Воскресни Тропари

Иако со камен запечатено од Јудеите и со војници чувано твоето пречисто тело, си воскреснал по три дена Спасителу дарувајќи му живот на светот. Затоа ти пееа силите небесни Животодавче: Слава на твоето Воскресение Христе, Слава на Царството твое, Слава на твојата промисла Единствен Човекољубив. Додека Гаврил ти благовестеше: Дева радувај се, се овоплотуваше Господарот на сите, во тебе - Св Ковчег, како што рече праведниот Давид. Се покажа поширока од небесата носејќи го твојот создател. Слава на оној кој се всели во тебе, Слава на оној кој произлезе од тебе, Слава на оној кој не ослободи со твоето раѓање. Покајанието на разбојникот рајот го грабна, а плачот на мироносиците ја објави радоста дека си воскреснал Христе Боже давајќи му на светот голема милост. Сега ќе воскреснам, вели Господ, ќе се поставам во спасение и нема да изневерам. Зборовите на Господ се чисти зборови. Како Бог од гробот си воскреснал во Слава и светот си го воскреснал, затоа човечката природа те воспева како Бог и смртта изчезна. Адам ликува Владико, Ева сега од оков избавена се радува извикувајќи: ти си Христе кој на сите им даваш воскресение. Кога си слегол во смртта, животе бесмртен, тогаш си го умртвил адот со блесок на Божество, а кога умртвените од подземјето си ги воскреснал, сите сили небесни воскликнуваа: Животодавецу Христе Боже наш, Слава ти. Се е над разумно, сите твои тајни преславни Богородице. Иако во девство чувана, во чистина запечатена, се покажа како вистинска Мајка кога го роди вистинскиот Бог, него моли го да се спасат нашите души. Кога по страданијата жените дојдоа на гробот да го помажат твоето тело, Христе Боже, ги видоа Ангелите во гробот и се уплашија зашто слушнаа глас од нив дека воскреснал Господ кој му дарува на светот голема милост. Стани Господи Боже мој според повелбата со која си заповедал, и многу народ ќе се собере околу тебе. Господи Боже мој во тебе се надевав спаси ме. Си воскреснал од гробот сесилен Спасителу, и адот гледајќи го чудото се ужасна и мртвите станаа. Кога го виде делото Адам се развесели и израдува, светот Спасителу те воспева постојано. Да се веселат небесните, да се радуваат земните зашто Господ со својата сила се покажа како Господар и со смрт ја сотре смртта, првенец од мртвите постана, од утробата на адот не избави и на светот му даде голема милост. Тебе која си посредница во спасението на нашиот род те воспеваме Богородице Дева, зашто со телото што го прими од тебе Синот твој и Бог наш одкако го зеде страдањето на крстот не избави од гниење како Човекољубив. Со прекрасна појава росејќи со зборови блескавиот Ангел им велеше на Мироносиците: зашто Живиот го барате во гробот, Он стана испразнувајќи ги гробовите, неизменливиот ја измени пропаста разберете. Речете му на Бог: колку се страшни твоите дела зашто си го спасил човечкиот род. Денес воскресна од гробот Дародавецу и нас не изведе од смртните врати, денес Адам ликува а Ева се радува. Заедно пророците со патријарсите постојано ја воспеваат Божествената Сила на твојата Власт. Штом господовите ученички ја дознаа од Ангелот светлата проповед за воскресението и ја отфрлија прадедовската осуда, фалејќи им се на апостолите говореа: се уништи смртта, воскресна Христос Бог дарувајќи му на светот голема милост. Тајната сокриена од вечност, непозната и за Ангелите, преку тебе Богородице се јави на земјата. Бог овоплотен во неслеано единство доброволно заради нас го прими крстот преку кој го воскресна првосоздадениот и ги спаси од смрт нашите души. Приоѓајќи кон твоето преславно Воскресение мироносиците им проповедаа на апостолите Христе дека си воскреснал како Бог давајќи му на светот голема