоа е внатрешно вечно знаење
Знењето се стекнува после многу тешки животни борби
Не е можно да се стекне вистинско знаење без силен Духовен живот
Животот мора да биде постојано и секојдневно напредување, ПОДВИГ
Оние луѓе што имаат болки имаат поголема предност
Ако си во тешка ситуација таа треба да ја употребиш за да учиш
Животот е Предизвик
Колку е потешко толку имаш шанса да бидеш посилен
Тоа значи дека имаш можност повеќе да напредуваш
Лугето што те малтретираат се дел од патот кој мора да го одиш
Преку нив ќе учиш да постигнеш силна контрола над чувствата
Ќе научиш Дисциплина Мир и Совршено Однесување
Но ништо не се случува одеднаш
Нашиот живот мора да биде исполнет со безброј мали подвизи
Малите подвизи се највредни чисти капки ВОДА
Капка по капка и ке потече извор во нас
Тоа е Вода на Знаењето и на Животот
 
Еден Ден Ќе Го Допреш Вистинскиот Бог Со Твоите Раце
One Day You And GOD
Едноставно ќе го Допреш
 
Иако патот до вистинското знаење е тежок
Сите други патишта се многу потешки
Ако останеш на тој пат ќе го имаш најголемото знаење на светот
Местото каде што не е присутен Светиот Бог е најстрашно
Но патот кон Светлината е Прекрасен и Возбудлив
Тоа е Вистинска Невидлива Авантура
Од сите патишта на светот одбери го она што води во живот вечен
Пеколот не е место каде што огинот беснее
Тоа е место слично на ова
Но во пеколот не се спомнува името на Семоќниот Бог
На Најсилниот Владика Небесен, оној кој владее над се
А оние што го имаат Неговото Име во себе
Запишано и врежано длабоко во духот свој и во срцето
Тие веќе се во Рајската Градина
Но и Рајот не е место каде што се ужива во бескрајни задоволства
Тоа е место каде што насекаде се повикува името на Светиот Бог
Тоа е место каде што владее Вистината
Каде што се прославува Вистината
Каде што владее Светиот Дух
Каде што владее Љубовта
Ти си Љубов ако во тебе е запишано името на Светиот Господ
Секогаш кога го спомнуваш Неговото Име
Он се вселува во тебе и го преосветува твојот дух
Секогаш кога го повикуваш ОН станува дел од тебе
На две места во Библијата БОГ вика за нас:
*** Вие сте Богови ***
Тоа значи дека ние ќе се стопиме со Бог во Љубовта
И ќе станеме едно со Него
 
Еден ден ќе знаеш како да им помогнеш на лугето вистински
Ќе ги препознаеш тие на кои им е потребна твојата помош
Кои ќе можат да прифатат вистинско знаење од тебе
Твоето искуство
Your Experience
Every Human Life Is Experience
Бог сака да бидеме силни и совршени
Но за да бидеш силен мора да ги поминеш најтешките лекции
И сето тоа учење сега ни се случува на сите нас
 
Ти си ѕвездичка што ја прави ноќта мистична
Постои време за фантазија
Време за реалност
Време за илузија
Време за светлина
Во секое време мора да делуваш совршено
Бидејќи ноќта е Фантастична и Совршена
БОГ Е ФАНТАСТИЧЕН И СОВРШЕН
 
Зборовите ќе поминат
Ќе остане само Молитвата и Славата
Ангелите на Небото постојано викаат:
** Свет си Свет си Свет си Господе **
Е тие зборови ќе останат секогаш
Сите други ќе го изгубат значењето
Бидејќи се ќе ни биде јасно
Дотогаш ќе се бориме помеѓу реалноста и фантазијата
И ќе учиме да бидеме совршени во едното и во другото
Бог ни ги открива и најголемите тајни
Само ако посакаме да ги знаеме
Но он бара навистина повеќе време да посветиме на Него
А најмалку време на погрешен живот во немир и галама
Често се прашуваме дали да ги слушаме нашите чувства или разумот
Јас чуствата ги доживувам секогаш силно
Но не им верувам никогаш
Се додека не бидат вечни и силни да ми ги стопат коските
Да се преобразам во вечна енергија и да бидам над Времето
Над силите на Светот
Над Илузијата
Илузијата е игра која го прави животот интересен
А Вистината е Огин што прави од Две Едно
И на крај се ќе биде Едно
Се ќе се стопи
Само силата на Љубовта може од Двајца да направи Едно
Јас Ти Сите Оние Што Се Надеваат На Бог И Самиот Бог
СЕ ЌЕ БИДЕ ЕДНО ВО ЉУБОВТА
 
 
 
 
 

Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB