МИР, ТОЛЕРАНЦИЈА, ВИСТИНА:
ПОЗДРАВ КОН СИТЕ ТОЧКИ ОД ТРИАГОЛНИКОТ;
ПОЧИТ КОН РЕДОТ.

До сите заинтересирани: Поздрав и Добро Здравје.

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

Буквите О.Т.О. се за Ordo Templi Orientis, Ред на Ориенталните Темплари, или Ред на Источниот Храм. О.Т.О. е Надворешен Телемитски Ред посветен кон високата цел: осигурување Слобода на Индивидуата и нејзиниот развиток во Светлина, Мудрост, Разбирање, Знаење и Сила преку Убавина, Храброст и Вештина, темелена на Универзалното Братство.

Ordo Templi Orientis е прв од големите Старо-Еонски редови кој ја прифати Книгата на Законот примена од Алистер Кроули во 1904 EV. Оваа книга прокламира Нов Еон во човечката мисла, култура и религија. Овој Нов Еон произлегува од единствена возвишена заповед: Законот на Телема, кој е Прави што ти е волја.

 Овој Закон не треба да се разбере како дозвола да се прави секоја моментна желба, ами треба да се сфати како налог за откривање на својата Вистинска Волја и за нејзино исполнување; оставајќи ги другите да го прават истото на свој единствен начин. "Секој маж и секоја жена е ѕвезда". Законот на Телема може да се исполни само преку индивидуални напори на секој поединец. Сепак, многумина аспиранти кон Големото Дело на Телема имаат природна потреба за информации, упатување, пријателство или можност да им помогнат на братските аспиранти и да му служат на човештвото. Таквите аспиранти се добредојдени во О.Т.О.

ОТО на почеток беше здружен со Европската Масонерија, но повеќе не е Масонска организација, иако споделува одредена терминологија и традиции со Масонството. Комплексниот, но и фасцинантен историјат на ОТО може да предизвика интерес, бидејќи го расветлува потеклото на нашата сегашна организација и на нашите цели.

ОТО дејствува преку локални тела, кои се присутни низ целиот свет; повеќето членови партиципираат директно во едно или повеќе од нив. Постојат три нивоа на локални тела во самиот ОТО: Кампови, Оази и Ложи, кои се разликуваат според важноста и достапноста на разните услуги. Повеќето локални тела нудат предавања за магика, ритуали, кабала и други теми на интерес за Телемитите практичари. Многу тела ја изведуваат регуларно Гностичката Миса на EGC. Другите вообичаени локални активности вклучуваат изведба на групни ритуали (на пример, Ритуалите на Елевзина), публикација на билтен или журнал и кооперативни активности со други локални алтернативни религиозни групи. За да најдеш локално тело во твоја близина види ја листата за интернационални контакти.

Доколку сакате да се зачлените во ОТО многу информации се достапни за да ви помогнат во лоцирањето и контактирањето на локалното тело како би аплицирале за иницијација. Видете ја страницата за членството за деталите. Треба јасно да се разбере дека иницијантското членство во ОТО бара физичка церемонија и дека ние не нудиме никакви формални дописни курсеви или други далечински услуги. Сепак, неформалното допишување меѓу членовите е добредојдено.

ОТО е калифорниска корпорација која се базира на донации и федерално признат религиозен ентитет ослободен од даноци под IRS член 501c(3).

Љубовта е закон, љубов под волја.

OTOfaq | Site Map Контакт | ©2006 Ordo Templi Orientis