милост. Спасител и избавител мој од гробот како Бог ги спаси од оков земнородните и вратата на адот ја уништи и како Владика воскресна тридневен. Собезпочетно Слово на Таткото и Духот кое го роди Дева за наше спасение, да му запееме верни, и да му се поклониме, зашто доброволно со тело се искачи на крстот за да претрпи смрт и да ги воскресне мртвите со своето славно Воскресение. Радувајте се врати Господови непреодни, радувај се Карпа и Засолниште на оние кои ти приоѓаат, радувај се Тивко Пристаниште, радувај се ти која не искуси брак, но со телото го роди твојот Творец и Бог. Постојано да се молиш за оние кои и пеат и и се поклонуваат на твојата Рожба. За Ангелската појава со збунет ум за божјото Воскресение со просветените души Мироносиците им благовестија на апостолите. Воскресението објавете им го на народите, Господ прави чудеса и ни дава голема милост. Кон адот си слегол Спасител мој, скршувајќи ја вратата како сесилен, мртвите си ги воскреснал како создател, си ги воскреснал и силата на смртта си ја уништил а Адам од клетвата беше избавен, Човекољубив, затоа сите повикуваме: спаси не Господи. Од нгелската сила на твојот гроб стражарите премреа а Марија стоеше во гробот барајќи го твоето пречисто тело. Адот си го пленил не вкусувајќи од него, си ја сретнал Дева дарувајќи живот. Господи кој воскресна од мртвите Слава ти. Нарекувајќи ја твојата Мајка Благословена ти пријде доброволно кон страдање засветлувајќи на крстот. Сакајќи да го побараш Адама им рече на Ангелите: Радувајте се со мене зашто се најде изгубената драхма. Се мудро си направил, Боже наш, Слава ти. Со твојата доброволна и животворна смрт Христе, ја разруши вратата на пеколот, како Бог ни го отвори древниот Рај и одкако воскресна од мртвите си го избавил нашиот живот од гниење. Живоначалната дланка мртвите од темнина ги изведе, Животодавецот на сите кои воскреснаа Христос Бог, воскресение му подари на човечкиот род, Он е Спасител на сите, Воскресение Живот и Бог на сите. Со твојот крст ја разруши смртта, на разбојникот му го отвори Рајот, на мироносиците плачот им го промени и им нареди на апостолите да проповедаат дека си воскреснал Христе Боже, дарувајќи му на светот голема милост. Како засолниште на нашето Воскресение севоспеана, изведи ги оние кои се надеваат во тебе од јамата и длабочината на гревот изведи ги, зашто ти ги спаси одговорните за гревот раѓајќи го спасението. Пред раѓањето Дева и во раѓањето Дева и по раѓањето пак остануваш Дева. Ти кој го прими нашиот поглед и го претрпе телесно крстот, спаси не со твоето Воскресение Христе Боже, како Човекољубив. Никогаш смртната сила не може да владее со човекот. Христос слезе, ја уништи и урна нејзината сила. Запечатен е адот, пророците едносушно се радуваа, застанаа, велеа: Спасител вистински во Верата. Излезете верни во Воскресение. Од висините слезе Милосрден, и тридневно погребение прими да не ослободиш од страдањата, живот и Воскресение наше, Господи Слава ти. Ти кој за нас се роди од Дева и распнување претрпе Благи, соборувајќи ја смртта со смрт и Воскресение јави како Бог, не презирај ги тие кои си ги создал со раката твоја, покажи го твоето човекољубие Милостив, прими ја таа што те роди, Богородица која се моли за нас и спаси ги Спасител наш луѓето од очајание. Мироносиците кои престојуваа крај гробот на Животодавецот го бараа безсмртниот Господар меѓу мртвите и кога ја примија благата вест од Ангелот ги известија апостолите дека воскреснал Христос Бог давајќи му на светот голема милост. Воскреснувајќи од гробот мртвите ги подигна, Адам го воскресна, Ева ликува во твоето Воскресение, до крајот на светот се прославува заради твоето станување од мртвите, Многумилостив.



