Вистински Благослов Вистинска Радост
 
Вистински Благослов за тебе и твоите најблиски е секој ден рано наутро да прочиташ дел од Божјите Зборови
На пример секој ден рано со првата светлина да ги прочиташ зборовите на Господ во Евангелие по Јован
А потоа во текот на денот да читаш молитви, и додека читаш по некој стих да го научиш на памет
Секој збор од молитвите, што ќе влезе во тебе ќе биде како капка дожд кој ќе ја наводени нивата на твојот дух
Секој збор од Зборовите на Господ, ќе биде како семе, кое ќе даде многу плод, а тоа се даровите на Св Дух

Секое гледање ТВ во текот на денот да го замениш со молитви
Секој политички разговор во текот на денот да го замениш со Љубовен Разговор за смислата на животот
Сите повишени и нервозни тонови во твојот дом, да ги замениш со Љубовни Песни, посветени на Светиот Бог
 
Тогаш ти ќе бидеш како дрво посадено покрај река кое плодот свој го дава на време
Бог ќе го благослови твојот живот
И кога ќе паднеш, Бог ќе ти даде сила и ти пак ќе станеш
И кога нема да има пат, Бог ќе ти ги отвори очите и ти ќе го најдеш патот
Кога ќе останеш без надеж, Бог ќе се најде пред тебе спремен да ги исполни твоите најинтимни желби


 

 






 

Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB