Повеќе за „Злобница“
Mas alla de la Usurpadora

Кога заврши снимањето на серијата „Злобница“ продуцентите направија напрвија ново сценарио, во кое дејството се случува после една година од свадбата на Паулина и Карлос Даниел. Тие имаат ќеркичка која се вика Паулита. Оваа мини-серија започнува кога Паулина посетува доктор кој ќе и каже дека е тешко болна и дека и остануваат само 6 месеци живот. За тоа знае само бабата Пиедад. Паулина веднаш се впушта во потрага по следната госпоѓа Брачо, затоа што не сака да го остави сам Карлос Даниел со три деца. Се чини дека идеалната г-ѓа Брачо е Ракел, жената што работи како дадилка во куќата Брачо. Таа е лудо вљубена во Карлос Даниел и не и гајле тоа што тој е женет. Паулина не го знае тоа. Таа и кажува на Ракел дека и остануваат само уште 6 месеци живот и ја замолува да се грижи за Карлос Даниел и децата после нејзината смрт. Ракел и радосна и прави се уште да го освои Карлос Даниел, но тој ја одбива. Една вечер, Ракел става отров во виното на Паулина, затоа што не сака да чека 6 месеци за да се омажи за Карлос Даниел. Но, по грешка, Лисет го зема виното и ги меша чашите, така што отровното вино го испива Ракел. Таа е во болница каде е целото семејство Брачо. Таму, се дознава дека Паулина зела погрешни резултати и дека не е болна од тешка болест, туку дека е бремена повторно. Тогаш, Паулина и понудува пари на Ракел да си замине засекогаш од куќата Брачо. Ракел прифаќа и целото семејство Брачо живее среќно засекогаш.


Јадира Кариљо настапуваше во улогата на Ракел. Другите се познатата актерска екипа.