Статија Трета на Велики Петок                       
С
ите народи твоето погребение Христе, со песни го пеат. Денес Ариматеец од дрво те симна и во нов гроб те положи. Жени мироносци миро ти донесоа од се срце, Христе мој. Сите созданија дојдете, на Бог да принесеме песни жални погребални. Како мртов животот, со мироносиците со миро да го помажеме. Јосифе преблажен, погреби го телото на твојот Животодавец. Со мана Тој ги храни, тие неблагодарни, со зло се отплатија. На својот Благодател што им даде мана, оцет и жолчка му даваат. О безумство страшно на пророкоубиците, што тие Христа ни го убија. О, безумни Јудо, ти на Христа предавник - од мудроста се откажа. Јуда лицемерен, Бога го остави и пленик гревовен стана. Според Соломона, устите лажливи бездна се на безумство. Патиштата нивни, криви и безакони, опасни се и трнливи. Јосиф го погребува чесно со Никодима телото на Творецот. Жизнодавче Спасе, Слава на твојата власт, адот ти го разурна. Пречистата твоја Мајка, гледајќи те мртов, Христе, жално те плачеше. Слатка моја пролет, о премило чедо, каде е твојата убавина. Пречистата твоја Мајка мртов штом те виде, мајчински те оплакуваше. Жени мироносици дојдоа при Христа со миро да го помажат. Христе мој, со смртта смртта ја уништуваш со божествена сила. Се измами измамникот, луѓето се спасени со мудроста твоја Боже мој. Предавникот Јуда во бездната на адот гние и се измачува. Патиштата на Јуда, очајникот безумен, полни се со трња и примки. Тие што те распнаа сите ќе загинат, Сине Божји Спасе мој. Во бездната на смртта гинат во страшни маки сите твој злосторници. Слове, Сине Божји, Боже мој и творче, зошто си примил да страдаш. Дева жално плаче гледајќи те Христе тебе распнат на крстот. Телото живоносно Јосиф со Никодима денес го погребуваат. Дева жално ридаше, со болките на мајка топли солзи ронеше. Слатко мое чедо, Светлино на сонцето, како лежиш во мрачен гроб ? Мајко не ридај, страдам да ги ослободам Адама и Ева од адот. Твојата голема милост денес ја Славам, заради која страдаш. Оцет и жолчка денес Христе вкуси, да не ослободиш од зло. Ти на крст си распнат што со столб од облак народот твој го водеше. Жени мироносици на гробот ти дојдоа Спасе, да те миросаат. Стани, Жиотодавче од пеколна бездна, воскресни не нас мртвите. Тажна, твојата мајка солзи рони, плаче: воскресни Животодавче. Брзај да воскреснеш, радост да и донесеш на твојата родителка. Силите небесни многу се исплашија кога мртов те видоа. Со страв ги почитуваме твоите страданија, прости ни ги гревовите. О пречудна гледка, Слово Божјо, Сине мој, земјата да те  покрива. Некогаш со Јосиф во Египет појде, друг Јосиф те погребува. Твојата чиста Мајка те жали и оплакува тебе мртов, Спасителе. Разумот е во ужас Боже наш Створителе, кога го гледа твојот гроб. Жени миросици рано в зори со миро гробот твој го поливаат. Мир на твојата Црква, нам дај ни спасение, дај со твоето Воскресение. Троица Света Славна, Татко, Син, Дух, сиот Свет помилувај го. Дева, удостој не ние да го видиме од гроб воскреснат твојот Син. Сите народи твоето погребение Христе, со песни го пеат



Тропари со Богородични и Кондаци
Водачи на небесните војски, ние недостојните секогаш ве молиме да не заштитите со вашите молитви под покривот на крилата од вашата безтелесна Слава чувајќи не нас кои сесрдно ви се обраќаме и пееме. Од беди избавете не како војсководачи на небесните сили. Одкако се воспита во Храмот во Светињата на Светите облечена со вера и премудрост и со неизмерна девственост, војсководачот Гаврил ти го пренесе од Небото поздравот: радувај се, радувај се Благословена, радувај се Преславна Господ е со тебе. Војсководачи божји служители на Божествената Слава на Ангелите, на луѓето наставници, полезното за нас просете го како и голема милост, вие кои сте Бестелесни Војсководачи. Споменот на праведник со пофалби тебе ќе ти биде доволно сведоштво од Господ, претходнику, зашто навистина се покажа како пославен и од пророците бидејќи се удостои да го крстиш проповеданиот. Затоа откако пострада за вистината со радост им благовести на оние во адот за Бог кој се јави во тело, кој го зеде гревот од светот и ни даде голема милост. Со тебе Богородице и секогаш Дева постанавме учесници во Божествената природа зашто овоплотениот Бог си ни го родила. Затоа должност ни е сите побожно да те величаме. Пророк божји и претходник на Благодатта, твојата глава како свештена шипка од земјата ја одсекоа, исцелување да добиваме секогаш, дури и кога како порано проповедаат покајание во светот. Имајќи ја твојата заштита Пречиста, искупени од опасности со твоите молитви од секогаш чувани со крстот на твојот Син сите сме должни побожно да те величаме. Христе Боже кој доброволно се издигна на крстот подари ги твоите добрини на твојот нов народ, зарадувај го со својата сила, твојот народ кој се именува со твоето Име, давај ќи му победа над противниците да го има непобедливо твоето оружје на мирот. апостоли свети молете го милостивиот Бог да ни даде простување за гревовите на нашите души. Правило на верата и пример во кротоста, учител на воздржаноста, те покажа на твоето стадо Вистината на сите нешта, затоа со смиреност си стекнал големина, со сиромаштво богатство, татко, свештеноначалник Никола, моли го Христос Бог да се спасат нашите души. Словото на Таткото го познавме Богородице Дева, на Христа нашиот Бог кој од тебе се воплоти единствена чиста, единствена Благословена. Затоа постојано пеејќи те величаме. Цврстите и Богопознати проповедници, првите твои учении, Господи си ги примил да се насладуваат од твоите блага во мир, а болестите на другите и смртта си ги примил како секоја сепаленица, единствен кој познаваш. Во мир Светителу, си се покажал како свештенодеец, исполнувајќи го Христовото Св Евангелие си ја положил својата душа за твоите луѓе и си ги спасил невините од смрт. Заради тоа, Св Никола, си се осветил како голем чувар на Божјата Благодат. Мајка света со неискажлива светлина, почитувајќи те со Ангелски песни побожно те величаме.



Богородични Отпустителни
Гледајќи во тебе чудо над чудата созданието се радува, зашто зачна безсемено и необјасниво го роди Оној, кој Ангелските водачи не можат да го видат. Него моли го за нашите души. Пречиста Богородице Благословена на небото и славена на земјата, радувај се Невесто Неневесна. Си зачнала незапалена од огнот на Божеството и безсемено си го родила изворот на животот Господ, благодатна Богородице, спаси ги оние кои те величаат. Оној без Мајка на небото, несватливо за мислите и слухот на земјата си го родила без Татко. Него Богородице моли го за нашите души. Тебе те величаме Богородице велејќи: радувај се Облаку на светлината која не заоѓа, него го носиш во своите прегратки, Господ на Славата. Тебе те величаме Богородице пеејќи: радувај се Жезал од кој безсемено произлезе Бог и ја уништи смртта на дрвото. На убавината на твоето девство и на пресветлата твоја чистина Гаврил чудејќи се ти пееше Богородице: Не знам каква достојна пофалба да ти принесам или како да те именувам и се ужаснувам од тоа. Затоа како што ми е заповедано ќе ти пеам: радувај се Благодатна. Секој со право бега таму каде што наоѓа спас. Има ли друго такво засолниште како тебе Богородице која ги штитиш нашите души. Одкако се здобивме со крстот на твојот Син како силен жезал Богородице со него ги одбиваме непријателските напади. Со љубов постојано те величаме. Пророците предскажаа, апостолите научија, мачениците исповедаа а ние поверувавме дека навистина си Богородица. Затоа и го величаме твоето неискажливо рождество. Богородице засолниште и наша сила, силна помош на светот со милитвите твои штити ги твоите служители од секоја невоља, единствена Благословена. Зашто си