Библија, Свет Канон, Свето Писмо, Свети Книги
 

* Библијата или Светото Писмо е дел од Светото Предание на Православната Црква. Светата Црква Христова некаде во првиот век одлучи 77 книги во кои Бог се објавува на човекот да ги соедини во една книга, со цел верните христијани да се поучуваат, да ја препишуваат и да ја пренесуваат на следните генерации. Уште една причина поради која сите 77 книги се ставени во една книга на едно место е тоа што набрзо после Христовото Воскресение се појавиле многу лажни или апокрифни книги. Тоа се случило поради големата популарност на Христовата личност како и на апостолите. Се појавиле многу евангелија и многу откровенија и лесно можело да дојде до тоа некој од овие лажни книги верните да ги прифатат за вистински.

* Библијата од времето кога била составена па се до денес е најчитана, најпродавана и највеќе преведувана книга од сите книги на светот. Односно таа е преведена на сите јазици. Тоа значи дека Библијата е апсолутно најпопуларна книга на сите времиња. Таа далеку ги надминува сите други книги во светот со својата мудрост, а тоа се случи бидејќи лично Светиот Бог стои позади секој збор напишан во Библијата.

* Библијата е книга во која Бог се открива на светот

Бог ни кажува дека е  Семоќен, Свет и Совршен но дека и ние мораме да бидеме слични на Него. Господ Исус Христос ни кажува: Бидете совршени како што е совршен вашиот Татко Небесен.

* Светото Писмо низ совршени параболи или раскази ни кажува дека Бог го создаде  светот и Бог го создаде човекот. Бог го создаде човекот за човекот да му служи на својот Господар и да го прославува, за човекот да го сака Господ со сите свои сили, да му посвети голем дел од своето време, и целиот свој живот да го раководи според Божјите Зборови. Човекот е повикан да влезе во Силен Духовен и Љубовен однос со Боженственото Битие. Оваа Љубов меѓу Светиот Господ и Човекот силно може да се почуствува на Светата Богослужба во Православните Храмови. Целата Православна Уметност и сите Православни Обреди и Ритуали се Израз на Љубовта меѓу Светиот Бог и Светата Христова Заедница

* Во Библијата Бог јасно ни ја кажува смислата на животот. Зашто се раѓаме, зашто умираме, и каде ќе одиме после смртта. Смислата на нашиот живот е Љубовта. А причина за нашиот крај е Гревот и непослушноста. Нашите прародители Адам и Ева згрешија и свесно одлучија да бидат непослушни. А слично се случува и со сите луге на светот. Сите ние сме крајно непослушни и неразумни. Но Бог одлучи да го спаси светот преку својот единороден син Господ Исус Христос. Животот и учењето на Светиот Господ Исус Христос е запишан во светите книги на новиот завет.

* Библијата е напишана на јазик кој што е разбирлив за сите времиња, за сите луѓе, за најпростите но и за најучените. Расказите во Библијата се совршени бидејќи тие се лесно разбирливи за луѓе од сите времиња. За оние кои живееле пред илјадници години, за нас кои можеме да кажеме дека живееме во модерно време кога технологијата не прави зависни од разни електронски уреди и машини, но и за луѓето кои ќе живеат после нас на земјата. Денес Светата Книга се проучува со нови компјутерски техники и во неа секогаш се откриваат нови мудрости и нови значења.

* Библијата е книга во која зборовите се полни со Сила и со Дух.

Зборовите што Бог ни ги кажува на нас луѓето ја имаат силата на Светиот Дух да не воскреснат и да ни дадат живот вечен.

Кога ние ја читаме Библијата Бог се вселува во нас преку Светиот Дух.

Единствено зборовите на Господ можат целосно да го преобразат човекот, да го променат, да го воскреснат и да го направат сличен на Светиот Бог. Бог е Дух и Бог се вселува во нас кога ние со молитва и со разбирање ги примаме зборовите на Господ.

* Библијата треба секој од нас да ја има дома и зборовите на Господ треба секој ден да ги читаме, да ги повторуваме и на памет да ги научиме, бидејќи Зборовите на Господ се закон за нас лугето, закон кој не води во живот вечен.

* Учењето во Библијата, односно зборовите на Светиот Бог понекогаш се сложени и тешки за разбирање, но тоа не значи да не ја читаме Библијата. За оние работи кои се нејасни секогаш ќе се советуваме со Свештениците, Учителите и Заедницата на Православната Црвка. Најдобро е секој ден да се прочитаат неколку страни од Библијата и потоа во врска со зборовите на Господ да се советуваме со Црквата. Се препорачува секој ден да се прочитаат по неколку страни од Стариот Завет и неколку страни од Новиот Завет.
*  Библијата не е книга која еднаш се чита и потоа се остава на страна. Оваа Света Книга треба да се чита постојано и да се повторува во текот на целиот наш живот. Треба да ја читаме постојано бидејќи таа е извор на живот и ние не смееме да дозволиме овој извор да прекнине да тече во нас. Зборовите на Господ се Духовна Храна за нас Луѓето. Како што нашето тело неможе да живее без телесна храна така нашиот дух не може да живее без духовна храна. Како што лебот и водата секој ден ги земаме, така и зборовите на Господ треба секој ден да ги читаме и да ги повторуваме, бидејќи тие се неопходни за нас. Зборовите на Светиот Господ се вистинска храна за Духот на Човекот. Храна која дава Живот Вечен.

Но за жал Светот секој ден се повеќе се одалечува од вистината и се повеќе запаѓа во илузија дека може самиот да си живее без Божјите Зборови, Закони и Совети. Светот се повеќе и кажува не на Библијата а последиците од таквата состојба се катастрофални и тие се гледаат насекаде околу нас. Без Божјите зборови човекот станува насилник и убиец.

* Библијата има 77 книги од кои 50 се Стариот Завет и 27 се Новиот Завет

Во стариот завет е опишан животот на Адам и Ева, Ное, Јов, Авраам, Исак, Јаков, Мојсеј, Давид, Соломон, Пророците како и други личности.

* Стариот Завет претставува завет на Бог со народот Израилев дека ако ги исполнува заповедите Божји ќе биде народ благословен и дека од тој народ ќе се роди Спасител на Светот, кој ќе биде вечен Цар, и Неговото Царство не ќе има крај.

А Новиот Завет е Завет на нашиот Спасител Господ Исус Христос дека секој што верува во него ќе живее вечно. Секој што верува дека Господ Исус Христос е вистински Син на Вистинскиот Бог, Секој што верува дека Исус Христос е Вистински Бог нема да умре но ќе има живот вечен.

Како знак на Стариот Завет беше пролеана крвта на животните.

А знак на Новиот Завет е крвта и животот на Господ Исус Христос.

Господ Исус Христос откако го даде својот живот не остана меѓу мртвите но по три дена Воскресна

Секој што верува во него, нема да умре, но ќе воскресне за Живот Вечен
 
† Кратка Содржина на Светата Библија

* Во почетокот Бог го создаде светот и човекот за шест дена, а во седмиот ден (Сабота) Бог се одмори. Бог го благослови седмиот ден и го освети. Адам и Ева во Рајската Градина не беа послушни деца. Тие наместо Бог повеќе им се допадна да ја слушаат змијата, а тоа е ѓаволот. Затоа Бог им кажа дека нема да живеат вечно и дека ќе ја почуствуваат смртта. Но Бог им даде надеж дека еден од потомците на Ева ќе ја згази главата на змијата, тоа е Синот Божји, Господ Исус Христос.
Првите луѓе на земјата живееа по илјада години. Но тие не беа добри. Се спомнува единствено Енох кој одеше по патот Господов, и за него пишува дека беше одземен. Единствено за Енох, покасно пророк Илија, и Господ Христос се кажува дека не останаа под земјата, но веднаш се преселија на Небесата.

Во времето на Ное луѓето беа крајно перверзни и непослушни и затоа Бог одлучи да ја потопи целата земја и да го унишни целиот живот, со исклучок на Ное, неговите синови и нивните жени. Покасно Бог му се јавува на еден од потомците на Ное, тоа е Авраам. Бог прави завет со Авраам дека неговото потомство ќе го намножи како песокот на земјата. Сите што покасно ќе поверуваат во Господ Исус Христос се Духовни деца на Авраам. Авраам го раѓа Исак. Исак го раѓа Јаков. Бог му дава уште едно име на Јаков, а тоа е Израел, што значи Богоборец, бидејќи се бореше лице во лице со Бог со цел да добие Духовен Благослов. Сите ние сме слични на Израил во нашата Духовна Борба кога со сите сили бараме Благослов од Бог за Он да не исполни со Даровите на Светиот Дух кој дава Живот Вечен. Израел е татко на дванаесет синови кој ќе бидат татковци на дванаесет племиња. Овие дванаесет племиња го претставуваат Израелскиот Народ.

Сите овие настани во врска со потомството на Авраам се детално опишани во книгите на Стариот Завет бидејќи од овој Израелски народ ќе се роди Спасителот на Светот. Тоа е Господ Исус Христос. Он ќе ја згази главата на змијата и Он ќе ни ја отвори вратата кон Рајската Градина и Царството Небесно каде ќе имаме Живот Вечен.

Синовите на Израел ќе бидат 400 години во Египет, каде што многу ќе се размножат и на крај Фараонот ќе почне да ги измачува и да ги убива на најтешките работи места. Но Бог го праќа Мојсеј да ги ослободи од Египетското робство.

Како што Мојсеј го ослободува Израилот од Египетското Робство, така Христос преку верата во Него и преку Светите Тајни на Новиот Завет сите нас не ослободува од робството на Гревот и Смртта.

Бог ќе прати Ангел да направи помор, страшна смрт во Египет. Израилците со крвта од жртвеното јагње ги прскаат своите домови. Крвта е знак за Ангелот да ја одмине таа куќа и никого да не повреди. Слично е и денес кога ние со телото и крвта на Господ Исус Христос кое ни се дава во недела на Евхаристија се ослободуваме од Духовната Смрт и влегуваме во Царството Божјо каде Смртта нема да има власт.
Неговата крв е пролеана за ние да имаме живот вечен. Он беше казнет со Смрт наместо ние да бидеме казнети. Сето тоа се случи точно пред 2000 години.

Мојсеј е многу битна личност во историјата бидејќи тој разговараше со Бог како човек што разговара со пријател.
Преку Мојсеј Бог им ги дава десетте најголеми заповеди на Израелците. Исто така преку Мојсеј Бог ја поставува основата на Старозаветната Богослужба. Оваа Богослужба го претставува доаѓањето на Господ Исус Христос. Господ Исус е Жртвеното Јагње кое во Старозаветниот Храм се жртвуваше за простување на гревовите на Израелците. Сите старозаветни жртви ја претставуваат жртвата на Господ Христос, кој ќе биде убиен.
Синот Божји се роди од Девојка, на чудесен и неразбирлив начин за нас луѓето. Три години ја проповедаше радосната вест за Царството Небесно и ослободувањето од смртта, направи безброј чуда, исцелуваше болни, нахрануваше гладни и воскреснуваше мртви. На тогашните свештеници не им се допаѓаше Боженстената Наука и затоа неправедно го прогласија за Богохулник и го убиа.
Христос, окован на Светиот Крст целиот свет ќе го привлече при себе, и секој кој ќе погледне во неговото лице со Вера и Љубов ќе биде спасен од силата на Пеколот. Секој кој ќе погледне на Христос ќе биде исполнет со силата на Светиот Дух, која ќе ни помогне да ги исполнуваме заповедите на Светиот Бог, и на крај, во последниот ден ќе биде одземен од земјата и пренесен во Вечното Небесно Царство кое Бог го припреми за оние кои со својот живот ќе го прослават Богочовекот Христос.

Телото на Христос три дена се наоѓаше мртво во Светиот Гроб. Овој настан беше симболично претскажан во книгата за Јона, кој беше три дена во утробата на една голема риба, слично на Христос кој беше три дена под земјата.

Третиот ден рано во зората Господ Исус Христос Воскресна, Христос ја победи смртта со што на целиот свет му покажа дека е вистински Бог и дека само преку него можеме да се спасиме од незнаењето и да имаме Живот Вечен, Живот во Изобилство. Тоа е најголемиот празник во Православната Црква, Велигден, Пасха, или Христово Воскресение. На овој ден секоја година во Ерусалим на Светиот Христов Гроб се симнува Светиот Дух во вид на Огин. Верните ги палат своите свеќи од овој Чудесен Огин кој е Боженсвтвен знак од Небото дека Православната Црква е единствен носител и вечен чувар на Вистината
После своето Свето Восресение 40 денови Христос се јавуваше на своите ученици, ги поучуваше и им заповеда да ја проповедаат радосната вест во Целиот Свет во сите краишта на земјата.
Во 40-от ден Господ се вознесе на небото и се врати при својот Татко Небесен. Тоа е празникот Свето Вознесение Христово, или Свети Спас.
После 10 дена, Господ им го прати Светиот Дух на неговите ученици. Тоа е големиот празник Педесетница, Духовден. Тие преку Светиот Дух беа облечени во Боженсвена Сила и Вистина, и потоа бестрашно ја проповедаа радосната вест на сите луѓе во светот. Христовата Зедница на верни денес активно живее и работи, тоа се членовите на Светата Православна Црква.
*** Зашто Синот Божји, Господ Исус Христос се Симна од Небесната Слава, зема човечко тело и се понизи до Смрт ?
За да ни покаже дека Бог не е далечен, не е некаков Деспот кој си игра со нас луѓето од Небесните Височини, дека сочуствува со нас, но пред се Бог сакаше ние да го почустуваме, да јадеме и да пиеме со него, да го допреме. Св Јован ја ослони својата глава на Градите на Господ Исус Христос. Бог во Лицето на Господ Христос ги зема сите наши слабости, болки, искушенија и се понизува да биде убиен на крст како најголем злосторник. Тоа е најголемата тајна на Целиот Свет. Бог кој го создаде светот беше окован, убиен и ставен во гроб. Но божјата премудрост одлучи на таков начин да го привлече целиот свет при себе, да го спаси, на крај да го Воскресне и да го земе при себе во вечните живеалишта заедно со Ангелите, за сите заедно да го прославуваме и да го Воспеваме во сите векови.

 

Кликни да се вратиш назад на првата страница со линкови за овој WEB