повозвишена од сите созданија не можеме достојно да ти пееме Богородице, за дар те молиме, смилувај ни се. Кон Богородица сега усрдно да пријдеме ние грешни и смирени и да паднеме во покајание викајки од длабочината на душата: Владичице помогни ни милувајќи не, побрзај, пропаѓаме од множтвото гревови. Не одбивај ги попусто твоите служители зашто те имеме како единствена надеж. Тебе те величаме Богородице пеејќи ти: ти си капината во која Мојсеј го виде незапалениот пламен на Божествениот оган. Дева пренепорочна, Мајка на Христос Бог, меч ја прободе твојата света душа кога доброволно го виде распнат твојот Син и Бог. Него Благословена не престанувај да го молиш да ни дарува простување на гревовите. Те величаме Богородице пеејќи: ти си планина од која неискажливо се оддели камен и вратата на адот се сотре. Татко Словото го познаваме Богородице Дева, Христа нашиот Бог кој од тебе се воплоти единствена чиста, единствена Благословена, затоа постојано пеејќи те величаме. Со небесните Ангели, со луѓето на земјата со радосен глас Богородице ти пееме: радувај се Врата поширока од Небото, радувај се единствено Спасение за родените на земјата, радувај се Чиста благодатна која си го родила овоплотениот Бог. Од дева си засветлил на светот, Христе Боже, синовите на светлината преку неа си ги покажал, помилувај не. Својата брза заштита помош и милост покажи ги на твоите слуги и скроти ги брановите на суетните мисли. Пречиста Богородице, и мојата падната душа подигни ја зашто добро знам Дева дека можеш се што ќе посакаш. Мајка Божја сесвета, карпа на христијаните, избави ги твоите луѓе кои постојано сесрдно викаат: спротивстави им се на срамните и гордите мисли за да ти пееме: радувај се секогаш Дева. Со крстот на твојот Син Богоблагодатна секоја идолска лага е обезсилена и ѓаволската сила е поразена. Затоа ние верните по должност секогаш ти пееме и те благословуваме и исповедајќи те навистина како Богородица те величаме. Тајната непозната за Дева за светот се покажа спасоносна. Зашто од неа безсемено си се родил и со телото си се покажал како вечна радост на сите, Господи Слава ти. Гавриловиот поздрав на Дева стана почеток на спасението. Зашто слушна, радувај се, и не го избегна поздравот, не се посомнева како Сара во шаторот, туку вака говореше: еве ја Слугинката Господова, нека ми биде според зборот твој. Архангелскиот збор си го примила и си се покажала како херувимски престол и во прегратките свои си ја носела Богородице, надежта на нашите души. Надеж на светот блага Богородице, единствената твоја заштита ја молиме, сожали се на незаштитените луѓе, моли го милостивиот Бог да се избават нашите души од секаква закана единствена Благословена. Никој од оние кои ти се обратија не се врати засрамен од кај тебе Пречиста Богородице Дева, но бара Благодат и прима дар како полза од молењето. Богородице Дева моли го својот Син кој своеволно се прикова на крстот и светот од лага го ослободи, Христос нашиот Бог да ги помилува нашите души. Пред векови од Татко, без Мајка родениот Син и Слово Божјо, на крајот од годината го роди овоплотен од твојата чиста крв Богородице без маж, него моли го да ни подари простување на гревовите пред да ни дојде крајот. Света Владичице, чиста Мајка на нашиот Бог која неискажано го роди Творецот на се, моли ја со свештените апостоли неговата добрина да не избави од страданијата да ни даде простување на гревовите. Богомајко Чиста Дева ти си се удостоила со големи дарови зашто си го родила по тело едниот од Св Троица, Христа Животодавецот за спасение на нашите души. Гедеон го наговести зачнувањето и Давид го предскажа твоето раѓање Богородице зашто како дожд на руно слезе Словото во твојата утроба земјо света, безсемено си го родила спасението на светот, Христос нашиот Бог, Благодатна.

 



 

Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB